Забава
Кан: Џиновски автобус и деветминутни овации на премиерата на „Француска газета“
Имаше толку многу филмски sвезди на премиерата на French Dispatch („Француска газета“) на фестивалот во Кан во понеделникот вечерта, што атмосферата речиси наликуваше на таа пред пандемијата.
Улиците во близина на главната филмска сала „Пале“ беа затворени. Луѓето врескаа. А Тимоти Шаламе, во сребрен костум, се проби во јулската горештина за да потпишува автограми и да прави селфи со фановите.
Два часа подоцна, филмот заработи една од најголемите овации досега на 74. издание на Канскиот филмски фестивал. Аплаузите продолжија девет минути за присуство на режисерот Вес Андерсон и неговата екипа, Бил Мареј, Овен Вилсон, Тилда Свинтон, Адриен Броди, Стивен Парк, Бенисио Дел Торо и Тимоти Шаламе.
Но, еден член на актерскиот тим не можеше да допатува за премиерата. Француската актерка Леа Седу беше отсутна таа вечер, бидејќи е во карантин во Париз по позитивниот тест за Ковид-19.
Како што започна ноќта, имаше знаци дека ова нема да биде обична премиера во Кан. Наместо црна лимузина, екипата – заедно со композиторот Александер Десплат – пристигна во џиновски златен автобус за забави, придружуван од француски полициски мотоцикли.
Откако режисерот Андерсон влезе во салата, публиката го пречека со занесени овации. Актерите Шаламе и Свинтон се држеа за раце одејќи по патеката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пет хороскопски знаци во кои се родени најуспешните луѓе
Сите барем еднаш сме се запрашале дали постои некоја тајна формула која одредува кој ќе блесне на врвот. Па, можеби тоа е астрологија. Во овие хороскопски знаци се родени најуспешните луѓе.
Лав
Лавовите не само што владеат со џунглата, тие се и владетели на успехот. Нивната посебна харизма, самодовербата и неверојатната способност да привлекуваат внимание се клучни фактори за нивниот успех. Лавовите се родени лидери, подготвени да преземат иницијатива и да водат на секое поле.
Вага
Хармонијата, рамнотежата и елеганцијата се заштитен знак на Вагата. Нивната уметничка страна и способноста да се гледаат работите од повеќе перспективи ги прави идеални за деловни преговори и носење на тешки одлуки. Вагите имаат тенденција да заземаат дипломатски пристап, што им помага да изградат силни и одржливи односи во деловниот свет.
Стрелец
Стрелците се авантуристички духови со ненаситна желба за истражување. Нивната страст за авантура и нови искуства често ги носи до неверојатни височини во нивните кариери. Со отворен ум и оптимистички став, Стрелците не се плашат да ризикуваат и да истражуваат нови можности што им се нудат.
Јарец
Кога станува збор за упорност и амбиција, тешко е да ги победите Јарците. Нивната способност да поставуваат цели и постојано да работат за да ги постигнат ги прави вистински ѕвезди во деловниот свет. Јарците се дисциплинирани, трпеливи и подготвени да преземат одговорност за своите постапки, што ги прави одлични лидери и претприемачи.
Близнаци
Енергијата, љубопитноста и брилијантната комуникација ги прават Близнаците вистински магнет за успех. Нивната способност за брзо прилагодување и нивната способност да се поврзат со различни луѓе ги прават идеални за динамични и променливи работни средини. Близнаците се подготвени да експериментираат и да се прилагодуваат на новите ситуации, што им помага да се истакнат во кариерата.
Забава
Состојбата на обложувалниците на ден пред финалето на Евровизија: скок на Израел
Состојбата во обложувалниците на Евровизија е многу променета откако се познати сите земји кои настапија во полуфиналето и финалистите на овогодинешното натпреварување. Бејби Лазања се уште е прва во обложувалниците, иако неговите шанси за победа се малку намалени. Сега евровизиските обложувалници му даваат 40% шанса да победи.
Голема промена се случи на второт место на обложувалниците пишуваат медиумите во регионот. Израелката Еден Голан скокна на второто место и обложувалниците и даваат 17% шанса за победа. Израел пред второто полуфинале беше на осмото место на обложувалниците, по прогласувањето на финалистите скокна на четвртото место, а до утрово стигна и на второто место.
Швајцарија падна од второто на третото место. Процентот почна да се намалува по настапот во полуфиналето и Немо сега има 13% шанси за победа според обложувалниците. Украинките беа на четврто место со 6%, а Ирска на петто со 5%.
Во првите 10 според букмејкерите се и Франција, Италија, Холандија, Грција и Финска.
Забава
(Видео) Евровизиските фанови се лути што една земја не се пласираше во финалето: „Шок, ова е ремек дело“
Втората полуфинална вечер на Евровизија не помина без изненадувања. Иако многумина очекуваа пласман на белгискиот претставник во финалето, тоа не се случи. Мустии со песната Before The Party’s Over неочекувано беше елиминиран во полуфиналето, што налути многу евровизиски фанови.
Под видеото од неговиот настап од полуфиналето има речиси исти коментари – овој настап заслужи да оди во финалето.
„Лут сум затоа што Белгија не се пласираше во финалето“, „Ова е најголемата измама на Евровизија“, „Што не е во ред со Евровизија? Ова беше во топ 5 песни оваа година а не помина во полуфинале. Голема почит за Мустии и Белгија за ова ремек дело, продолжуваме да го слушаме“, „Не ми е гајле за резултатот, ова е мојот победник“, „Шокиран сум“, се дел од коментарите.
Според вчерашните обложувалници, кои превидуваа кои земји се пласираа во финалето, Белгија беше на осмото место. Исто така, пред неколку дена, кога Бејби Лазања имаше 34% шанси за победа, Мустии беше на 12-тото место во обложувалниците. Под него беа Норвешка, Финска, Грузија, Шведска, Австрија… Сите тие земји се пласираа во финалето.