Забава
Кајли Џенер, конечно, призна дека направила пластична операција
По долгогодишно негирање, Кајли Џенер, конечно, призна нешто во што фановите долго време се сомневаа.
Најмладата членка на кланот Кардашјан проговори за пластичната операција што ја направила, но не станува збор за нејзиното лице.
Во најновата епизода од реалното шоу „Кардашјанс“, 25-годишната манекенка и успешна деловна жена призна дека пред неколку години ги зголемила градите. Таа рече дека се оперирала непосредно пред да забремени со своето прво дете.
„Ги зголемив градите пред Сторми… Не мислев дека на 20 ќе имам дете. Имав убави гради. Природни. Едноставно, прекрасни. Совршена големина, совршено сè“, рече таа.
Кајли објасни зошто подоцна зажалила за пластичните операции.
„Само посакувам никогаш да не ги зголемив. На сите што размислуваат за тоа би им препорачала да почекаат и, доколку навистина сакаат, да го сторат тоа дури откако ќе имаат деца“, призна таа.

Кајли ја роди Сторми во 2018 година, а второто дете, синот Ери, во февруари оваа година.
Во минатото таа тврдеше дека нејзините поголеми гради се резултат на оној период од месецот или на пушап-градници.
Во претходната епизода од последната сезона таа објасни дека многу се шпекулира оти направила пластична операција на лицето. Тогаш призна дека ги зголемила усните, но тоа беше тоа.
Зборувајќи со својата сестра Клои, Кајли рече дека луѓето често правеле претпоставки во однос на нејзината самодоверба, кои, едноставно, не се точни.

„Се сеќавам дека бев најсигурното дете во просторијата. Секогаш се сакав себеси. Сè уште се сакам себеси и една од најголемите заблуди за мене е дека сум бил несигурно дете и дека сум правела многу операции за да го сменам целото лице, што е лага, ставам само филери“.
Во текот на истата епизода таа сподели како сестрите секогаш ја задеваат за нејзините уши.
Кајли рече дека шегите и коментарите на нејзините сестри направиле да се чувствува толку непријатно што цели пет години и на ниту еден црвен тепих не ја носела косата собрана во пунџа.
„Потоа ја добив Сторми, а таа ги има моите уши, и сфатив колку ги сакам и мислам дека ќерка ми е најубавото нешто досега. Сега носам подигната коса на секој настан на црвениот тепих“, откри таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вештачки генерирана снимка со Бред Пит и Том Круз предизвика паника и бес во Холивуд
Кинеската компанија „Бајтденс“, сопственик на „ТикТок“, најави дека ќе ги заостри правилата за својата нова алатка за вештачка интелигенција откако корисници почнаа да создаваат пародии на холивудски акциски сцени.
Капката што ја прели чашата беше видео-клип генериран со алатката „Сиденс 2.0“ (Seedance 2.0), кој викендов стана вирален само неколку часа по лансирањето. Во видеото е прикажана сцена на тепачка меѓу ликови што наликуваат на Том Круз и Бред Пит на врв на облакодер.
Во видеото, ликот на Бред Пит вика: „Ти го уби Џефри Епстин, животно. Тој беше добар човек!“ На тоа ликот на Том Круз одговара: „Знаеше премногу за нашите операции во Русија. Мораше да умре – а сега ќе умреш и ти“, пред да го собори Пит на земја, пренесува „Индекс“.
This video of Brad Pitt fighting Tom Cruise and angry about killing Epstein looks completely real. It’s not. It’s AI. ByteDance’s Seedance 2.0 generates this in minutes. Think about what this means for the next election. pic.twitter.com/3FKnpfLtv9
— Alex Grankin (@grankin) February 11, 2026
Бес во Холивуд
Видеото, кое било создадено со едноставно внесување кратка текстуална наредба во алатката, заедно со други содржини – вклучувајќи и преработки на ликови од Дизни и други анимирани франшизи – предизвика бес во Холивуд.
„Дизни“, според „Би-Би-Си“, уште во петокот испратил барање до Бајтденс за прекин на наводно незаконските активности, обвинувајќи ја компанијата дека „Сиденс 2.0“ е снабден со „пиратска библиотека“ на заштитени ликови, вклучувајќи суперхерои од Марвел и франшизата „Војна на ѕвездите“.
„Кинескиот ВИ-сервис „Сиденс 2.0“ се впушти во масовно и неовластено користење на американски дела заштитени со авторски права“, стои во изјавата на Чарлс Ривкиен, претседател на Здружението на филмски студија (Motion Picture Association), кое ги застапува големите продуцентски куќи.
Someone made a video of the entire Marvel universe fighting Tanos’s army in in Seedance 2.0. 🔥
Hollywoods days are numbered pic.twitter.com/KnhQd8GtAe
— Steven (@StevenWallaby) February 14, 2026
„Со лансирањето на услугата без значајни заштитни мерки против кршење на авторските права, Бајтденс го игнорира воспоставениот закон за авторски права што ги штити креаторите и поддржува милиони работни места во САД. „Бајтденс“ треба веднаш да ги прекине активностите што ги кршат авторските права“, се додава во соопштението.
Од Синдикатот на филмски актери (Screen Actors Guild) порачаа дека „Сиденс 2.0“ ги игнорира „законот, етиката, индустриските стандарди и основните принципи на согласност“. „Прекршувањата вклучуваат неовластено користење на гласовите и ликовите на нашите членови“, додаде синдикатот. „Тоа е неприфатливо и ја поткопува можноста човечките таленти да заработуваат за живот.“
marvel its over!
Wolverine vs Thanos (Seedance 2.0) pic.twitter.com/Ym3enAMlVm— anand mekala (@athianandam) February 13, 2026
За контроверзната алатка
„Сиденс 2.0“ сè уште не е интегрирана на ТикТок на начин на кој „Грок“ е интегриран во платформата „Икс“. Достапна е преку други платформи управувани од „Бајтденс“, како „Дуобао“ и „Дримина.
„Бајтденс“ е кинеска компанија со седиште во Пекинг, а американските законодавци ја принудија да го пренесе американското работење во заедничка подружница со кинеско и американско сопствеништво.
Комбинацијата од напредокот на вештачката интелигенција и распространетоста на социјалните мрежи ги затекна регулаторите и владите неподготвени, особено во правни системи кои стравуваат од обвинувања за нарушување на слободата на говорот. Јапонски претставници исто така изразија загриженост поради наглата појава на кратки акциски манга-филмови генерирани со ВИ на социјалните мрежи.
При лансирањето на „Сиденс 2.0“ , Бајтденс се пофали со способноста на алатката да создава сложени сцени со движење. Сепак, сега се чини дека компанијата сфаќа дека можеби отишла предалеку.
„Ги слушнавме загриженостите во врска со „Сиденс 2.0“ , изјави портпарол на компанијата. „Преземаме чекори за зајакнување на постојните заштитни мерки додека работиме на спречување неовластено користење на интелектуалната сопственост и ликовите од страна на корисниците.“
Hitech
ИТ-секторот пред пресврт: Вештачката интелигенција ќе замени половина од софтверот
Повеќе од половина од постоечкиот деловен софтвер би можел да биде заменет со вештачка интелигенција (ВИ), изјави Артур Менш, директор и основач на компанијата „Мистрал АИ“.
Неговите коментари доаѓаат во време на растечка загриженост кај инвеститорите за иднината на софтверските компании, чии акции во последните месеци бележат пад, објави „Си-Ен-Би-Си“.
Стравувањата дека вештачката интелигенција може да ги преземе функциите на постоечките деловни програми веќе доведоа до распродажба на акции на големи софтверски компании.
Инвеститорите се сè позагрижени дека ВИ може да ги извршува задачите за кои денес се користи деловен софтвер, што би можело да ги загрози бизнис-моделите засновани на софтвер како услуга (СааС).
Вредноста на фондот „Ајшерс експендед тех – софрвер сектор“, кој ги вклучува компании како „Мајкрософт“ и „Сејлсфорс“, паднала за повеќе од 20 проценти годинава. Пад бележат и акциите на големите индиски софтверски компании како „Тата Консултанси Сервисис“ и „Инфосис“.
„Проценувам дека повеќе од половина од она што ИТ-секторот моментално го набавува во форма на СааС ќе премине на вештачка интелигенција“, изјави Менш на маргините на самитот „АИ Импакт“ во Њу Делхи. „Вештачката интелигенција ни овозможува да развиваме софтвер со брзина на светлината“, додаде тој.
Менш објасни дека компаниите, со „соодветна инфраструктура“, можат да ги поврзат своите податоци со ВИ-системи и да создадат апликации за специфични деловни задачи.
„Кај нашите клиенти гледаме дека за само неколку дена можеме да создадеме целосно прилагодени апликации за управување со работни процеси, на пример за набавка или синџири на снабдување. Пред пет години за тоа ви беше потребен специјализиран СааС“, истакна тој.
Според него, во тек е „промена на платформите“, при што компаниите се насочуваат кон користење ВИ наместо постојните СааС-решенија.
„За нас тоа е голема можност, бидејќи повеќе од 100 деловни клиенти веќе ни се јавија со желба да го редизајнираат својот ИТ-систем. Сакаат да се ослободат од решенија купени пред 20 години, кои стануваат прескапи“, рече Менш. „Тие ја гледаат вештачката интелигенција како начин системот да стане поефикасен и поевтин.“
Сепак, Менш нагласи дека софтверот наменет за системи за складирање податоци „нема да се промени“, бидејќи тој е одговорен за податоците во организацијата и често функционира во соработка со ВИ.
Слично мислење има и Бипул Синха, директор на компанијата „Рубрик“, кој за „Си-Ен-Би-Си“ изјави дека „софтверот за работни процеси“ може да биде значително нарушен од ВИ, но дека софтверот за податочна инфраструктура што ја овозможува ВИ ќе има корист.
Менш потврди дека компанијата оваа година планира да отвори прва канцеларија во Индија, со што влегува на пазар каде што за удел се натпреваруваат сите глобални технолошки гиганти.
Мистрал веќе соработува со меѓународни компании присутни во Индија, а сега активно бара клиенти со седиште во земјата, и во јавниот и во приватниот сектор.
За разлика од Европа, каде што гради сопствени центри за податоци, во Индија компанијата ќе воспостави партнерства со фирми кои веќе имаат физичка инфраструктура.
Индиската влада го поттикнува развојот на ВИ-модели што можат да работат локално, со податоци складирани во рамки на земјата. Големите јазични модели на „Мистрал“ веќе поддржуваат повеќе индиски јазици, меѓу кои хинди и панџаби.
„Тоа е нешто што долгорочно ќе биде исклучително важно за индискиот потрошувачки пазар“, заклучи Менш.
Забава
(Видео) Мартија со нова песна „Не барај ги ангелите“
Мартија ја објави својата нова песна и видео запис „Не барај ги ангелите“. Станува збор за емотивна балада за која пејачката истакнува дека е нејзината најлична песна досега. Истата ќе биде дел од нејзиниот прв студиски албум на кој работи во изминатиот период.
Музиката и продукцијата се на Дарко Димитров, аранжманот на Роберт Билбилов, додека текстот е на Робин Зимбаков.
Стајлингот за видео записот е реализиран во соработка со Љупка Митрова и Mitroff.
Видео записот е во продукција на Sustain Production, во режија на Даниел Јовески и е достапен на нејзиниот официјален YouTube канал:

