Забава
Квентин Тарантино не ѝ дава пари на мајката дека ги исмевала неговите писателски амбиции
Иако 58-годишниот писател и режисер сега е една од најголемите ѕвезди на Холивуд, тој сè уште е огорчен дека неговата мајка Кони – која следниот месец ќе полни 75 години – не ги поддржала неговите сништа да стане писател.
Квентин имал 12 години кога се заколнал дека никогаш нема да го сподели своето богатство со неа.
Говорејќи во поткастот The Moment, чиј домаќин е кокреаторот на Billions, Брајан Копелман, Тарантино се сети дека мајка му застанала на страната на неговите наставници, откако упаднал во неволја поради пишување сценарија во училиште.
„Престани да пишуваш глупости. Оваа твоја мала кариера на писател, ова ‘срање’ завршува тука“, му рекла таа.
„Кога ми го рече тоа на таков саркастичен начин, јас ѝ одговорив: Добро, госпоѓо, кога ќе станам успешен писател, никогаш нема да видиш ниту пени од мојот успех. Нема да има куќа за тебе. Нема одмор, нема ‘кадилак’ за мама. Не добиваш ништо. Затоа што го кажа тоа.“
На прашањето дали се држи до тој завет, Квентин рече: „Да. Ѝ помогнав околу еден застој во управата за приходи. Но, нема куќа. Нема кадилак…“
„Постојат последици од вашите зборови и од тоа како постапувате со вашите деца. Запомнете дека има последици од вашиот саркастичен тон за она што е значајно за нив.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,