Контакт

Забава

Кевин Костнер засрамен од однесувањето на отуѓената сопруга

Објавено пред

Кевин Костнер бил прилично изненаден кога неговата отуѓена сопруга Кристин заминала на одмор со негов пријател среде бракоразводна постапка, дознава „Радар онлајн“.

dobivaj vesti na viber

Откако се избори за привремена алиментација од 130.000 долари месечно, Кристин Баумгартнер, наскоро поранешна сопруга на холивудскиот актер, отиде на Хаваи со семејниот пријател финансиер Џош Конор.

Според извори запознаени со ситуацијата, ѕвездата на „Јелоустоун“ бил вчудоневиден кога дознал што прави Кристин со еден од неговите најблиски пријатели.

Дизајнерката на чанти, наводно, успеала да го разбесни Кевин со тоа што отишла на одмор во луксузно одморалиште на хавајските острови. „Мачно му е од сето ова. Не знае што да мисли или кому да верува,“ открива друг извор за „Ин-тач викли“.

Дизајнерката и актерот неодамна објавија дека се разведуваат по 18 години брак. Имаат три деца: Кејден (16), Хејс (14) и Грејс (13). Кристин го поднсе барањето, а како причина ги наведе „непомирливите разлики“.

Разделбата веднаш стана комплицирана. Кевин (68) ја обвини Кристин (49)  дека ги прекршила условите од нивниот предбрачен договор со тоа што одбива да се исели од неговата куќа во Санта Барбара, вредна 145 милиони долари.

Неколку дена откако судијата нареди Кевин да ѝ плаќа на Кристин  130.000 долари месечна алиментација (1,56 милиони долари годишно) за нивните деца, таа беше фотографирана како го впива сонцето во друштво на Џош.

„Мислам дека тој никогаш не бил толку засрамен,“ рече друг извор, кој открива како се чувствувал Кевин откако ги видел фотографиите на Кристин со Џош.

„Таа му покажува на Кевин дека може да отиде на Хаваи со неговиот главен човек и да се забавува најдобро што може. Таа инсистира дека не бара романса со Џош, но на Кевин му испрати силна порака дека има многу поголема поддршка од нивната група пријатели отколку што тој мисли,“ вели изворот.

Се чини дека потегот е еден вид одмазда за победата што ја извојува Кевин во врска со нивниот предбрачен договор. Имено, судијата нареди таа да ја напушти куќата најдоцна до 31 јули. Камионите за селидба првпат биле забележани четири дена пред истекот на рокот.

Hitech

WhatsApp добива уште една промена

Објавено пред

Многу труд се вложи за подобрување на WhatsApp статусите во изминатите неколку месеци.

dobivaj vesti na viber

Во последниот обид да се подобри оваа функција, апликацијата сега го подобрува начинот на рангирање на статусите.

Според WABetaInfo, ажурирањата на статусот наскоро ќе биде подредена врз основа на популарноста и важноста на контактите.

Поточно, поголема е веројатноста да видите нови Статуси од луѓе со кои разговарате често и неодамна, оние кои се онлајн и Статуси што ќе истечат.

Ова ажурирање носи и други суптилни промени. Како прво, временските ознаки на ажурирањата на статусот најверојатно ќе исчезнат, а важните контакти може да се разликуваат помеѓу уредите бидејќи овие податоци за приоритизација се зачувани на уредот, а не на серверите на WhatsApp.

Генерално, оваа промена не треба да влијае на корисниците кои ги гледаат сите Статуси одеднаш, додека треба да го поедностави искуството за оние кои разговараат само со неколку луѓе истовремено.

Ажурирањето моментално е достапно за бета-тестерите, а не е познато кога ќе биде објавено на глобално ниво.

Прикажи повеќе...

Забава

Сара е новата мис Алабама: доби многу критики, па порача дека човекот е повеќе од тело

Објавено пред

23-годишната Сара Миликен е прогласена за мис Алабама 2024. Оваа година таа ќе се натпреварува со другите избрани за мис од американските држави на изборот за мис Америка.

dobivaj vesti na viber

„Голема чест е да се претставам како ваша национална, американска мис Алабама 2024 година. Ова е сон што го сонував во последните осум години. Не можам да верувам дека добив шанса да го живеам“, напиша таа на „Инстаграм“.

„Не мислев дека е можно плус сајз модел од толку мал град да победи, но работев на тоа секој ден. Немаше ден кога не ги вежбав своите говори или не презентирав пред жирито“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Milliken (@thenamalmiss)

Која е Сара Миликен?

Сара е плус сајз модел од Атмор, Алабама. Таа се натпреваруваше двапати пред да ја освои титулата. Таа е исто така водител на поткастот Girls Gotta Glow и застапник за ментално здравје.

По победата, луѓето на социјалните мрежи ја критикуваа за нејзиниот изглед. Критиката вклучуваше коментар од американски ветеран, кој тврди дека „изборите за убавина се претворија во натпревари за ментално здравје“.

„Натпреварувачка со прекумерна тежина беше крунисана за мис Алабама, а маж беше избран за мис Мериленд. Овие одлуки испраќаат погрешна порака до децата и придонесуваат за култура на нездраво живеење. Треба да ги учиме нашите деца за важноста на здравјето“, напишал тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Milliken (@thenamalmiss)

Сара реши да одговори на тој и на слични коментари

„Неодамна бев цел на огромна количина онлајн-омраза и малтретирање. Искрено, не ме засега толку многу што мислат луѓето. Нештата што се кажани за мене се навистина одвратни и не можам да разберам како луѓето мислат дека е во ред да кажуваат такви работи. Би можела да се скријам, да се откажам од титулата… Но, наместо тоа, велам – погледнете ме. Гледајте ме како ѝ служам на мојата заедница. Гледајте како давам сè од себе во подготовките за националниот шампионат. Гледајте како продолжувам да истурам позитивна енергија на социјалните мрежи. Гледајте како ја постигнувам секоја цел што си ја поставив. Гледајте како му покажувам на секој хејтер зошто една плус сајз жена може и треба да ја освои титулата“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Milliken (@thenamalmiss)

Таа вели дека човекот е повеќе од тело.

„Гледајте како ѝ покажувам на 15-годишната Сара како да ја држи главата високо и гордо да владее – без разлика што велат хејтерите“, додава таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara Milliken (@thenamalmiss)

Таа исто така зборуваше за тоа во една ТВ-емисија.

„Знаете, дури и кога ќе напишете нешто на интернет, тоа може да остави траен впечаток на луѓето за кои е наменет. Тие зборови може да повредат. Отсекогаш сум сакала да ширам позитивност“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Забава

Дејвид Бекам фотографиран со својата 12-годишна ќерка

Објавено пред

Фудбалерот минатиот викенд беше фотографиран на фудбалски натпревар во Форт Лодердејл, Флорида, со својата 12-годишна ќерка Харпер.

dobivaj vesti na viber

Познатиот фудбалер е снимен како ја гушка ќерка си и ѝ праќа бакнежи, но обожавателите коментираат дека неговото однесување не е соодветно и дека мора да сфати дека ќерка му расте.

„Бекам треба да разбере дека ќерка му расте брзо. Тој не може да ја прегрне на ист начин како кога имала 5 години“, „Таа изгледа како да има 18 години, што го прави сето тоа тотално несоодветно“, се некои од коментарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Силјановска Давкова ќе стави потпис на законот со кој ќе добиеме 4 нови министерства

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе го потпише указот на Законот за организација и работа на органите на државната управа оти...

Македонија7 часа

Инцидент во Кичево: родител на ученик кој бил отстранет од матурскиот испит оти криел телефон ги нападнал набљудувачките

Инцидент во Кичево при полагање на вториот предмет од државната матура. Родител на ученик кој бил отстранет од испитот заради...

Македонија10 часа

Изгаснат е пожарот во Ново Лисиче, се запалила автомеханичарска работилница

Изгаснат е пожарот во Ново Лисиче. Командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски, за „Макфкакс“ вели дека се запалила автомеханичарска работилница....

Македонија12 часа

Македонија пред силен топлотен удар, УХМР издаде предупредување

Поради повеќедневно присуство на постабилна воздушна маса во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево, информира Управата...

Македонија13 часа

Гаши ќе се сретне со грчката амбасадорка која си замина среде заклетвата на Силјановска Давкова

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во понеделник ќе се сретне со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер. Според објавата...

Македонија15 часа

Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато е колку пари ќе се одлеат од Буџетот за оваа намена

Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16 министерства. Предлагач на ваквите измени беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а предлогот...

Македонија16 часа

Со 88 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за реорганизација на министерствата

Со 88 гласа „за“, 22 „против“ и ниту еден „воздржан“ Собранието го донесе Законот за реорганизација на органите на државната...

Македонија1 ден

Централната комисија потврди 4 кандидатури за претседател на СДСМ

Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни, извести...

Европа1 ден

Столтенберг: Се додека на Москва не и даваме причина за недоразбирања, нема ниту воена закана

Не постои „непосредна воена закана“ од Русија за земјите-членки на НАТО, откако Кремљ ги обвини западните земји дека сакаат ескалација...

Регион1 ден

Црна Гора направи важен чекор кон ЕУ

Европската комисија денеска препорача одржување на Меѓувладината конференција со Црна Гора и испрати позитивен Извештај за исполнување на привремените одредници...

Македонија1 ден

(Видео) Крмов: Мицкоски и Гаши ги прекршија собраниските процедури уште на втора седница

Носењето на закони, чии текстови се менуваат на буквално 12 часа пред седницата е класичен шверцерат! Левица цврсто стои на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Измените на Законот за организација и работа на органите во државната управа се со цел да го исполниме ветеното на изборите

Пред изборите кои поминаа ветивме функционална и ефикасна влада која ќе спроведе реформи и ќе донесе подобар живот. Суштината на...

Македонија1 ден

14 девојчиња на возраст под 15 години лани станале мајки во Македонија

Во 2023 година се регистрирани 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Државниот завод за статистика ги...

Економија1 ден

Инфлацијата зголемена во мај: поскапеа храната, водата, рестораните, облеката, мебелот, горивата

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во мај 2024 година во однос на април 2024 година изнесува 0,9...

Македонија2 дена

Гаши и Мицкоски го прекршија Деловникот и несериозно доставија измени на законот за реорганизација синоќа во 23 часот, обвини Мециновиќ

Пред почетокот на денешната седница, на која ќе се расправа за прелог-законот кој предвидува реорганизација на владините институции, пратеникот од...

Топ2 дена

28-годишен скопјанец ја убил баба си: додека јадела, ја нападнал, ја удирал по главата и телото и ја задушил

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично...

Македонија2 дена

Мојата татковина е Северна Македонија, вели Гаши појаснувајќи дека изјавата е погрешно протолкувана поради поимите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, објснува дека е роден во Скопје, каде што живее и работи со своето семејство, и...

Свет2 дена

Бајден: Американското оружје нема да се користи за напад на Москва и Кремљ

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американското оружје, кое ѝ дозволи на Украина да го користи за напади на територијата...

Свет2 дена

Макрон: Ќе испорачаме авиони „мираж“ во Киев

Франција планира да ѝ испорача на Украина борбени авиони „мираж 2000“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Макрон за француските телевизиски...

Регион2 дена

(Видео) Додик сакаше да го бакне Путин три пати, наместо втор бакнеж, претседателот на РС го бакна „воздухот“

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Кликс пишува дека на...