Забава
Кендал Џенер изненади со нов имиџ, ја промени бојата на косата

Кендал Џенер објави фотографија на „Инстаграм“ во средата. Таа се пофали со својот нов имиџ и ги изненади своите обожаватели. Манекенката и членка на најпознатото реално семејство Кардашјан ја обои косата руса за Модната недела во Њујорк.
„Русокоса“, напиша 28-годишната манекенка во објавата, на која ја покажа својата руса коса, а нејзиниот нов изглед го привлече вниманието.
View this post on Instagram
„По ѓаволите“, напиша сестра ѝ Клои Кардашјан, а Хејли Бибер се надоврза: „Токму така“.
Кендал првпат ја покажа својата руса коса кога излезе на модната писта на ревијата на „Барбери“ за време на Модната недела во Лондон во 2019 година. Носеше и русокоси перики за шоуто на „Балмен“ во 2016 година, а косата ја обои во црвена во февруари 2022 година. Бојата ја задржала неколку месеци, а потоа се вратила на својата природна коса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Џеј Ло настапи во Абу Даби во леопард комбинезон, снимката има 16 милиони прегледи

Џенифер Лопез одржа два големи концерти во Абу Даби на 20 и 21 февруари, а клип од настапот што го сподели на Инстаграм и ТикТок собра повеќе од 16 милиони прегледи за помалку од 24 часа.
Џеј Ло веќе некое време немаше настапи, но неодамна направи исклучок со настапот во Дубаи на отворањето на луксузен хотел. Потоа следеа два распродадени концерти во Абу Даби, а снимките од тие настапи брзо ги преплавија социјалните мрежи.
Забава
Блејк Лајвли за насловната страница на „Холивуд Репортер“: Срамна и сексистичка

Блејк Лајвли, кој е во правен спор со Џастин Балдони поради наводите за сексуално вознемирување на снимањето на филмот It Ends With Us, остро го критикуваше таблоидот „Холивуд Репортер“ за начинот на кој го објави случајот.
На актерката не и се допадна како „Холивуд Репортер“ го покрива правниот процес меѓу неа и Балдони. Овој таблоид објави фотографија од Лајвли на насловната страница на која се гледа како таа го фрла мобилниот телефон додека околу неа се прикажуваат пеперутки.
„Холивуд репортер треба да се срами. Оваа фотографија е крајно навредлива затоа што се потпира на сексистички стереотипи за жените кои се осмелуваат да пријават недолично однесување на работното место, прикажувајќи ги како агресори и сугерирајќи дека заслужуваат одмазда. Понатаму, написот е крајно проблематичен затоа што се обидува да ги оправда документираните случаи на сексуално вознемирување и одмазди нарекувајќи ги културни недоразбирања“, напиша актерката.
Блејк првично го обвини Балдони за сексуално вознемирување и обид да ја „уништи“ нејзината репутација во жалбата до Одделот за граѓански права во Калифорнија. Во изменетата тужба сега стои дека однесувањето на актерот предизвикало непријатност кај другите жени на филмскиот сет.
Балдони потоа поднесе противтужба против Блејк и Рајан Рејнолдс, барајќи отштета од 400 милиони долари. Адвокатите на Блејк ова го нарекоа „уште едно поглавје во книгата на насилникот“, што адвокатот на Балдони го смета за „глупост“.
Забава
Тони Цетински: Мојот официјален профил на Инстаграм беше хакиран

Хрватскиот пејач Тони Цетински вели дека некој му го хакирал профилот на Инстаграм.
„ВАЖНО! Мојот официјален профил на Инстаграм е хакиран и одземен. Правиме се што можеме за да го вратиме“, напиша 55-годишниот пејач предупредувајќи ги своите следбеници.