Забава
Кејти Холмс смета дека Сури еден ден ќе владее со светот

Кејти Холмс мисли дека Сури, нејзината ќерка со поранешниот сопруг Том Круз, еден ден ќе владее со светот.
Поранешната sвезда на серијата Dawson’s Creek („Досоновиот поток“) е неверојатно горда на 14-годишната Сури, нејзиното единствено дете со поранешниот сопруг, и смета дека тинејџерката го има она што е потребно за да направи одлични работи кога ќе биде постара.
Во интервју за „ОК!“ магазинот, таа вели: „Секоја фаза во животот на мојата ќерка беше радосна. Таа има неверојатен дух. Многу е силна и паметна и мислам дека ќе го управува светот еден ден. Таа владее со мене. Таа е душичка, но истовремено и тврдо колаче. Јас сум многу горда.“
41-годишната актерка ја охрабрува Сури да ја разбере важноста да има сопствено мислење и да не се плаши да го крене гласот. „Дома зборуваме за тоа колку е важно да пораснеш и да бидеш слушнат, и колку е важно да имаш работа и да бидеш независна.“
И Кејти сака да направи што може за да ја промовира таа порака надвор од нејзиниот дом и во рамките на нејзината работа.
„Како уметник, мислам дека е важно да продолжиме да наоѓаме и создаваме добри улоги за жените на први или водечки позиции на работа“.
На прашањето дали сака повторно да режира, таа вели: „Се надевам да. Како жена, сакам да се слушне мојот глас. Тоа е голема мотивација за мене, па затоа сакам да продолжам да раскажувам приказни. Секогаш се обидувам да најдам интересни приказни – приказни кои одразуваат низ што минуваат реалните луѓе.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Колегите се простуваат од Мишел Трахтенберг: „Почивај во мир убавице“

Мишел Трахтенберг ненадејно почина, а нејзината смрт одекна низ Холивуд. Бројни познати личности и оддадоа почит на Мишел откако полицијата во Њујорк ја потврди смртта на 39-годишната актерка на 26 февруари.
По веста за нејзината смрт, бројни колеги и обожаватели споделија спомени и проштални пораки на социјалните мрежи.
Актерката Мара Вилсон објави кратка, но трогателна порака на Инстаграм. „Срцето ми се кине за мојот пријател од детството“, напиша покрај фотографија од Мишел. „Твоето сеќавање ќе биде благослов, Мишел“, додаде таа.
Сочувство до колешката искажа и Ким Катрал, позната по улогата во серијата Сексот и градот. „Ова ми го скрши срцето. Толку талентирана, а отиде прерано“, напиша таа во коментар под објавата на Variety на Икс.
„Почивај во мир убавице. xo“, додаде таа.
Не долго потоа, Катрал објави уште една проштална објава на Инстаграм. Покрај фотографијата од двете од филмот Ice Princess, таа напиша: „Почивај во мир драга Мишел“.
„Таа ми беше пријателка, а сега почива во мир! Грижете се за своите луѓе“, напиша Кенан Томпсон.
Џејмс Марстерс, нејзиниот колега од Buffy the Vampire Slayer, сподели проштална порака со „Пипл“. „Денес ми е тешко во срцето. Изгубивме убава душа. Мишел беше неверојатно интелигентна, заразно смешна и многу талентирана личност. Таа замина прерано, оставајќи зад себе многумина кои ја познаваа и сакаа. Моите мисли се со нејзиното семејство, прекрасни луѓе кои сега ја доживуваат најтешката загуба. Се надевам дека сите ќе им дадат простор да се справат со оваа болка. Ќе ни недостасуваш Мишел“, рече тој.
Мелиса Џоан Харт се прости и со објавување на сцена од серијата Clarissa Explains It All, во која глумеа заедно.
Забава
Откриена причината за смртта на Мишел Трахтенберг

Актерката Мишел Трахтенберг, позната по улогата во серијата Gossip Girl, почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзиното починување, изјавија полициски извори за ABC News.
Мишел, која имала 39 години, била пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро, околу 8 часот по локално време. Телото го открила нејзината мајка во стан во близина на Колумбус Сиркл. Од полицијата за медиумите потврдија дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело. Ќе се изврши и обдукција.
Според информациите на ТМЗ, на актерката неодамна и била извршена трансплантација на црн дроб, која била неопходна по долготрајна борба со проблемите предизвикани од консумирање алкохол. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во ресторанот Sartiano’s минатиот четврток вечер.
„По пристигнувањето, полициските службеници пронашле 39-годишна жена во несвест и без знаци на живот. Итната медицинска помош констатирала смрт на местото на настанот. Смртта не се третира како сомнителна. Истрагата и понатаму е во тек“, се вели во официјалното соопштение на полицијата.
Забава
(Видео) Никол Шерцингер ужива на Хаваи, танцуваше на плажа во бикини

Никол Шерцингер (46) танцуваше на плажа во бикини и ја покажа својата завидна фигура во видеото кое во вторникот го објави на Инстаграм од одморот на Хаваи.
На почетокот на видеото 46-годишната пејачка блесна во кафено бикини кое го искомбинира со шал и златен накит. Во следниот кадар таа носеше сини бикини со горен дел на едно рамо.
Во последната комбинација, Никол ја покажа својата фигура во бикини со дезен, а нив ги комплетираше со искинати сини фармерки. Таа беше одлично расположена додека ги покажуваше своите танцови потези, следејќи го најновиот тренд на TikTok на хит песната APT.