Забава
Кејт Мидлтон ќе им се врати на кралските должности во јуни – палатата се огласи за здравјето на принцезата

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ќе присуствува на церемонијата Trooping the Color на 8 јуни по повод нејзиното враќање на кралските должности по операцијата на стомакот.
Министерството за одбрана потврди дека Кејт Мидлтон ќе биде присутна на Парадата на гардата на коњите во Вестминстер.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, имаше операција на абдоменот на 16 јануари и оттогаш не е видена во јавноста.
Од Кенсингтонската палата не сакаа да откриваат многу детали за нејзината здравствена состојба, само кажаа дека принцезата ќе им се врати на обврските по Велигден.
Многумина беа загрижени поради тоа што нејзината состојба се чува во тајност, иако во јавноста многу се зборува за здравјето на кралот Чарлс, кој имаше операција на простатата две недели по интервенцијата на Кејт.
Сепак, Кејт Мидлтон вчера беше фотографирана во близина на замокот Виндзор, како што пренесе ТМЗ, во автомобил со кој управувала мајка ѝ Керол.
Кејт носеше големи очила и благо се насмевна, а многумина коментираа дека се надеваат дека тоа е знак дека нејзиното закрепнување оди добро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хороскопски знаци кои анализираат сè до најмалиот детаљ

Додека некои луѓе носат одлуки врз основа на инстинкт или емоции, постојат знаци кои темелно анализираат сè пред да направат каков било потег, од зборови, погледи, до најмалите нелогичности во однесувањето на другите. Ништо не им бега, ништо не останува „неважно“ и ретко земаат нешто здраво за готово.
За овие знаци, анализата не е само навика, туку начинот на кој го разбираат светот. Еве два хороскопски знаци кои се истакнуваат во микроскопскиот пристап кон реалноста.
Девица
Девиците се познати по својата прецизност, перфекционизам и аналитички ум. Нивниот мозок никогаш не престанува да работи, постојано скенира, оценува, споредува и категоризира. Тие ќе забележат детали што никој друг не ги регистрирал: тонот на гласот во пораката, промена во моделот на однесување, нелогичност во нечија приказна. И нема да го заборават тоа.
Пред да кажат нешто или да одлучат, Девиците ќе имаат цела ментална мапа на можни сценарија. Нивната потреба за анализа често е водена од потребата за контрола и безбедност, бидејќи се чувствуваат најмирно кога имаат сè под контрола.
Шкорпија
Иако често се перцепираат како емотивни и интуитивни, Шкорпиите се всушност многу длабоки аналитичари, само што не го покажуваат тоа отворено. Нивниот мозок работи тивко, но постојано. Тие поврзуваат информации, читаат меѓу редови, истражуваат и памтат детали што сите други би ги сметале за неважни.
Тие се особено внимателни во врските, нема шанси да пропуштат ако нешто „не е во ред“. Нивната анализа не е ладна како онаа на Девицата, тие се исполнети со интуиција и инстинкти. Но, резултатот е ист: ништо не може да ги изненади.
Забава
Венецијанската забава започна: Лорен заблеска во златен фустан, падна и бакнеж

Викендот на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција официјално започна – и тоа со стил. Двојката подготви гламурозна забава за добредојде за своите познати гости за четврток, 26 јуни, а сè се одржа во затворен манастир до црквата Мадона дел’Орто.
Лорен Санчез за пригодата избра златен фустан со отворени рамена со корсетиран струк и богат барокен вез, потпишан од куќата Скијапарели. Нејзината фризура – висока опашка со врамени прамени – го надополни гламурозниот изглед. Безос се појави во класичен црн костум, бела кошула и авијаторски очила за сонце.
Двојката беше фотографирана како го напушта хотелот Аман, а Безос галантно ѝ помогна на својата свршеница да влезе во водното такси кое ги однесе до местото на прославата.
Меѓу познатите гости кои пристигнаа со брод беа Ким, Клое и Кендал Кардашијан, Кајли Џенер, Том Брејди, Орландо Блум, Крис Џенер и нејзиниот партнер Кори Гембл. Ким носеше тесен фустан од змиски тен, Клое црна вечерна тоалета, Кендал цветен фустан, а Кајли комбинација од златна чипка.
Леонардо Дикаприо го напушти хотелот „Грити Палас“ во црн костум и шапка, додека неговата партнерка Виторија Черети беше видена во сив фустан со набори на едното рамо. Опра Винфри и Гејл Кинг, кои пристигнаа во Венеција порано во текот на денот, се појавија заедно на забавата – Опра во фустан со виолетови и бели шари, а Гејл во долг фустан со златен синџир.
Според извори блиски до организаторите, целиот канал пред местото на одржување бил преполн со бродови. Безос и Санчез пристигнале меѓу последните, со силна безбедносна придружба што ги штитела од очите на јавноста. Во еден момент, тие застанале и размениле бакнеж пред да излезат од бродот.
Атмосферата, според изворите, била изненадувачки опуштена и покрај гламурозниот список на гости. Местото на настанот било украсено со корпи со бели и виолетови цвеќиња, а пицата подготвена на лице место – од рацете на познат неаполски пицаџиоло.
Безос и Санчез сакаат да ги чуваат деталите од свадбата во тајност и ги ангажираа познатите организатори на свадби „Ланца и Баучина Лимитед“, познати по организирањето на свадбите на Џорџ и Амал Клуни и Салма Хајек и Франсоа-Анри Пино, за да ја организираат. И покрај критиките за прекумерен туризам, организаторите тврдат дека нивната прослава ќе има минимално влијание врз градот.
Забава
Наградени 13 македонски вина на CMB2025 во Кина

Мега спектакуларниот вински натпревар Concours Mondial de Bruxelles или скратено ЦМБ, оваа пролет се одржа во Кина, поточно во главниот град Јинчуан на најзначајниот вински регион Нингсија.
Поради големата популарност на настаните на CMB, организаторот Винопрес од Белгија, низ годината винските натпревари ги подели на четири помали, и тоа според винските стилови, додека овој натпервар кој е посветен на црвените и бели мирни вина (Red & White Session) е секогаш најголем.
Нивните натпревари ги нарекуваат уште и патувачки вински натпревари, бидејќи секоја година се одржуваат во различен вински регион во светот, што им нуди на оценувачите нови вински искуства, додека на производителите од регионот и туристичките организации, промоција на странските пазари.
Преку 7000 вина од 49 земји во светот се оценуваа на темна дегустација без никаква претходна информација за истите, за што беа задолжени 375 вински судии од 56 различни националности.
Покрај тоа што македонските вина последниве години на овој мошне строг натпревар не бележеа некоја значајна “берба” на награди, оваа година од 30 испратени вина дури 13 се закитија со награда, што дава еден позитивен сигнал за порастот на глобалната препознатливост на македонското вино.
CMB Red & White Session 2025 | Yinchuan – Ningxia – China
GRAND GOLD
Brzanov Vranec Elixir 2012
GOLD
Ch. Kamnik Masterpiece 2022
Brzanov Syrah Artizan 2021
SILVER
Tikves D. Bela Voda Cuvee Blanc 2023
Tikves D. Barovo Temjanika 2024
Ch. Sopot Djinot Vranec 2023
Tikves D. Babuna Red Cuvee 2022
Vradarska Dolina Eden Barrique Cuvee 2022
Tikves Luda Mara Vranec 2022
Paragon Red Diamond 2022
Monteko Merlot 2023
Stobi Veritas Private Reserve 2017
Monteko Cabernet Sauvignon 2023
(ПР)