Забава
Кејт Мос ги негира наводите дека Џони Деп ја турнал по скалите

Кејт Мос ги демантира шпекулациите дека нејзиниот поранешен партнер Џони Деп еднаш ја турнал по скалите.
48-годишната манекенка, која беше во врска со Деп од 1994 до 1997 година, се појави на суд преку видеолинк од Глостершир, југозападна Англија, за да сведочи во рамките на судскиот спор помеѓу Амбер Херд и ѕвездата на „Пиратите од Карибите“.
Кејт Мос беше повикана како сведок од адвокатите на Деп.
Херд (36) претходно ја спомна манекенката во текот на судењето кога зборуваше за наводна расправија помеѓу Деп и сестра ѝ Витни Хенрикез, и рече: „Витни беше свртена со грб кон скалите, а Џони замавна кон неа. Во тој момент си помислив на Кејт Мос и скалите“.
А во средата, на прашањето на член на адвокатскиот тим на Деп дали холивудскиот актер некогаш ја турнал по скалите додека биле во врска, Кејт Мос одговори: „Не, тој никогаш не ме турнал по никакви скали“.
Кејт објасни: „Излегувавме од соба, а Џони излезе пред мене. Имаше невреме и додека ја напуштав собата се лизнав на скалите. Си го повредив грбот. И врескав затоа што не знаев што ми се случи, имав болки. Тој се врати со трчање да ми помогне, ме однесе во мојата соба и побара лекарска помош“.
Кејт, чие сведочење траеше помалку од пет минути, не беше вкрстено испрашувана од тимот на Херд. Херд првпат го изнесе ова тврдење за време на нејзиното сведочење во Британија во 2020 година.
Таа тогаш рече: „Се сетив на информациите што ги слушнав дека турнал поранешна девојка – верувам дека тоа беше Кејт Мос – по скалите. Ова го слушнав од две лица“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.