Забава
Кина направи виртуелна преобразба на музичкото шоу за таленти

На прв поглед се чини дека нема ништо посебно во уште еден натпревар во пеење во Кина, која е опседната со шоу за таленти, но „Дименжн нова“ овој пат е поинакво – сите натпреварувачи се виртуелни.
Во оваа виртуелна естрада на виртуелни идоли од кинеската стриминг-платформа iQIYI, има тројца судии – славни личности – кои треба ја пронајдат следната голема sвезда.
Иако концептот е познат, реализацијата е нешто што не сме виделе порано.
Натпреварувачите излегуваат во пространа сала, во која неизбежниот скелет „Ти-рекс“ виси од високиот плафон и настапуваат пред жирито во реално време.
Но, овие пејачки надежи не се реални, наместо тоа, тие се дигитални креации, нацртани и обликувани како јапонски аниме-фигури.
iQIYI, најпознат по популарните шоуа за таленти, како што е The Rap of China, ја истражува футуристичката територија со најновиот телевизиси потфат.
Покрај 32 виртуелни претендента, има и антропоморфна лисица со пет опашки, облечена во костим, и една фока – и двете на аудиција за место во жирито.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Роузи Хантингтон-Вајтли блеска во бикини од „Барбери“, ги воодушеви своите следбеници

Вајлти (38) објави атрактивни фотографии од зад сцената. Објавата предизвика лавина коментари од обожаватели и познаници од светот на шоубизнисот, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзиниот изглед.
Таа исто така покажа низа елегантни комбинации, вклучувајќи црна кожна јакна со бели фармерки и беж мантил во комбинација со бела маичка и очила за сонце.
Забава
Даниел Редклиф се појави со девојката, некои ги нарекоа „смешни“ поради разликата во висината

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко јавно појавување со својата девојка на премиера во Њујорк.
Ѕвездата од „Хари Потер“, Даниел Редклиф (35), беше фотографиран со својата девојка Ерин Дарк (40). Двајцата дојдоа на премиерата на мјузиклот „Just in Time“ во Њујорк.
View this post on Instagram
Тие насмеано позираа за фотографите и повторно беа главна тема поради разликата во висината. Некои дури отидоа дотаму што го прогласија овој пар за „смешен“ само поради тоа.
View this post on Instagram
Нивната љубовна приказна датира од 2012 година, но и двајцата се обидуваат да ја зачуваат својата приватност колку што е можно повеќе.
Даниел и Ерин се запознаа на снимањето на „Kill Your Darlings“, а потоа играа двојка. Набргу потоа, тие започнаа врска во реалниот живот. Една година подоцна, тие официјално ја потврдија својата врска кога се појавија заедно на доделувањето на наградите Тони.
Забава
Овој хороскопски знак е роден да страда и да биде вечно несреќен

Вага – најтажниот знак на зодијакот, свој најголем непријател!
Иако во астрологијата Вага се смета за симбол на рамнотежа, убавина и хармонија, зад оваа навидум смирена надворешност лежи длабока емоционална чувствителност.
Токму оваа внатрешна борба може да го направи најтажниот знак во целиот хороскоп. Вагите, родени од 23 септември до 22 октомври, често ја воодушевуваат околината со својот шарм, дружељубивост и духовитост.
Сепак, нивниот постојан стремеж кон совршенство и хармонични врски може емоционално да ги исцрпи.
Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат Вагите е потребата да анализираат сè длабински. Тие постојано ги разгледуваат сите опции, го одмеруваат секој збор и се обидуваат да донесат најфер одлука. Ова често ги тера да се чувствуваат парализирано, несигурно и внатрешно збунето.
Вагите копнеат по прифаќање, мир и љубов. Кога чувствуваат дека не се доволно ценети или дека нивните напори да одржат рамнотежа остануваат незабележани, ги обзема чувство на разочарување и тага.
Тие секое несогласување го доживуваат длабоко, како личен пораз.
Како знак управуван од правда и морални принципи, тие често се наоѓаат во внатрешен конфликт – помеѓу она во што веруваат и она што всушност се случува. Таа борба е исцрпувачка и ги остава во состојба на длабока емоционална празнина.