Забава
Кит Харингтон и Роуз Лесли станаа родители

Ѕвездите на „Игра на тронови“, кои се сретнаа на снимањето на фантастичната драма на Ејч-б-о, каде што ги глумеа Игрит и Џон Сноу, станаа родители првпат, објавија таблоидите додавајќи дека тие биле забележани во Лондон во вторникот со новороденче.
Кит и Роуз потврдија дека добија момче кога беа фотографирани на семејна прошетка со бебето. „Ние сме многу, многу среќни“, порачаа тие.
Роуз (34) ја потврди својата бременост во септември кога го покажа својот стомак во професионални фотографии снимени за насловна страница во списанието „Мејк“.
Кит и Роуз почнаа врска во 2012 година, но една година подоцна се разделија. Три години подоцна тие беа повторно заедно, а се венчаа во 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Неверојатна жена: има 44 години, а во бикини изгледа како да има само 20

Џесика Алба го користи и времето поминато во Кан за да ужива во сонцето, а нејзиниот младешки изглед и совршената фигура во бикини не престануваат да предизвикуваат восхит.
@jessicaalba The perfect #summer ♬ Canopée – Polo & Pan
Актерката Џесика Алба не крие колку е посветена на себе по разводот од Кеш Ворен, со кого беше во брак речиси 17 години, и редовно објавува на социјалните мрежи дека ужива во животот и дека ужива да биде сама.
Џесика Алба, како и многу ѕвезди, моментално е во Кан за Филмскиот фестивал, а слободното време го користи за сончање и уживање на една од тамошните плажи.
На фотографијата што ги воодушеви нејзините следбеници, таа позира во впечатливо дводелно бикини со интересен дезен што ја истакнува нејзината совршена кожа и беспрекорен, исончан тен.
Забава
Џејсон Момоа и 12 години помладата актерка привлекоа внимание на Канскиот филмски фестивал

45-годишниот актер Џејсон Момоа привлече внимание со својата 12-годишна девојка, порториканската актерка Адрија Арjона, на Канскиот филмски фестивал.
Тој ја поддржа на премиерата на нејзиниот нов филм „Сплитсвил“. Адрија се појави на црвениот тепих во зелена сатенска облека, а Момоа носеше бело одело. Двајцата позираа насмеани за фотографите.
Момоа претходно беше во брак со Лиза Бонет, која е 12 години постара од него. Момоа и Бонет имаат две деца, а се разведоа во јануари 2024 година. Поранешните сопружници имаат заедничко физичко и законско старателство над 17-годишната ќерка Лола и 16-годишниот син Накоа-Волф.
Адрија, исто така, има еден неуспешен брак зад себе. Актерката се омажи за својот долгогодишен партнер, адвокатот Едгардо Каналес, во 2019 година, но не е познато кога парот се разделил.
Забава
Влогер снимал видео, немал претстава дека до него седи позната холивудска актерка

Виетнамскиот патнички влогер Коа Паг снимал видео во ресторан, сосема несвесен дека седи до една од најголемите холивудски ѕвезди, актерката Натали Портман.
Додека го снимал видеото во ресторан во Јапонија, Коа јадел и коментирал суши како што обично прави во своите видеа, и не обрнувал внимание на актерката во текот на целото видео.
„Седна и јадеше со сопругата на Тор без дури ни да ѝ кажеш здраво!“, „Сопругата на Тор седи до тебе, внимавај, ако те удри гром со стапот, ќе станеш суперхерој! Но, морам да признаам дека имаше среќа бидејќи сретна суперѕвезда“ и „Тоа е Натали Портман, таа е толку позната. Имаш толку среќа“, беа некои од коментарите под видеото.