Забава
Кијану Ривс ги пофали мерките за заштита за целата екипа на „Матрикс 4“

Кијану Ривс изјави дека нема ништо друго освен пофалби за мерките за заштита од коронавирус на снимањето на „Матрикс 4“.
Во видеоинтервју за „Асошиејтед прес“ објавено во неделата, ѕвездата на акционите серијали „Матрикс“ и „Џон Вик“ тврди дека има добро промислени и ефикасни протоколи кои секој ги почитува.
Актерот го снимал интервјуто од Берлин, каде што започна продукцијата на новото продолжение на „Матрикс“ на почетокот на овој месец.
„Постојат ефективни протоколи кои воопшто не влијаат на продукцијата или на ритамот на снимање. Сè е добро организирано и нема прекини“, вели Кијану.
Снимањето првично почна во Сан Франциско, каде што некои локални жители беа лути поради уништување на имотот при снимање на акциони сцени.
Снимањето се пресели во Берлин во февруари, но набрзо прекина среде пандемија на Ковид-19.
Оригиналниот „Матрикс“ од 1999 година беше еден од најуспешните филмови во тоа време, дури и децении подоцна. Првиот заработи четири „Оскари“ заедно со многубројни пофалби од критичарите.Тој направи пробив во жанрот на кибер-фикција.
Трилогијата „Матрикс” стана супер популарна благодарение на оригиналната приказна и одлични визуелни ефекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.
Забава
Тие никогаш нема да ви се јават први, не сакаат да изгледаат „очајно“

Без разлика колку им е грижа, на некои хороскопски знаци ќе им биде тешко први да се обратат, не затоа што не се заинтересирани, туку затоа што им е важно да го одржат впечатокот на самоконтрола, независност или едноставно, не сакаат да „изгледаат наметливи“. И додека од една страна тивко ја сакаат вашата порака, од друга страна гордоста или несигурноста се посилни.
Еве четири хороскопски знаци кои се мајстори во тоа.
Шкорпија
Шкорпиите сакаат да имаат контрола, и врз себе и врз ситуациите. Ако први проговорат, се чувствува како да губат моќ. Иако се интензивни, емотивни и лојални, честопати ќе се повлечат и ќе чекаат вие да го направите првиот потег. Зад тој „ладен“ став честопати лежи длабока емоционална потреба за сигурност, и само кога ќе им покажете дека ја има, тие ќе се отворат.
Јарец
Јарците не сакаат да ризикуваат кога станува збор за емоции. Тие се плашат дека ќе изгледаат послаби ако покажат дека им е грижа, па затоа претпочитаат да молчат, уверени дека вистинските луѓе ќе ви се обратат. Тие се пресметани и претпазливи, дури и во пораките; ако вие не го направите првиот потег, малку е веројатно дека ниту тие ќе го направат.
Девица
Девиците премногу размислуваат, за секоја реченица, за времето и за можниот одговор. Тие често ги анализираат малите нешта и се плашат дека ќе погрешат ако се премногу заинтересирани. Нивниот перфекционизам ги спречува, па затоа ќе одлучат да ја чекаат вашата порака, наместо да ризикуваат да изгледаат „очајни“.
Водолија
Водолиите често изгледаат дистанцирани, дури и кога длабоко се грижат. Тие не сакаат да покажуваат емоции на вообичаен начин и често играат на „картата на кул“. Ако очекувате да ве бомбардираат со пораки, тоа нема да се случи. Тие претпочитаат вие да ја водите играта и само кога ќе се чувствуваат безбедно, почнуваат да се насочуваат кон другите и да се отвораат.
Забава
Дуа Липа конечно потврди: „Да, свршени сме, многу е возбудливо“

Дуа Липа конечно ја потврди својата свршувачка со актерот Калум Тарнер по месеци гласини и шпекулации. Во интервју за британскиот „Вог“, пејачката, која во август полни 30 години, за прв пат јавно проговори за големата животна пресвртница.
„Да, свршени сме. Многу е возбудливо“, рече таа. „Одлуката да остариме заедно, да ги споделиме нашите животи и, не знам, да бидеме најдобри пријатели засекогаш, тоа е навистина посебно чувство“, додаде таа.
Гласините за романтично запросување започнаа кон крајот на минатата година, а оттогаш таа често се гледа со блескав дијамантски прстен на прстот.
Иако во моментов не размислува интензивно за свадбата поради нејзината концертна турнеја, таа признава дека нејзините мисли се повеќе се вртат кон фустанот.
„Сакам да ја завршам турнејата, Калум снима, па засега уживаме во овој период. Никогаш не сум била од типот на личност која сонува да се омажи или замислува каква невеста би била. И одеднаш си велиш: Хмм, што би облекла?“