Забава
Кијану Ривс излезе во јавноста со девојка првпат по неколку децении

Кијану Ривс немал сериозна врска со децении и никогаш не бил придружуван од девојка или жена додека чекорел на црвениот тепих за време на својата 35-годишна кариера.
Но, ова се смени минатиот викенд кога Ривс се држеше за рака со деловната соработничка Александра Грант на гала-конференција LACMA Art + Film којашто ја претстави Гучи во Лос Анџелес.
Актерот (55) и девојката уметник (46) не ги пуштија рацете и разменуваа љубовни погледи додека им позираа на фотографите и репортерите, докажувајќи дека немаат што да кријат.
Во текот на целиот настан во саботата, Кијану изгледаше горд што е со жената што го освои неговото срце.
Звездата блескаше и ја држеше раката на својата придружничка додека одеа покрај фотографите и печатот, влегувајќи во музејот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Вистинска дама изгледа како Скарлет Јохансон

Скарлет Јохансон неодамна се појави во The Late Show со Стивен Колбер. Љубопитните фотографи ја фотографираа на улиците на Њујорк, пред студиото, а за таа пригода таа одлучи да облече дамска креација.
Дамската облека се карактеризира со отсуство на кич детали, минималистички крој, црн фустан и високи потпетици. Стилот на познатата русокоса ги содржеше сите горенаведени карактеристики и се квалификува за терминот дамско издание.
Скарлет носеше црн макси фустан со рамен крој, што ја истакнуваше нејзината завидна фигура, а впечатлив беше и преголемиот ремен што ја нагласуваше нејзината половина.
Стилот го надополни со златни додатоци, шминка во земјени тонови и впечатлив црвен кармин, како и рамна коса.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Леонардо ди Каприо, конечно, го покажа лицето и сите се прашуваат – што му се случува?

Леонардо ди Каприо во последните неколку дена работи на промовирање на својот филм One Battle After Another, а неговото неодамнешно појавување во Њујорк го привлече вниманието на јавноста.
Познатиот холивудски шармер одлучи да облече класичен сив двореден костум за таа пригода.
Сепак, најголемо внимание на јавноста привлече неговата фигура бидејќи, според странските медиуми, актерот изгубил многу килограми, како и стомакот, кој му беше заштитен знак со години.
Покрај тоа, неговото лице не остана незабележано. Изгледа многу помладо, веројатно и новата фризура придонесува за тој впечаток, а можеби и врската со 23 години помладата италијанска убавица.
Во секој случај, никој не може да го негира фактот дека нешто се случува во животот на овој згоден маж…
фото: принтскрин
Забава
Џулија Робертс ги потврди преговорите за продолжение на култната романтична комедија

Обожавателите на култната романтична комедија My Best Friend’s Wedding имаат причина за славење. Џулија Робертс потврди дека е во преговори да ја повтори својата улога како Џулс Потер во долгоочекуваното продолжение. Актерката, добитничка на „Оскар“, ја откри веста во интервју за „Варајети“.
Додека дискутира за својот нов филм„After the Hunt, 57-годишната актерка беше прашана дали ќе се појави во продолжението на хитот од 1997 година. „Ми се јавија“, одговори кратко Робертс потврдувајќи дека разговорите се во тек. „Варајети“ објавува дека актерката се насмеала кога режисерот Лука Гвадањино, кој исто така се појави во интервјуто, на шега рекол дека ќе го режира продолжението во секунда.
Веста за продолжението првпат се појави кон крајот на јули кога беше објавено дека режисерката Селин Сонг потпишала договор за сценариото.
Иако 37-годишната Сонг е потпишана за сценариото, режисерот и остатокот од екипата сè уште не се официјално потврдени. Оригиналниот филм е режиран од австралискиот режисер П. Џ. Хоган.
фото: принтскрин