Забава
Клер Болдинг: Животните ме обликуваа повеќе од луѓето
Само во Велика Британија има околу 12 милиони домаќинства со домашно милениче (тоа е околу 44%). Проширено во глобални размери, бројот на крзнени, четириножни па дури шестоножни суштества кои живеат заедно со луѓето е огромен, пишува Би-би-си.
Без оглед на географија или вид, овие животни се за нивните сопственици многу повеќе од живи предмети кои го делат нивниот живот. Било да се работи за доверба, утешител, покренувач на живот или едноставно извор на безгранична забава, тие се личен херој на нивниот сопственик, без кој животот би бил толку посиромашен.
Клер Болдинг, ТВ-водителка на британскиот јавен сервис Би-би-си, е меѓу оние што ја прифаќаат оваа посебна врска. Таа пораснала опкружена со кучиња, коњи и понија и никогаш во животот не поминала време без животни.


И лично и професионално, како водител на емисии како што се Royal Ascot и Crufts , Болдинг живее и ја дише љубовта кон животните. Таа вели дека во нејзиниот живот „животните ја обликувале повеќе отколку луѓето“.
!Тие ме направија пољубезна, потрпелива и поодговорна. Мислам дека многу луѓе се чувствуваат исто, иако можеби не го кажуваат тоа. Некои луѓе велат дека го сакаат своето домашно милениче повеќе од нивниот партнер, и мислам дека во некои случаи тоа е дефинитивно точно.“

Болдинг напиша книга што содржи 100 кратки фактички приказни преземени низ повеќе столетија и култури. Овие стории го прикажуваат придонесот на животните во човечкиот живот, преку зачудувачки дела и неизмерна лојалност, и за односот на луѓето кон нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

