Забава
Кодак Блек донира 20.000 долари за божикни играчки среде затворска казна
Американскиот рапер Кодак Блек донира 20.000 долари во добротворна акција за собирање играчки или пари за децата во неговиот роден округ Бровард, Флорида.
Брадфорд Коен, адвокат на Блек, за ТМЗ изјави дека 23-годишниот рапер советувал кои играчки да се набават и како да им се презентираат на младите приматели.
Раперот, кој останува во притвор во федералниот затвор во Мајами, поделил комплети подарок – картички во вредност од 50 до 100 долари за повеќе од 100 деца од 60 семејства во локалните згрижувачки домови, кои дојдоа да ги земат подароците во канцеларијата на адвокатот.
Кодак Блек, чие вистинско име е Бил Капри, платил и за пица-забава за децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Елвир Мекиќ после повеќе од 𝟣𝟢 години повторно запеа и тоа во дует со Пајак, објавена „Негде после два“
По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се враќа и Елвир Мекиќ – популарниот хитмејкер од 2000-ти години и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак.
Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај нас и потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп- музика. И новата песна која е со модерен звук го има стариот вајб со примеси на ретро РНБ 2000-ти.
„Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кои имаат 15 години да не ме познаваат“, изјави Елвир.
Автор на музиката е Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, но интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир како: „Некаде после два“, „Армиија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др.. Аранжманот миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.
Спотот е во режија на Гордан Божиновски – Урбан Рекордс продукција. Се снимаше на две локации, во Дајмонд мол, Гурман стрит и Лимак Хотел. Во спотот се појавуваат нашиот познат манекен и фитнес модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.
Елвир со сопругата и синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да се посвети и на музичката кариера.
Забава
(Видео) Кафуле стана сензација со понудата да им понуди бесплатно кафе на оние кои влегуваат танцувајќи
Kафуле во Мидлборо, Масачусетс стана вистинска сензација со понудата за бесплатно кафе за клиентите кои влегуваат танцувајќи.
Видеото сега стана вирално на интернет, и предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.
Сопственикот на кафулето обајви дека планира еднаш во месецот да се држи до оваа интересна акција.
Забава
Жена од Онтарио го насмеа интернетот со изгледот на нејзината кукла: „Делува возбудено“
На „Тик-ток“ се шири вирално видео во кое Ники Калвер од Онтарио ја покажа својата божикна кукла со детали 18+, што го насмеа Интернетот.
Ники објаснила како ја купила дрвената кукла во продавница за ситни производи за само еден долар. Откако нејзиниот син почнал да си игра со неа, барабанот паднал, оставајќи мало дрвено испакнување на кое бил прикачен инструментот.
„Ова се случи пред една година и уште ме смее“, напиша таа со видеото кое собра два милиони прегледи, но и бројни коментари.
„Не знам што очекував, но не го очекував ова“, „Куклата е без тапан или само си среќен што ме гледаш?“, „Изгледа доста возбудено“, „Ова е многу среќен оревокршач”, „Не би го заменил“ и „Ова ме насмеа“ се дел од коментарите.
Инаку, тиктокерката откри дека во таква состојба ќе ја зачува куклата и можеби ќе стане интересно семејно наследство.