Забава
Кои се разликите помеѓу никотинот и катранот?
Колку навистина се знае за никотинот? Ако прашате неколку луѓе на улица може да добиете многу различни мислења, од кои поголем дел се заблуди. Но, еве неколку факти.
Многу луѓе претпоставуваат дека никотинот е тој што ја причинува штетата од пушењето. Всушност, другите соединенија во чадот, како што се бензо[а]пирен, нитрозамините, јаглеродниот моноксид, катранот и бензенот, специфични за процесот на согорување на тутунoт се примарните причини за болестите поврзани со пушењето.
Никотинот е една од причините зошто луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. За да можат пушачите да преминат од цигари на алтернативи без чад, овие производи треба да содржат никотин, со цел да ја задоволат потребата за истиот и да бидат прифатливи во поглед на сензорното искуство. Токму затоа компанијата „Филип Морис интернешнал“ е фокусирана на развој на производи кои при употребата создаваат аеросол, што содржи никотин, но со многу пониски нивоа на штетните материи што се наоѓаат во чадот од цигарите.

Што е никотин, а што катран?
Никотинот е природна состојка, додека катранот е производ кој се создава при согорувањето на тутунот. Никотинот е алкалоид пронајден во растението тутун и претставува 0.6–3.0 проценти од сувата маса на тутунот, а катранот е рецидив (остаток) од процесот на согорување, што заедно со јаглерод моноксид се докажано штетни за здравјето. Главен причинител за болестите поврзани со пушењето всушност е чадот од цигарите и оние материи кои се создаваат при согорувањето и тоа е научно потврдено, додека никотинот е тој што ја создава зависноста. Никотинот е природната состојка која се наоѓа во тутунот, а научно е докажано и дека пушачите пушат поради никотинот, но се разболуваат од катранот.
Терминот катран кај цигарите се користи за опишување на низа супстанци и тоа е најчесто делот од цигарата што ги формира кафеавите или жолти дамки на филтерот од цигарите, но и на нашите заби и прсти.
Катранот значајно придонесува за зголемување на ризикот и појава на разни белодробни заболувања. Цигарата содржи над 6.000 различни соединенија, а повеќето од нив се смета дека се наоѓаат токму во катранот. Покрај заболувања на белите дробови, овие токсични соединенија може да предизвикаат и низа на други заболувања – рак, дијабет, срцеви заболувања, импотентност и сл. Катранот всушност не е супстанца, туку израз што се користи за да се опише машински измерената тежина на вкупните честички во чадот од цигарите кога ќе се одземат водата и никотинот.

Токму поради овие разлики, иновациите во тутунската индустрија, предводени од Филип Морис и водечкиот производ во оваа категорија, IQOS кој е достапен на нашиот пазар, се фокусирани на тоа како да се ослободи никотинот од тутунот без притоа да се создаде катран, односно како да се избегне процесот на согорување и со тоа не доаѓа до создавање чад и високи нивоа на штетни состојки кои се присутни во истиот.
Дали никотинот е безопасен?
Иако никотинот предизвикува зависност, тој не е примарна причина за болестите поврзани со пушењето. Никотинот е многу токсичен кога ќе се проголта или се апсорбира во високи дози (далеку над оние кои се испуштаат при пушењето или користењето уреди кои не согоруваат) и може да го зголеми бројот на отчукувања на срцето и крвниот притисок на едно лице.
Одредени луѓе – вклучувајќи ги и бремените жени или доилки и лица со срцеви заболувања, висок крвен притисок или дијабетес – не би требало да користат производи што содржат никотин. Малолетни лица не треба да користат или да имаат пристап до тутун или производи што содржат никотин.
Бездимните тутунски алтернативи се наменети само за возрасните пушачи и претставуваат подобар избор од продолжување со пушењето. IQOS-уредите користат вистински тутун, но во аеросолот има над 90% помалку штетни соединенија, споредено со чадот од цигарите. Бидејќи го елиминира процесот на согорување не испушта чад и нема јаглерод моноксид и катран. Најдобар избор за пушачите, секако, е целосно да се откажат од употреба на тутун и никотин.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

