Забава
Кралицата испрати ретка порака до возачот на Формула 1, Луис Хамилтон
Кралицата испрати топла порака до британскиот возач Луис Хамилтон, кој неодамна влезе во историјата на Формула 1 по бројот на освоени шампионски титули, а голем број навивачи повикуваат спортистот да биде прогласен за витез, пренесуваат британски весници.
Кралицата во неделата му честита на светскиот шампион за освојувањето на турското гранд при со твит споделен на твитер -рофилот на кралското семејство.
Монархот напиша: „Честитки за седумкратниот освојувач на титулата светски шампион во Ф1, Луис Хамилтон, со рекорден број победи на трки, какво неверојатно достигнување!“

Хамилтон веднаш одговори на пораката: „Каква неверојатна чест. Ви благодарам многу“.
Добрата желба на фановите наиде на критики на некои од корисниците на „Твитер“, кои тврдат дека возачот на Формула 1 никогаш не треба да биде витез и дека тој избегал во Монако поради законите за даноци во Велика Британија.
Сепак, овие тврдења не се докажани.
Многу други ги отфрлија шпекулациите дека тој се обидува да избегне плаќање данок во Велика Британија и ѝ се заблагодарија на кралицата што му оддаде признание на неговите достигнувања.
Некои навивачи дури ја повикаа крлицата да му понуди на Хамилтон витештво за претставување на нацијата во спортот.
Претседателот на Моторспорт Велика Британија, Дејвид Ричардс, и парламентарната група на сите партии за Формула 1, му напишаа писмо на премиерот Борис Џонсон среде кампањата Хамилтон да биде прогласен за витез во новогодишните почести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Прекрасната русокоса оживеа заборавен тренд – и никогаш не изгледала поубаво
Кејт Хадсон неодамна присуствуваше на доделувањето на наградите Film Independent Spirit во Лос Анџелес, а на црвениот тепих покажа чист гламур, а врати и еден заборавен моден детаљ.
Таа носеше монохроматско издание, имено комбинезон од францускиот бренд „Chloé“ во црна боја, украсен со длабоко деколте од чипка, но и преголем пеплум – тренд што ја одбележа 2010 година.
Црната чипка се прелеваше во луксузни слоеви од пеплум направен од црна кожа и тафт, што на целото издание му даде доза на сексапил.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидни прамени што паѓаа по рамената, а кога станува збор за начинот на шминкање, избра меки, земјени тонови.
Треба да се напомене дека актерката ги изненади сите присутни со својот избор на облека, бидејќи нејзиниот моден израз е украсен со романтични, нежни изданија во пастелни бои.
Патем, Кејт се најде во улога на презентерка на награди. Тоа е, таа лично ѝ ја додели наградата за најдобра актерка на актерката Роуз Бирн за филмот „If I Had Legs I’d Kick You“.
Забава
(Фото) Миленикот на жените во прегратка со маж
Педро Паскал моментално е тема на светските медиуми. Популарниот актер, но и омилен кај жените, неодамна беше фотографиран во сосема обична прошетка во Њујорк, но вниманието на јавноста го привлече друго лице – човекот кој му правеше друштво.
Според медиумите, станува збор за извесен директор на хотелски синџир во Флорида и Аргентина, чие име е Рафаел Олара.
Фотографите ги „фатија“ додека тие се држеа за раце, а набргу потоа се појави фотографија каде Рафа го прегрнува Педро. Се чини дека овој момент ја разбранува јавноста, а сега сите се прашуваат – каква е природата на нивната врска, дали можеби се во романтична врска?
Pedro Pascal and Rafael Olarra were spotted linking arms in New York over the weekend 👀 https://t.co/CwxoFeUitm pic.twitter.com/FEe0hz6g7q
— TMZ (@TMZ) February 16, 2026
Фотографиите се проширија како пожар низ мрежите, а веднаш започнаа низа шпекулации. Многумина почнаа да шпекулираат дека ова е нешто што ги надминало пријателските граници.
Педро и неговиот пријател не коментираа јавно за овие фотографии, па сè уште чекаме одговор. Во меѓувреме, вреди да се потсетиме на некои минати настани.
Олара претходно беше поврзуван со актерот Лук Еванс, што дополнително ги поттикна разговорите за потенцијална романса. Педро го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, па затоа ова е првата „информација“ за неговиот „љубовен статус“.
Забава
(Видео) Беше против пластичната хирургија, но потоа се предомисли: Ја препознавате ли?
Холивудската актерка Шерон Стоун (67) пристигна на премиерата на филмот „The Bluff“ видливо подмладена. Познатата ѕвезда се одлучи за елегантен црн костум надополнет со свилена кошула во боја на бакар – внимателно одбран стајлинг.
Сепак, облеката не беше во преден план, бидејќи сите гледаа во нејзината мазна, сјајна кожа и младешка насмевка.
Sharon Stone, 67, shows off VERY smooth complexion as she attends The Bluff premiere in LA https://t.co/6ejYVkl5sm
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) February 18, 2026
Прашањето е како успева во тоа, бидејќи Шерон Стоун радикално го промени својот став кон естетските процедури откако доживеа мозочен удар во 2001 година. Во тоа време имаше само 43 години, а нејзината состојба беше исклучително сериозна – доживеа деветдневно крварење во мозокот.
Самата актерка често нагласува во интервјуа дека нејзините шанси за преживување во тоа време биле само пет проценти.
Откако лекарите ѝ го спасија животот, таа се подложи на стотици инјекции со ботокс од чисто невролошки причини, со цел да ја вратат симетријата на лицето, и оттогаш одлучи да старее природно.
Токму затоа многумина беа во чудо кога ја видоа подмладена. Дали познатата Шерон Стоун сепак се предомисли?

