Забава
Кристен Стјуарт и Дилан Мајер се свршија

Кристен Стјуарт, актерката од „Спенсер“ – филмот за покојната принцеза Дијана, потврди дека е подготвена да се омажи со својата партнерка, писателката Дилан Мајер.
Кристен ја пофали сценаристката на „Мокси“, со која е речиси две години, што го направила првиот чекор за да ја официјализираат нивната врска.
Говорејќи во шоуто на Хауард Стерн на „Сириус Икс-ем“, Кристен Стјуарт потврди: „Ќе се венчаме, ќе го направиме тоа. Сакав да ме побараат за сопруга, мислам дека многу јасно ѝ кажав што сакам, и таа ми предложи брак. Ќе се венчаме, дефинитивно.“
Среќната вест доаѓа откако Кристен претходно призна дека не можела да дочека да јапобара за сопруга својата девојка и дури знаела точно како ќе го постави прашањето.
„Добрите работи се случуваат брзо“, изјави таа претходно на самиот почеток на нивната врска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Најпровокативниот модел на светот е новата девојка на Карлос Алкараз

Карлос Алкараз, моментално најпопуларниот тенисер во светот, а воедно и победник на овогодинешниот Отворен турнир на САД, е во врска со Брукс Надер, популарна манекенка и поранешна учесничка во шоуто „Танц со ѕвездите“.
Model Brooks Nader is reportedly seeing tennis star Carlos Alcaraz, confirmed by her sister Grace Ann to E! News. ❤️ pic.twitter.com/ez29zjwmaL
— Sportskeeda Tennis (@SK__Tennis) September 11, 2025
Веста ја потврди сестрата на Брукс, Грејс, за „E! News“.
„Гласините се вистинити“, рече таа, додавајќи дека сè уште не го запознала Алкараз, но едвај чека.
Романсата доаѓа по турбулентната раскинување на Брукс со Глеб Савченко, кога открила дека нејзиниот партнер ја изневерил.
Брукс во интервјуа нагласила како ова искуство ја научило да ја цени искреноста и себеси во идните врски.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Познатиот ангел на „Викторијас сикрет“ се мажи по 10 години врска

Шведската манекенка и поранешен ангел на „Викторијас сикрет“, Елса Хоск, се вери со својот долгогодишен партнер Том Дејли по 10 години врска.
Елса Хоск и Том Дејли ја објавија среќната вест на Инстаграм, а романтичниот момент се случи во нивниот нов стан – ништо фенси, само цвеќе и свеќи.
Покрај нејзините блескави насмевки и очигледна среќа, манекенката го покажа и својот скап веренички прстен. Станува збор за овален дијамант „Tiffany & Co. Soleste“, поставен на венчален прстен од платина.
Според „Пејџ Сикс“, експертите проценуваат дека дијамантот е околу 10 карати, што е совршен симбол за двојка која е заедно точно 10 години.
Вредноста на прстенот се движи помеѓу 350.000 и 500.000 долари, додека „премиум“ цената може да достигне до милион долари.
„Реков ДА во шведска градина со диви цвеќиња, во нашиот нов стан, во градот каде што се запознавме. Десет години, ти и јас“, напиша Елса покрај објавата.
Хоск и Дали се заедно од 2015 година, а во февруари 2021 година добија ќерка.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Дали имате „кортизол лице“: интернетот зуи за овој тренд, но што е вистината

„Тик-ток“ е преплавен со тренд познат како „кортизол лице“, а многу корисници се прашуваат дали има вистина во тоа.
Идејата зад овој термин е дека покачените нивоа на хормонот на стрес кортизол можат да го променат изгледот на лицето, правејќи го пополно и поотечено.
Креаторите на содржини ги споделуваат своите фотографии „пред и потоа“ тврдејќи дека забележале видлива разлика по намалувањето на стресот.
Сепак, експертите предупредуваат дека работите не се толку едноставни кога станува збор за нега на кожата.
Што всушност значи „кортизол лице“?
Лекарите објаснуваат дека вистинското „кортизол лице“ се јавува само со долгорочно покачено ниво на кортизол, што е ретко и обично е поврзано со посериозни здравствени состојби како што е Кушинговиот синдром.
Краткорочниот стрес, непроспиената ноќ или напорната работна недела нема да предизвикаат драстични промени на лицето.
Многу почести причини за подуеност и пополн изглед на лицето се:
- задржување на вода во телото,
- хормонални флуктуации,
- алергии,
- генетика.
Со други зборови, нема потреба за паника ако се разбудите со малку отечено лице.
@itsbrookeelle I literally dont even recognize myself WHAT 🫠 #cortisolface #cortisol #cortisollevels #cortisolimbalance #glowup #howtoglowup #faceglowup #faceslimming #facetransformation #lensbuddy ♬ original sound – Brooke Elle
Како кортизолот влијае на изгледот на вашата кожа?
Иако трендот често се претерува, кортизолот игра улога во состојбата на вашата кожа. Тој може:
- да стимулира воспаление,
- да го зголеми производството на себум,
- да го забрза разградувањето на колагенот.
Поради овие ефекти, зголемениот стрес може да доведе до акни, црвенило и губење на еластичноста на кожата. Сепак, кај здрави луѓе, телото самостојно ги регулира нивоата на кортизол и ги враќа во нормала кога стресот ќе помине.
Како да го намалите отокот и да го подобрите изгледот на вашето лице?
Ако сте загрижени за оток, експертите препорачуваат неколку безбедни и докажани методи:
- ладни облоги и масажа на лице,
- производи со ниацинамид или хијалуронска киселина,
- доволно спиење и квалитетен одмор,
- редовно вежбање и медитација за намалување на стресот.
На долг рок, токму малите промени во животните навики даваат подобри резултати од кој било брз и „чудесен“ метод на „Тик-ток“.
Тренд или реалност?
„Кортизол лице“ е првенствено интернет тренд, а не медицинска дијагноза. За повеќето луѓе, причината за оток на лицето не е кортизолот, туку секојдневните фактори како што се исхраната, спиењето или генетиката.
Грижата за вашето здравје, водењето избалансиран живот и намалувањето на стресот остануваат најдобрата превенција – не само за вашиот изглед, туку и за вашата целокупна благосостојба.
Наместо да се самодијагностицирате врз основа на трендовите, секогаш е подобро да го слушате вашето тело и да се консултирате со специјалист доколку е потребно.
фото: принтскрин