Контакт

Забава

Крис Мартин настапи во живо од дома во борба против коронавирусот

Објавено пред

Крис Мартин изведе во живо неколку песни од дома во склоп на сесиите на солидарноста на Global Citizen Festival (Фестивал на глобалните граѓани): Заедно, домашни сесии среде пандемијата на коронавирус.

dobivaj vesti na viber

Фронтменот на „Колдплеј“, куратор на Фестивалот на глобалните граѓани, одби да му дозволи на Ковид-19 да го спречи да не им свири на своите фанови и, наместо тоа, ги послуша барањата и изведуваше препеви на хитовите на бендот вклучувајќи ја Viva La Vida, како и класиката Life on Mars на починатиот Дејвид Боуви.

Хитмејкерот Крис призна дека заборавил некои текстови од постариот каталог на својот бенд.

Во текот на стримингот на Instagram Live („Инстаграм во живо“), Крис искрено призна: „Тешко е да се биде поп-ѕвезда – не знаеш кој те мрази и кој те сака“.

„Додека бев на работа, пробав една песна со автотјун (аудиоефект), мислев дека е супер, но сите го свртеа носот“.

Крис претходно објави на „Твитер“: „Здраво на сите. Се надевам дека вие и вашето семејство сте безбедни и здрави. Ако некој од вас сака да разговара и да слуша музика, одам во живо на Coldplay Instagram за 30-ина минути (13 часот во Лос Анџелес/20 часот во Лондон)“.

Џон Леџенд, Кејт Урбан, Нил Јанг и Јангблад се меѓу многуте музичари што сцената ја заменија со својот дом исто со цел да ги забавуваат своите фанови среде пандемија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Ќе стане број 1 оваа сезона: „Детската“ фризура на Бела Хадид вистински спас за валкана коса

Објавено пред

Познатата манекенка и една од најубавите жени во светот, Бела Хадид, честопати е тема на дискусија кога станува збор за поставување нови модни трендови. Ако ви недостасува инспирација, сè што треба да направите е да „фрлите поглед“ на неа и модата ќе почне сама да се создава.

dobivaj vesti na viber

Бела ја започна оваа 2026 година како вистински трендсетер, а веќе неколку пати беше тема токму поради нејзиниот изглед или некои парчиња облека кои се закануваат да станат задолжителни оваа сезона. Сега таа „се обиде“ и со фризурите, покажувајќи како ги помина божиќните празници.

Првата од серијата фотографии е онаа што привлече најголемо внимание. На неа, манекенката позира во модерно вештачко крзнено палто, додека косата ѝ е сплетена во две плетенки од страна, што потсетува на Пипи Долгиот Чорап.

Бела исплете подолги прамени коса, додека пократките прамени и шишките паѓаа од страна, а со помош на ефектот на Инстаграм или шминката, таа имаше и мали пеги на лицето. Оваа фризура е пожелна и ако навистина мразите да ја миете косата, па затоа е вистинско решение и за сите оние жени кои немаат многу време.

Според сегашните претпоставки, плетенките би можеле да го заземат првото место на листата на омилени фризури во 2026 година.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Маж стави вештачки нокти, па зажали: „А потоа велат дека на жените им е лесно“

Објавено пред

Еден маж од Лондон, Метју Картер, стана вирален по објавата во која сакаше да ѝ докаже на сопругата дека може сè да направи со долги вештачки нокти.

dobivaj vesti na viber

Неговата сопруга до крај инсистираше дека нема да успее во својата идеја и погодете кој е во право…

„Мојата сопруга рече дека нема да издржам ниту еден ден со вештачки нокти и таа беше во право. Не издржав ниту едно утро“, рече тој во видеото.

Метју имаше проблем при возењето, но и на работа, па дури и на тренинг. Ништо не му одеше добро, па сфати дека на жените воопшто не им е лесно.

„Дефинитивно мислам дека секој маж треба да го проба, но имам многу сериозно прашање за дамите – како воопшто успевате да направите сè? Јас дури и не одам во тоалет“, беше искрен Метју.

Видеото брзо стана вирално и привлече големо внимание од жените, со над шест илјади коментари.

„Постојано се држи за рацете како да има свежо налакирани нокти“, „Изгледа како да заборавил дека може да ги свитка прстите“, „А потоа велат дека ни е лесно нам жените“, „Така одеше во теретана?!“, „Убаво ти стојат ноктите“, беа некои од коментарите под објавата.

Прикажи повеќе...

Забава

Кристен Стјуарт откри зошто се откажува од глумата

Објавено пред

Од

Кристен Стјуарт објасни зошто сè повеќе се оддалечува од глумата и се свртува кон режијата – наведувајќи го начинот на кој жените се третираат во Холивуд како главна причина. Пред премиерата на нејзиното режисерско деби, „Хронологијата на водата“, 35-годишната актерка отворено проговори за своите фрустрации од филмската индустрија и рече дека чувствува дека луѓето ја почитуваат повеќе зад камерата отколку пред неа.

dobivaj vesti na viber

„Актерките се третираат како ѓубре, морам да ви кажам“, рече Стјуарт во интервју за The Sunday Times. „Луѓето се однесуваат како секој да може да го направи тоа, но првиот пат кога седнав да зборувам за мојот филм како режисер, си помислив: „Воа, ова е сосема различно – ми зборуваат како да имам мозок.“

Ѕвездата на „Самрак“ додаде дека режисерите, особено мажите, честопати добиваат автоматско почитување – и тоа е дел од поголема нерамнотежа во индустријата.

„Постои идеја дека режисерите имаат некои посебни моќи, а тоа едноставно не е вистина. Тоа е мит што најчесто го овековечуваат мажите“, рече таа. „Актериките честопати се полоши од актерите – се третираат како кукли, а тие не се кукли“.

Потсетувајќи се на неодамнешен разговор со машки колега, таа рече дека тој станал дефанзивен штом таа спомнала родови разлики. „Тој рече дека никогаш не сретнал актерка која не е луда“, откри таа. „Пред неколку години, тој коментар ќе ме натераше да се засрамам… Сега само продолжив со разговорот. Добро е да старееш – полесно наоѓаш мир.“

Стјуарт сега е фокусирана на режијата, а нејзиниот претстоен филм „Хронологијата на водата“, базиран на мемоарите од 2011 година на американската авторка Лидија Јукнавич, треба да излезе наскоро. Во филмот глумат Имоџен Путс, Мајкл Еп, Тора Берч и Ерл Кејв, а истражува теми за траума, автономија на телото и женско изразување.

„Да бев маж, немаше да го снимам овој филм“, рече таа. „Мораме да ја негираме нашата физичка природа секој ден. Има толку многу работи – како породувањето – што се болни и доста убави во исто време, но не зборуваме за тоа бидејќи се перцепира како непријатно или одвратно.“

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Не е тајна дека Мицкоски има работено во бизнис секторот и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скапите часовници на премиерот

Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот...

Македонија58 минути

Блокадите на границите не се решение, загубите ќе бидат големи, смета Стопанската комора

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез...

Македонија1 час

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција информира дека до МВР е доставена најава за одржување...

Македонија2 часа

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ

„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат...

Топ2 часа

Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека...

Македонија2 часа

Ново судење за пожарот во „Пулс“

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, треба да...

Европа3 часа

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека...

Свет4 часа

(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион....

Свет4 часа

(Фото) Зимска бура во САД: Најмалку седум мртви, стотици илјади без струја

Опасната зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави усмрти најмалку седум лица и остави стотици илјади домови без електрична...

Свет16 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ17 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ17 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет20 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија24 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија1 ден

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија1 ден

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија1 ден

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија2 дена

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија2 дена

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет2 дена

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...