Забава
Крунисана е новата Мис Франција
Дијан Лeјр (24) ја освои титулата Мис на Франција за 2022 година.
92. издание на натпреварот за избор на Мис на Франција се одржа во саботата на 11 декември во Zénith de Caen во Нормандија. Дајан Лејр ќе ја претставува Франција или на Мис универзум 2022 или Мис на светот 2022 година.
А на саботниот натпревар, таа ја претставуваше провинцијата Ил-де-Франс.
Покрај Дијан, меѓу првите пет се Флоријане Баскоу (Мартиник), која беше прва придружничка, Сесил Волфром (Алзас), втора придружничка, Туматеата Буисон (Тахити), трета придружничка, и Јусра Аскри (Нормандија), четврта придружничка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Алесандра Амбросио фотографирана на плажа во Лос Анџелес, играше одбојка
Алесандра Амбросио го привлече вниманието на фотографите и минувачите на плажа во Лос Анџелес.
43-годишната бразилска манекенка играше одбојка на плажа во зелен костим за капење.
Судејќи по фотографиите, таа била добро расположена.
Алесандра ја започна својата манекенска кариера во тинејџерските години, а стана меѓународно позната откако беше ангажирана од брендови како што се Ралф Лорен, Кристијан Диор и Џорџо Армани. Таа често се појавуваше на насловните страници на Vogue, Harper’s Bazaar, GQ, Elle и Glamour. Во 2004 година стана ангел на Викторија и беше заштитно лице на брендот до 2017 година.
Забава
Ева Лонгорија блесна во сребрен фустан без прерамки во Париз
Ева Лонгорија (49) блесна на црвениот тепих на Global Gift галата во Париз во саботата вечерта.
Актерката прошета во сребрен фустан без прерамки. Овој смел фустан ја истакна нејзината фигура.
Модната комбинација ја заокружи со дијаманти околу вратот, а косата и беше исправена.
На овој настан ѝ се придружи и нејзиниот шестгодишен син Сантијаго, кој го има со сопругот Хозе Бастон.
Забава
(Видео) Читач на усни со вештачка интелигенција откри што и рекол Феникс на Лејди Гага по гледањето на новиот „Џокер“
Читач на усни со вештачка интелигенција откри што Хоакин Феникс наводно и рекол на Лејди Гага откако го гледале нивниот нов филм Joker: Folie à Deux. Односно, барем така изгледа според видеото кое се шири на социјалните мрежи.
Феникс и Лејди Гага глумат во новиот филм за Џокер и беа видени како разговараат откако го гледаа на филмскиот фестивал. Видеото се шири на социјалните мрежи, а многумина се обидоа да откријат што си кажале.
— j (@gagagraygaga) October 7, 2024
Иако Феникс главно беше свртен со грбот кон камерата, се чини дека филмот не му се допадна. Феникс го нарече филмот „ужасен“, додека Гага инсистираше дека не е. Феникс продолжи да разговара за тоа како крајот „можеше да биде поинаков“, додека Гага тврдеше дека „го обожува филмот“.