Забава
Лавица убила лав во зоолошка градина во САД

Дванаесетгодишната лавица Зури го задавила својот партнер Нјак во нивниот простор во зоолошката градина во Индијанаполис, пренесе Би-би-си. Со десетгодишниот лав Зури живеела осум години, а во 2015 година добиле три младенчиња.
„Нјак беше величествен лав и на сите ќе ни недостига“, навела управата на зоолошката градина додавајќи дека е спроведена темелна истрага за тоа што го предизвикало судирот.
Персоналот рекол дека ги испаничило ненадејно и невообичаено рикање кое доаѓало од просторот за лавови. Кога дошле, ја виделе Зури како со вилицата го држи за вратот својот партнер, но и покрај напорите да ги разделат, нејзината вилица не пуштала сè додека Нјак не престанал да дава отпор.
Од зоолошката градина велат дека меѓу лавот и лавицата досега немало агресивно однесување, но во природата се забележани слични напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Доделени наградите САГ: на најдобриот филм му предвидуваат и освојување на Оскарот

Психолошкиот трилер за изборот на нов папа, „Conclave“, триумфираше на 31-то доделување на САГ наградите во неделата, освојувајќи ја главната награда. По освојувањето на наградата БАФТА, многумина веруваат дека тој има добри шанси да добие Оскар.
Во телевизиските категории, епската серија „Shōgun“, сместена во феудална Јапонија, и комедијата „Only Murders in the Building“ освоија награди за најдобра драма и најдобра хумористична серија.
„Shōgun“ доминираше во ТВ категориите со вкупно четири награди, вклучително и награди за водечки актери. Хиројуки Санада и Ана Саваи ги добија наградите за најдобар актер и актерка во драмска серија.
Интересно е што ниту еден филм не освоил повеќе од една награда. Победата на „Conclave“ доаѓа во време на непредвидлива сезона на награди, во која контроверзите ги исфрлија од игра поранешните фаворити како „Emilie Pérez“. Филмот „Anora“, кој ја загуби главната награда од „Conclave“, сепак освои награди за режија и продукција, позиционирајќи се меѓу главните фаворити за Оскарите.
Но, имајќи предвид дека „Conclave“ сега ги освои и наградите САГ и БАФТА, се зголемуваат шансите овој филм за изборот на папата да триумфира на Оскарите.
Тимоти Шаламе (A Complete Unknown) и Деми Мур (The Substance) ги добија наградите за најдобар актер и актерка.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Киеран Калкин (A Real Pain), додека Зои Салдања (Emilia Pérez) ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.
Забава
Секогаш подготвени за кавга, бесот им е второто име: овие хороскопски знаци можат да ги изгубат нервите поради ситница

Со сигурност можеме да ги наречеме кралеви на нервните сломови, нивното трпение секогаш е при крај, па дури и најмалата работа може да ги исфрли од рамнотежа.
Ако некогаш сте помислиле дека некој е премногу драматичен и дека ги губи нервите поради ситници, голема е шансата да припаѓа на еден од овие два хороскопски знаци.
Нивниот стрес, напнатост и емоционални реакции им се познати на сите околу нив.
Овен
Импулсивен, темпераментен и секогаш подготвен за борба, Овните немаат трпение за бавни луѓе, неправда или какво било доцнење. Кога нешто ќе ги исфрли од колосек, нема да морате да погодувате – ќе знаете веднаш.
Девица
Перфекционисти со високи стандарди, Девиците лесно ги губат нервите кога работите не одат според планот. Нивната потреба за ред и контрола ги прави чувствителни на хаос и несовршености.
Без разлика дали се работи за бесот на Овен или за пасивно-агресивна критика на Девицата, овие знаци навистина ја заслужуваат титулата кралеви на нервните сломови.
Забава
(Видео) Снаата на Трамп објави песна, луѓето и се потсмеваат: „Ова е најлошото нешто што сум го слушнала“

Лара Трамп, снаата на американскиот претседател Доналд Трамп, минатиот петок објави песна наречена No Days Off, која е создадена во соработка со музичарот Френч Монтана.
Сопругата на Ерик Трамп ја изненади јавноста со нов сингл во кој пее за тоа како нејзината работа често се одвива надвор од очите на јавноста. Лара во стиховите зборува за тоа како една личност е многу посложена од она што јавноста го гледа на екранот, а инспирацијата за фотографијата ја најде во филмот „Mr. & Mrs. Smith“.
Додека некои обожаватели на Доналд Трамп се воодушевени од нејзината музика, други безмилосно ја исмеваа, а имаше и интересни коментари, како на пример дека нејзиниот глас е „злосторство против човештвото“.
„Не мора ни да го слушам ова за да знам дека е страшно“, „Ова е најлошото нешто што сум го слушнал“ и „Таа има ужасен глас“, се само дел од коментарите.