Контакт

Бизарно

Лекари извадиле 122 клинци од желудникот на пациент

Објавено пред

Лекари во болницата во главниот град на Етиопија, Адис Абеба, од желудникот на триесет и тригодишен пациент со оперативен зафат извадиле 122 клинци и уште неколку остри предмети, соопштија болнички извори.

dobivaj vesti na viber

„Пациентот веќе десет години страда од ментална болест, а пред две години ја прекина терапијата со лекови, што веројатно е главна причина за консумирање на опасните предмети“, изјави за новинарите Давид Тер, хирург во болницата „Сент Пјер“ во Адис Абеба.

Покрај 122 клинци долги по десет сантиметри, пациентот проголтал и две игли, чепкалка за заби и неколку парчиња стакло. Лекарите претпоставуваат дека во организмот ги внесувал со помош на вода за пиење.

„Пациентот е среќен што острите предмети не ја исекле мембраната и не нанеле повреди на внатрешните органи бидејќи тоа можело да резултира со тешка инфекција и смрт“, истакнал лекарот.

Тој додал дека претходно правел слични операции на ментално болни пациенти, но дека ниту еден од нив досега не проголтал толку многу опасни предмети.

 

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Често миење раце, фрлање ѓубре со ракавици и дезинфекциони бариери во школите препорачаа лекарите од ИЈЗ

Засега не е регистриран пораст на заболувања кои можат да бидат предизвикани од натрупаното ѓубре по улиците во Скопје, велат...

Македонија4 часа

(Видео) Mециновиќ за отпадот во Скопје: Владата намерно го остави градот да дојде до колапс за потоа да се прикажува како херој

Амар Мециновиќ, кандидатот на Левица зa градоначалник на Град Скопје во вториот круг на локалните избори, со предупредување за алармантната...

Македонија4 часа

М-НАВ: Тасевски призна дека штрајкот што го најави беше незаконит и свесно спроведува атака

На 22.10.2025 година М-НАВ АД Скопје преку правниот застапник адвокат Горан Николовски одржа прес-конференција, на која беа презентирани ставовите и...

Македонија5 часа

Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски

Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на...

Македонија5 часа

Каде скопските градоначалници го одлагаат собраниот отпад, прашуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на...

Македонија6 часа

Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња, нивното дислоцирање од една во друга општина е сурова и опасна пракса, порачуваат од „Анима мунди“

Во последниот период сведочиме на повторливи, систематски и сурови случаи на дислоцирање цели легла и глутници кучиња во градот Скопје...

Македонија8 часа

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово,...

Европа9 часа

(Видео) Акција на украинските падобранци: ослободија село, заробија 50 Руси

Украинските воздушни напаѓачки сили го ослободија селото Кучерив Јар во Донецката област, заробувајќи повеќе од 50 руски војници и спасувајќи...

Свет10 часа

Ким Џонг-ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не може да ги прекинат врските со Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија ќе напредува непрекинато, објави државната медиумска агенција...

Свет11 часа

Белата куќа: Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател следниот четврток

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг следниот четврток, соопшти Белата куќа. Трамп ќе присуствува...

Европа11 часа

(Видео) Се појави нова снимка од бегството на крадците од „Лувр“

Се појави неверојатна снимка од двајцата крадци кои лежерно бегаат од Лувр откако украле француски крунски скапоцености во вредност од...

Европа11 часа

Мерц: Ќе разговарам со Американците, се надевам дека „Роснефт“ ќе биде ослободен од санкциите

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека претпоставува дека германското делување во Роснефт ќе биде исклучено од американските санкции наметнати врз...

Македонија20 часа

Коалиции се градат со вредности, не со етнички поделби, му порача Мицкоски на Касами кој најави поддршка за ДУИ во Кичево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на изјавата на лидерот на Беса од „Влен“, Билал Касами, кој во интервју за...

Македонија1 ден

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, можеби ќе ви се исполни“

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба се осврна на...

Македонија1 ден

Даниловски алармира: Глувците во Скопје шират ризик од болести, преминат е Рубиконот, потребна е итна интервенција

Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски предупреди дека Скопје се соочува со закана за јавното здравје, повикувајќи на итна, координирана интервенција...

Македонија1 ден

Независниот кандидат Милосим Војнески се повлече од вториот круг во Македонски Брод

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка пред вториот круг...

Македонија1 ден

Не сакаме да се повтори сценариото со Арсовска, ние сме тука за скопјани, не за поединци, рече Мециновиќ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст...

Македонија1 ден

Скопските лихвари им ги одземале имотите на оние кои не можеле да ја вратат позајмицата, каматата била и до 15 отсто месечно

Полицијата спроведе координирана акција на повеќе локации низ Скопје и приведе 11 лица осомничени за лихварство и перење пари, а...

Македонија1 ден

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во...

Свет1 ден

Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта

Американското Министерство за финансии воведе нов пакет санкции против две најголеми руски нафтени компании – „Роснефт“ и „Лукоил“, со цел...