Забава
Лејди Гага бакна жена среде снимање филм: сега и двете ќе одиме во пеколот
Лејди Гага ќе ја глуми Харли Квин во долгоочекуваното продолжение на „Џокер“, Folie à Deux, а една сцена од снимањето на филмот ги избезуми фановите.
Ѕвездата на „Куќата Гучи“ снимала во зградата на Врховниот суд заедно со својот колега Хоакин Феникс. Во текот на сетот Гага била видена како бакнува една жена минувач.
Таблоидите открија што претходело на ваквиот потег, а снимката од сетот набргу стана вирална.
Гага, односно Харли Квин, поминува покрај жена во толпа, која ѝ вика: „Ќе одиш во пеколот!“ Гага потоа се враќа назад, ја фаќа главата на жената и ја бакнува.
„Сега и двете ќе одиме во пеколот“, ѝ вели.
Фановите не престануваат да го коментираат моментот на бакнежот.
„Дали мислите дека оваа жена едноставно мирно ќе продолжи со својот живот откако ја бакна Лејди Гага?“ напиша еден фан, а друг додаде: „Ја видов оваа сцена со свои очи, тоа е крај за мене, момци“.
„Дали оваа жена е свесна колку имала среќа, Лејди Гага ја бакна“, напиша трет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои се љубоморни на своите браќа и сестри
Не, ова не е класичното благо ривалство помеѓу браќата и сестрите. Знаците кои се љубоморни на своите блиски можат да одат чекор понатаму.
Дури и кога се млади, овие хороскопски знаци се однесуваат прилично лошо со своите браќа и сестри. Тие се љубоморни, конкурентни и бараат внимание од родителите само за нив. Нивните родители секојдневно мораат да се справуваат со расправии и викање низ дома, а често има моменти кога мораат да носат и мировен шлем.
Хороскопски знаци кои се љубоморни на своите блиски
Овен
Ако Овенот е првото дете во семејството, тогаш проблемот е уште поголем. Тие ги гледаат своите браќа и сестри како закана и конкуренција. Претставниците на овој знак се многу себични и сакаат се да биде нивно. Не знаат да ги споделат работите и доколку нивните помлади роднини не се послушни, тоа ќе биде голем проблем што ќе треба да го решат на свој начин. Што секако нема да биде одлично решение.
Шкорпија
Шкорпиите се многу љубоморни и посесивни. Сакаат се за себе. Поточно, тие сакаат се или ништо. Ќе направат се за да земат се од нивните браќа и сестри затоа што се разбира, тоа (што и да е) им припаѓа само нив. Ќе станат злобни и ќе им постават стапица на своите роднини. Тие се посесивни дури и кога се во прашање нивните родители и веруваат дека му припаѓаат нему и не сакаат да ги делат со никого.
Бик
Биковите функционираат на сличен начин како и Шкорпиите. Тие се и многу посесивни и љубоморни и сакаат се за себе. Ним им треба целото внимание, без разлика дали се работи за игра, музичка изведба или само соба во куќата. Тоа е доволно само за нив и ништо друго не им треба.
Лав
Иако се на крај, немојте да мислите дека тие се помалку конкурентни или љубоморни од другите знаци. Особено, ако се првородени. Тогаш тие се за нијанса позлобни кон своите роднини. Тоа е затоа што чувствува дека неговиот престол е дома. Зошто дојдовте во семејството и зошто сите одеднаш се загрижени за вас? Ова е особено проблематично ако другото дете се гледа како слатко и привлекува внимание.
Забава
(Видео) Ким Кардашјан објави снимка од тинејџерските денови: „Иста си како Норт“
Ким Кардашјан објави видео од детството, поточно од тинејџерските денови. Видеото го снимила сестра ѝ Клои.
„Нејзиното име е Ким, таа е многу убава и ќе стане позната кога ќе порасне“, вели Клои во видеото, на што Ким одговара: „О, јас го знам тоа“.
„Клои, снимател и вештерка“, се пошегува најпознатата светска старлета во описот на видеото.
„Иста си како Норт“, „Како да гледам во Норт“, напишале следбениците споредувајќи ја Ким со нејзината најстара ќерка Норт.
Забава
За фустанот на оваа жена во Кан не престанува да се зборува, а јасно е и зошто
Масиел Таверас, актерка и поранешна мис универзум на Доминиканската Република, пристигна на црвениот тепих во Кан облечена во фустан од дизајнерката Џанина Азар со бел заден дел, долг четири метри, на кој сликарот Јан Паез го насликал ликот на Исус Христос.
Фустанот „Ел Кристо“ е проценет на 450 илјади долари.
View this post on Instagram
„Тоа е синот божји, еве го првпат на 77. Филмски фестивал во Кан“, напиша Масиел Таверас на „Инстаграм“ додавајќи дека е пресреќна и благодарна што имала можност да го покаже тоа.