Забава
Лејди Гага повторно е во контакт со поранешниот свршеник Кристијан Карино, но како пријатели
Речиси 10 месеци по откажувањето на свршувачката, Лејди Гага и нејзиниот поранешен свршеник, агентот за таленти Кристијан Карино, почнаа да разговараат меѓу себе.
Извор за американскиот таблоид US Weekly тврди дека Гага (33) и Карино (50) повторно зборуваат, но како пријатели, нагласи изворот.
Гага и Карино ја објавија својата свршувачка во октомври 2018 година по првата средба на почетокот на 2017 година, но ја поништија во февруари годинава.

Истиот извор додаде дека Гага во моментот нема сериозна врска по разделбата со Карино.
Шпекулациите за нивната разделба почнаа да се вртат во февруари кога таа беше видена на доделувањето на наградите „Греми“ без розовиот свршенички прстен.
Во меѓувреме, Гага три месеци беше во врска со Дан Хортон, но во октомври таа на „Инстаграм“ објави дека е „сингл леди“.
Карино почна да се дружи со публицистката Робин Баум во август, шест месеци по разделбата од славната поп-ѕвезда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

