Забава
Лејди Гага размислува да има семејство со свршеникот: „Подготвена сум за деца“
Американската мегаѕвезда Лејди Гага откри неколку интересни детали во ново интервју.
Таа за магазинот „Ел“ изјави дека сериозно размислува да основа семејство со нејзиниот свршеник, бизнисменот Мајкл Полански.
„Семејство – тоа е како корените на дрвото. Расте многу, понекогаш е деформирано, понекогаш е полно со вода, а понекогаш е жедно. Семејството ве прави тоа што сте и ја дефинира вашата потреба за промена“, истакна Гага.
На прашањето дали планира да има деца, пејачката одговори кратко и јасно: „Подготвена сум“.
Таа се осврна и на својот живот во центарот на вниманието и вели дека ќе им дозволи на децата да формираат свое мислење за тоа.
„Би сакала моите деца да разберат дека зависи од нив што значи мојата уметност за нив. Никогаш не би сакала да ги обликувам нивните мислења или да им кажам како да размислуваат за мене. Тоа е нешто за што Мајкл и јас разговаравме многу – да дозволиме нашите деца да бидат свои“, заклучи Гага.
Лејди Гага и Полански ја почнаа својата врска непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирусот. Својата врска, па дури и свршувачката, ја чуваа во целосна тајна до Венецискиот филмски фестивал. Таму прошетаа на црвениот тепих држејќи се за раце, а Лејди Гага го покажа дијамантскиот свршенички прстен.
Пејачката еднаш откри дека Полански ја побарал за жена во април. За нивната свршувачка имаше шпекулации подолго време. Лејди Гага го нарече свој свршеник кога го запозна францускиот премиер Габриел Атал, а подоцна беше фотографирана како го носи свршеничкиот прстен во неколку наврати.
Кон крајот на минатата година таа во ток-шоуто на Џими Кимел рече дека таа и Мајкл имале неколку идеи за нивната венчавка: „Всушност, зборуваме да одиме во матичар само ние двајца и да нарачаме кинеска храна. Но, знаејќи ме, тоа може да стане како циркус со еднорози“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Денешниот датум 12.12. е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа
Датумот 12.12. во нумерологијата се смета за еден од посилните во годината поради повторувањето на бројките и нивната симболика. Според нумеролозите, овој ден е поврзан со засилена интуиција, промени и завршување на еден животен циклус.
Бројот 12 симболизира транзиција – спој на индивидуалноста и иницијативата (1) со рамнотежата и партнерството (2). Нивниот збир дава број 3, кој се поврзува со креативност, комуникација и изразување. Кога датумот се повторува, како на 12.12., се верува дека оваа енергија е засилена.
Нумеролозите наведуваат дека 12.12. е погоден ден за донесување одлуки, затворање на стари ситуации и јасно дефинирање на насоката за наредниот период, особено пред крајот на годината. Денот се поврзува и со потребата за поставување граници, искрена комуникација и интроспекција.
При збир на целиот датум (1+2+1+2) се добива бројот 6, кој симболизира хармонија, дом, семејство и одговорност, поради што 12.12. често се поврзува со емотивна зрелост и приватниот живот.
Според нумеролошките и духовни толкувања, датумот 12.12. може да се искористи преку едноставни, симболични чекори кои не вклучуваат сложени ритуали. Простување и отпуштање – на хартија да се запишат работите што биле товар во текот на годината, а потоа безбедно да се уништи, со симболично „отпуштање“ на товарот. Јасна визуелизација – во 12:12 часот, со затворени очи, да се замисли една конкретна желба како веќе остварена, со фокус на чувството што таа го носи. Чин на добрина – да се направи нешто убаво за непозната личност, како симбол на давање и поврзаност.
Во текстот се споменува и т.н. „техника на огледало“, при која лицето гласно изговара позитивна порака пред огледало, што се толкува како психолошка поддршка за надминување на сомнежите и зајакнување на самодовербата.
Според овие толкувања, 12.12. се гледа како симболичен момент за носење одлуки и лична посветеност, без чекање на почетокот на новата година.
Забава
(Фото) Повторно облече проѕирна кошула и покажа сè: „Вистинска бомба“
Пејачката Дуа Липа секогаш наоѓа начин да привлече внимание, главно на социјалните мрежи. Покрај своите вокални способности, таа може да се пофали и со беспрекорен стил, а атрактивните, малку провокативни изданија се нејзин заштитен знак.
И се чини дека повторно играше на таа карта…
Неодамна објави компилација од жешки фотографии на Инстаграм, во различни пози. Сепак, вниманието го привлече нејзината облека, поточно, проѕирна маица со златни детали што откриваа „проблематичните“ делови од телото.
Липа намерно го оставила градникот дома и ги покажала своите атрибути.
Својот стајлинг го комплетираше со миди здолниште со интересен принт, чанта од кожа и крзно и преголеми златни обетки.
Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за модерна, неуредна пунџа, како и шминка во земјени тонови што совршено го заокружија овој необичен моден изглед.
Следеа коментари на Инстаграм.
„Вистинска бомба“, „Прекрасна си“, „Ја обожавам таа кошула“, се само неколку…
Забава
(Видео) Бившата на Дикаприо во „опасен“ корсет од 3.800 евра: Покажа многу повеќе од очекуваното
Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо, актерката Камила Мороне (28), блесна на премиерата на втората сезона од серијата „Night Manager“ во Лондон, а нејзиниот изглед привлече големо внимание.
@camilamorronebrasil Camila Morrone wearing Carolina Herrera for the The Night Manager season 2 premiere! @Carolina Herrera #camilamorrone #tomhiddleston #thenightmanager #diegocalva ♬ Feel Good – Clara La San
За овој важен настан, таа избра смела модна комбинација која се состоеше од златен корсет вреден дури 3.800 евра и проѕирно црно здолниште од брендот Carolina Herrera.
@camilamorronebrasil Stories posted by Cami today ❤️ #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ original sound – Tom Walker The Music Man
Златниот корсет ѝ помогна на убавата актерка да ги привлече сите погледи, а своето убаво лице го истакна со дискретна шминка.
@camilamorronebrasil The cast of The Night Manager season 2 ❤️🔥 #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ Tuyo – Rodrigo Amarante
Имаше и лежерна фризура, а уште еднаш нè потсети зошто Леонардо Дикаприо „се заљуби“ во неа.
@camilamorronebrasil Camila Morrone, Tom Hiddleston and Diego Calva for the Night Manager season 2 premiere 😻 #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ safety net – Ariana Grande
Целиот стајлинг го комплетираше само со ѓердан и црн лак за нокти, а беше одлично расположена во текот на вечерта. Позираше со своите колеги и се шегуваше пред собраните фотографи.
Таа беше во врска со Леонардо Дикаприо повеќе од четири години, а нивната врска беше една од најгледаните во светот на славните, делумно поради големата разлика во години – дури 23.

