Забава
Лизо предизвика онлајн дебата за тело со 10-дневната диета

Американската поп-sвезда Лизо предизвика дебата за позитивноста на телото откако објави видеа за тоа колку напредува во 10-дневната диета со смути и мали количини храна, позната како детокс смути.
Добитничката на „Греми“ претходно беше пофалена за својот позитивен став за телото, славејќи ги „големите девојки“ во песни како Juice.
А сега, во серија видеа на популарната апликација „Тик-ток“, таа ги опиша своите обиди за слабеење.
Многу фанови ги пофалија нејзините напори од здравствени причини, додека други ја критикуваа за охрабрување на „диетална култура“. Разговорот околу тежината на Лизо повторно беше отворен откако таа ги покажа своите нови резултати од диетата, велејќи дека тоа направило да се чувствува „неверојатно“.
По реакциите на фановите, позитивни и негативни, таа одговори со ново видео, објаснувајќи дека е горда на резултатите. „Секоја голема девојка, може да прави што сака со своето тело“, вели таа.
„Диетата го подобри мојот сон, кожата и внатрешниот мир, како и менталната стабилност. Јас сум горда на моите резултати од детокс смути, бенефитот од него е огромен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Рамбо Амадеус го откажа концертот во Хрватска по скандалот со Бајага

Рамбо Амадеус го откажа својот настап на фестивалот во Солин, Хрватска. Се чини дека причината е солидарност со колегата Момчило Бајагиќ Бајаг, чиј концерт на истиот фестивал беше откажан, пишува „Б92“.
„Известување до сите фанови – со оглед на тоа што не се исполнети сите услови за настап, ние само што го откажавме концертот на фестивалот во Солин. Се надеваме дека условите за свирката ќе бидат исполнети во иднина“, напиша Рамбо на својот официјален профил на Фејсбук.
Рамбо требаше да настапи на 23 август, денот по планираниот концерт на Бајага и Инструктори. Организаторите на фестивалот „Кава Фест“, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето, не ги објавија причините за откажувањето на Рамбо, но некои се сомневаат дека подлегнале на притисок.
Организаторите претходно објавија дека концертот на Бајага, закажан за 22 август 2025 година, е откажан „поради безбедносни и технички причини“.
Сепак, далматинскиот портал објави дека причините се од поинаква природа – наводно организаторите со недели биле под притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност, и покрај фактот дека тој со години настапувал низ цела Хрватска – од Пула до Дубровник. На крајот, наводно, овие притисоци довеле до откажување на концертот.
Менаџерот на Бајага вчера по откажувањето на концертот откри дека токму Рамбо Амадеус го повикал Бајага и рекол дека нема причина да настапува откако концертот на Бајага бил откажан.
Забава
Фустанот на Брукс Надер откри повеќе на црвениот тепих, манекенката продолжи да позира

Брукс Надер, модел на „Спортс илустрејтед“ и жена што ја нарекуваат „кралица на бикините“, доживеа несреќа на доделувањето на наградите „ЕСПИ“ во Лос Анџелес.
Додека позираше на црвениот тепих, нејзиниот фустан со длабоко деколте малку избега и откри повеќе отколку што требаше пред фотографите.
Брукс не изгледаше премногу загрижена за тоа, па продолжи да позира без никакви грижи.
Брукс Надер е родена е на 7 февруари 1996 година. Уште од рана возраст покажа интерес за мода и гламур, но дури откако се пресели во Њујорк успеа да направи сериозен пробив во индустријата.
Нејзината кариера доби на интензитет откако победи на натпреварот „Sports Illustrated Swimsuit’s Model Search“ во 2019 година, со што се најде на насловната страница на познатото списание, кое ги лансираше кариерите на многу модели пред неа. На крајот го доби прекарот „кралица на бикини“.
Брукс е во брак со инвестицискиот банкар Били Хејр, со кого живее во Њујорк.
Забава
(Фото) Лицето на актерката, едноставно, хипнотизира: дали љубовта е виновна за нејзиниот изглед

Актерката Елизабет Харли е често активна на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“.
Таа редовно објавува фотографии во бикини, кои предизвикуваат воздишки и погледи од јавноста, а овој пат не ја пропушти можноста повторно да го стори тоа.
Како што можете да видите, Лизи гордо позира во сино бикини, кое ја покажа нејзината завидна фигура, но и природните атрибути.
View this post on Instagram
Сепак, овој пат нешто друго го привлече вниманието на љубопитните гледачи. Наместо нејзините бујни гради и прекрасните облини, лицето и заводливиот изглед на актерката, едноставно, хипнотизираа на малите екрани.
Многумина се изненадени и прашуваат – дали нејзината врска со Били Реј Сајрус ѝ одговара и дали тоа се одразува на нејзиниот зачудувачки изглед или е тоа начинот на кој позира?
Во секој случај, никогаш порано не сме виделе ваков изглед на кралицата на бикини – и можеме со сигурност да кажеме дека воодушевува.