Забава
Лондон најдобар град во светот за студенти
Лондон е избран за најдобар град во светот за студентите. Листата од топ 30 најдобри градови за студенти, направена од групата за високо образование QS, претходно на прво место ги постави Монтреал и Париз. Најдобрите десет градови во светот од листата се следните:
Лондон, Мелбурн, Монтреал, Париз, Минхен, Берлин, Цирих, Сиднеј и Сеул.
Рејтинзите се базирани врз основа на фактори, како што е бројот на врвни универзитети во градот, локалниот пазар на работни места, разновидноста на културата и квалитетот на животот. Но, Лондон е лошо рангиран за една од мерките, а тоа е достапноста, односно високиот стандард за живот.
За студентите во Лондон има повисока концентрација на институции од светска класа отколку во кој било друг град, вклучувајќи ги Империјал колеџот, Универзитетскиот колеџ во Лондон, Лондонската школа за економија и Кралскиот колеџ. Студентите исто така имаат пристап до културниот живот – музеите, театрите, кината и рестораните.
Исто така се смета за добро место за поврзување со работодавците и за вработување.
Лондон постигна висок рејтинг за тоа што е навистина меѓународен град со високи нивоа на толеранција и разновидност, така што странските студенти нема да се чувствуваат изолирани или исклучени.
Но, кога станува збор за трошоците за живеење и достапност, Лондон лошо е рангиран, со оглед дека е скап и тежок за студентските буџети.
Бен Соутер, директор за истражувањето на QS, вели дека резултатите покажуваат дека Лондон останува одлично место за учење, и покрај високите трошоци за живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

