Забава
Луксузниот часовник на Тито што беше украден во Србија е пронајден на аукција во Хонгконг

На аукција во Хонгконг е пронајден луксузниот часовник на Тито, што беше украден пред десет години во Србија.
Часовникот исчезна во Музејот на Југославија за време на изложбата на часовници кои Тито ги добил на подарок или ги купил за својата колекција.
Српската министерка за култура, Маја Гојковиќ, соопшти дека се пронајдени украдени уметнички дела, меѓу кои брош и часовникот „Патек Филип“, кои му припаѓале на Јосип Броз Тито.
Часовникот по повеќе од една деценија се појави на аукција во Хонгконг, која веднаш беше суспендирана откако директорката на Музејот на Југославија, Неда Кнежевиќ, објави дека се работи за украден часовник.
Гојковиќ рече дека вредноста на украдените артефакти од Србија на црниот пазар на уметност е околу половина милион евра.
Таа потсети на исчезнувањето на златна чанта, околу која во 2019 година изби голема афера и сè уште се трага по неа. Датира од крајот на 19 век и заедно со неа исчезнале белезици, часовници, синџири и прстени.
Неодамна во Цирих е пронајдена слика која исчезнала пред 20 години, пренесува „Блиц“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Радовиш во ритам: „Нокаут“ и легендарните „Дивље јагоде“ за Денот на македонските рудари

На 28 август, Радовиш ќе заживее во ритамот на големата музичка прослава по повод Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш. Во организација на рудниците Бучим и Боров Дол, оваа година публиката ќе има можност да ужива во настапите на два големи регионални бенда – нашите „Нокаут“ и легендарните „Дивље јагоде“, во вечер која ветува незаборавно музичко доживување.
Од 21:00 часот, сцената ќе ја запали македонскиот поп-рок бенд „Нокаут“, кој повеќе од две децении плени со своите емотивни балади и енергични хитови. Ќе се пеат од срце песни како Лебедот бел, За нас, Временска машина, Мене ми припаѓаш, Во бестрага, Кога ме сакаш ти, Еј би си, Илјада причини за крај…и многу други, создавајќи атмосфера која спојува неколку генерации.
Во 23:00 часот, рок легендите „Дивље јагоде“, бендот кој ја дефинираше “hard & heavy” сцената на Балканот, ќе ја преземат сцената со своите препознатливи рифови и безвременски песни како Мотори, Шејла, Не желиш крај, Једина моја, Криво је море, Ауто стоп, Кап по кап, Марија, Сарајево, ти и ја… Со повеќе од четири децении музичка историја, нивниот настап ќе биде вистински спектакл за љубителите на моќен звук. Организаторите ветуваат вечер исполнета со врвна музика, силни емоции и забава што ќе се памети.
„Влезот е слободен, а потребно е само добро расположение и желба за заедничко славење на овој посебен ден. Радовиш е подготвен за уште една незаборавна ноќ – бидете дел од оваа музичка магија и заедно да го прославиме Денот на македонските рудари и Денот на градот“, порачуваат организаторите.
Забава
(Видео) Мадона се прошета во Италија со своето 38 години помладо момче: „Внукот оди рака под рака со баба“

Мадона пристигна во Италија со својот партнер Акем Морис, кој е 38 години помлад од неа. Покрај него, таа беше придружувана од група мажи кои ја чуваа од потенцијални напаѓачи.
Додека шеташе по улиците на Фиренца, многумина беа изненадени од нејзиното забавено движење. За дневната прошетка, таа одлучи да носи долг, широк син фустан, а на својот стил додаде и големи очила и шапка за да го „заштити“ својот идентитет.
Сепак, таа не успеа во тоа, а јавноста веднаш ја препозна и забележа едно нешто – Мадона одеше со малку згрбавена поза, држејќи се за своето помладо момче.
Коментарите на социјалните мрежи беа немилосрдни:
„Внукот оди рака под рака со баба“, „Од Мадона до мојата баба – за момент“, „Мислев дека ја видов кралицата Елизабета за момент“, „Ова е доказ дека премногу вежбање боли, изгледа многу постара од своите години“, „Оди како стара жена, сигурно е во неволја“, „Изгледаш како да имаш 87, а не 67 години“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
Најшармантните дами во зодијакот се раѓаат во пет хороскопски знаци

Никогаш нема да ги заборавите овие пет убавици – тие се карактеризираат со извонредна убавина, но она што ги оживува вашите спомени е нивниот карактер. Погледнете кои се тие….
Овен
Жената Овен има незаборавни црти на лицето, таа е впечатлива и маркантна. Таа секогаш има нешто што ќе се издвои – без разлика дали станува збор за посебни очи или совршена линија.
Тие се енергични и силни, но во исто време и сензуални. Вашето искуство со нив сигурно ќе биде незаборавно.
Лавица
Нејзиното однесување и изглед секогаш ве оставаат без зборови. Таа е вистински пример за харизма бидејќи плени со целата своја појава – и изгледот и личноста.
Обожава да се дотерува и средува, и нема да биде тешко да ја забележите во толпа. Но, она по што ќе ја паметите е нејзиниот став, хумор и топлина.
Шкорпија
Нејзината убавина е секогаш над просекот. Таа е впечатлива, со прекрасна коса и импресивна фигура. Таа е божица на силата, иницијативата и практичноста. Таа е паметна, длабока и има јасни граници. Затоа сите ја обожаваат затоа што е едноставно – фатална.
Стрелец
Оригиналноста е нејзино второ име, а шармот е трето. Има широк круг пријатели, ги сака луѓето и сите ја сакаат. Таа е единствена поради нејзината независна и посебна личност која, кога ќе ја запознаете, брзо ви влегува под кожа.
Водолија
Жената Водолија е една и единствена. На почетокот ќе ве привлече нејзината топлина, хумор и интерес за светот, а нејзината креативност и оригиналност ќе ве задржат со неа.
Таа го гледа светот со сосема поинакви очи и често го кажува она што другите го мислат, но не сакаат да го кажат. Не ѝ е грижа што другите велат за неа, а тоа ја прави уште попривлечна.
фото: принтскрин