Забава
Мадс Микелсен против методично глумење: претенциозно е
Американските и некои британски актери често во интервјуата зборуваат за методската техника на глума. Од Бенедикт Камбербач во „Моќта на кучето“ до Лејди Гага и Џаред Лето во „Куќата Гучи“, но Данецот Мадс Микелсен не е воодушевен од ваквиот начин на припрема за улога.
Во интервју за британскиот магазин „Џеј-кју“, Микелсен рече дека сето тоа е глупост нарекувајќи го пристапот претенциозен.
Методска глума е техника што ја користат актерите за целосно емотивно да се идентификуваат со луѓето и ликовите што ги глумат. Актерот се стреми целосно да се идентификува со ликот што го глуми и физички и ментално. И долго време останува во улогата на ликот што го глуми, па дури и надвор од сетот.
Всушност, Микелсен во текот на својата кариера научи многу нови вештини, странски јазици, јавање или мечување за своите улоги, но никогаш не користел методично глума.
„Тоа е глупост. Можеш да ја доведеш подготовката до ниво на лудило. А што ако филмот е лош, што си постигнал? Треба ли да ме импресионира тоа што никогаш не сте излегле од улогата? Треба да излезете од улогата уште на почетокот. Како се подготвувате за улога на сериски убиец? Дали ќе поминете две години подготвувајќи се за тоа?“, вели Микелсен во интервјуто.
„Тоа нема врска со квалитетот на глумата“, додава тој обвинувајќи ги медиумите дека ги изедначуваат методските глупости со вистинските актерски способности. „Медиумите тоа го доживуваат како ‘боже мој, тој ја сфатил улогата толку сериозно, фантастичен е, ајде да му дадеме награда’. И сите знаат за тоа и така тоа станува голема приказна“.
И додека овој пристап го прославија актерските легенди како Роберт де Ниро и Даниел Деј Луис, Микелсен нагласува дека тоа нема никаква врска со квалитетот на нивната глума и дека со задоволство би соработувал со нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,