Контакт

Забава

Манекенка го тужеше Ексл Роуз за сексуален напад

Објавено пред

Фронтменот на американскиот бенд „Gans and Roses“ Ексл Роуз (61) ќе се појави на суд за наводен сексуален напад на поранешната манекенка на Пентхаус, Шајла Кенеди пред 34 години. Таа тврди дека тој ја „влечел како пештерски човек и ја малтретирал, објави „ТМЗ“.

dobivaj vesti na viber

Кенеди поднела тужба против Роуз, тврдејќи дека ја врзал и имал секс со неа за време на забава во 1989 година.

Според документите до кои дојде „ТМЗ“, Кенеди изјавила дека го запознала Ексл во клуб во Њујорк во февруари 1989 година и отишла на приватна забава во неговиот хотелски апартман, каде што, како што тврди таа, имало еден куп луѓе кои се дрогирале.

Понатаму се тврди дека Роуз продолжила да и се додворува, што на почетокот и било прифатливо, се додека собата не се испразнила.

Кенеди истакнува дека видела дека Роуз има „агресивна сексуална врска“ со друга манекенка пред таа да отиде во друга соба со неговиот пријател, а потоа „работите се влошиле“.

Како што тврди, Рауз ја влечел во кревет за коса, и ги врзал рацете со гаќички и сексуално ја нападнал.

Кенеди рече дека никогаш не се согласила на секс.

После тоа рекла дека излегла во шок, а потоа следела анксиозност и депресија, пренесува Танјуг.

Таа тврди дека љубовниот живот и бил нарушен и сега бара отштета.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Диди повеќе не е под надзор поради опасност од самоубиство, тој се концентрира на одбраната

Објавено пред

Шон „Диди“ Комбс, наводно, повеќе не е под надзор поради можноста за самоубиство додека се подготвува да му се суди за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, пишува Page Six. „Тој е фокусиран и многу силен“, изјави неговиот адвокат за People во неделата.

dobivaj vesti na viber

„Тој е сконцентриран на својата одбрана и се подготвува за судењето“, додаде тој.

Page Six потврди дека Комбс е во притвор. Раперот беше ставен под надзор поради можно самоубиство, откако судијата му одби кауција по неговото апсење на 16 септември.

Во тоа време, извори за People изјавија дека одлуката е донесена како „превентивна мерка бидејќи Комбс е во шок и неговата психичка состојба е нејасна“.

Медиумот потсетува дека раперот беше уапсен од федерални агенти во Њујорк и обвинет во кривично обвинение по три точки, во кое се наведува дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и да користат дрога користејќи закани и насилство.

Тој ќе остане во притвор откако судијата му одби кауција и ќе се соочи со обвиненија за сексуална трговија и перење пари, заедно со многу други обвиненија засновани на настани од 2009 година наваму.

Комбс се изјасни за невин по обвиненијата и беше задржан во притвор во очекување на судењето.

Прикажи повеќе...

Забава

Ќерката на Курт Кобејн и синот на Тони Хок станаа родители, бременоста ја криеја од јавноста

Објавено пред

Ќерката на починатиот пејач Курт Кобејн, Френсис Бин Кобејн и Рајли Хок, син на познатиот скејтер Тони Хок, станаа родители. Ја изненадија јавноста бидејќи нејзината бременост ја чуваа во тајност.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frances Bean Cobain (@thespacewitch)

Френсис сега објави фотографии од новородениот син и напиша: „Добре дојде на светот најубав син. Те сакаме повеќе од се“.

Таа го откри и неговото целосно име – Ронин Вокер Кобејн Хок.

Скејтерот Тони Хок беше меѓу првите кои ја коментираа објавата. „Мојот омилен внук“, напиша тој.

Освен него и нејзините пријателки, честитки упатија уште некои познати личности. „Честитки од се срце“, напиша актерката Зелда Вилијамс, ќерка на починатиот актер Робин Вилијамс. Фронтменот на R.E.M, Мајкл Стајп, кој е кум на Френсис, исто така напиша: „Ви ја испраќам сета љубов и добра енергија на светот“.

Френсис Бин Кобејн и Рајли Хок се венчаа на почетокот на октомври 2023 година во Лос Анџелес. Нејзина кума беше познатата актерка Дру Баримор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frances Bean Cobain (@thespacewitch)

Ова е втор брак за 31-годишната Френсис. Таа се омажи за музичарот Исаја Силва во 2014 година, но се разведоа по две години брак.

Кога Курт почина во 1994 година, Френсис имаше само една и пол година, а честопати во медиумите изјавуваше дека не може да прежали што пораснала без татко. Веќе како тинејџерка, Френсис се борела со зависности, а во 2016 година решила да оди на рехабилитација. Откако се ослободила од зависноста, таа ја поправила врската со нејзината мајка Кортни Лав, со која не разговарала со години.

Прикажи повеќе...

Забава

Coldplay е најслушаниот британски бенд на 21 век, според PPL

Објавено пред

Компанијата за лиценцирање музика PPL ги прогласи Coldplay за најслушаната британска група на 21 век.

dobivaj vesti na viber

Лондонскиот поп рок бенд, кој го вклучува фронтменот Крис Мартин заедно со Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, се емитуваше 40.000 пати повеќе на британските радио станици и телевизии од класичните рокери Queen, кои беа на второто место.

Најслушаната песна на Coldplay е хитот број еден од 2008 година, Viva La Vida, а потоа следат нивните други хитови Paradise, Clocks, Something Just Like This и Adventure Of A Lifetime.

На трето место е бој-бендот Take That, додека групата од X Factor, Little Mix следи на четврто место, а The Beatles се на петтото место. Рокерите од Манчестер, Oasis се на шестото место, додека Bee Gees се на седмото место, велшката група Stereophonics е на осмото, поп-дуото Eurythmics се деветти, а Rolling Stones ја заокружуваат листата на десеттото место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Путин: „Ќе ги постигнеме сите цели, вистината е на наша страна“

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на Русите годишнината од обединувањето на ЛДПР, Керсон и Запорожје. „Диктатурата во Киев...

Свет1 час

Празни улици и страв кај граѓаните на Бејрут: по бомбардирањето, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште

По израелското бомбардирање минатиот викенд, жителите на либанската престолнина ги напуштија своите домови во потрага по засолниште. Многумина ја поминаа...

Европа1 час

Украина: Русите утрово го нападнаа Киев со дронови, сите ги соборивме

Русија рано утринава изврши неколку напади со беспилотни летала врз Киев, а единиците за противвоздушна одбрана успешно го бранат градот,...

Европа2 часа

Нови детали за смртта на Алексеј Навални: се појавија тајни документи

Рускиот портал „Инсајдер“, кој е на списокот на „странски агенти“, денеска објави стотина документи кои содржат информации поврзани со смртта...

Свет3 часа

(Видео) Ураганот предизвика катастрофални поплави во Америка, најмалку 90 загинати

Ураганот Хелен, кој на крајот на минатата недела ги опустоши југоисточните сојузни држави на САД, предизвика катастрофални поплави од Флорида...

Европа14 часа

(Видео) Избори во Австрија: крајната десница на прагот на победа, но никој нема да се приклучи на владата со неа

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата е на пат да победи на изборите. Според проекциите на резултатите, партијата предводена од Херберт...

Топ17 часа

Со скалпел го исекол на вратот и увото: обид за убиство на малолетник во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член...

Македонија17 часа

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба поради зголемено присуство на манган и колиформни бактерии

Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од...

Економија19 часа

Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина...

Македонија19 часа

Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана оти не се знае во чие владение е салата

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не...

Економија23 часа

(Видео) „Продолжуваме со засилено темпо на работа“ – Николоски објави снимка од реконструкцијата на автопатот Тетово-Скопје

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската...

Свет23 часа

(Фото) Страшни поплави во Непал: најмалку 100 загинати, десетици исчезнати

Најмалку 100 лица загинаа во поплавите во Непал, додека 67 лица се водат како исчезнати, јавија денеска локалните медиуми. Одрони...

Свет23 часа

Израелската армија изведува десетици напади врз Либан по атентатот на моќниот лидер на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека извршува десетици напади врз Хезболах во Либан, два дена по убиството на моќниот лидер на...

Свет23 часа

„Никогаш не сум видела толку луѓе без покрив над главата“ – ураган го опустоши југоисточниот дел на САД, најмалку 64 лица загинаа

Поројните дождови од ураганот Хелена оставија голем број луѓе без домови ширум југоисточниот дел на Соединетите држави, а во тек...

Македонија1 ден

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи и силен северен ветер

Заладувањето пристигна и во Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи...

Свет2 дена

(🔴 Во живо) Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, нова огромна експлозија го потресе Бејрут

Од минута во минута за најновите случувања на Блискиот исток! 🕑 22:06 Хезболах соопшти дека лансирал ракети со долг дострел...

Македонија2 дена

Промена на времето: УХМР за утре најавува дожд, силен ветер и драстичен пад на температурите

Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена на времето утре – дожд, засилен ветер и пад на температурата. Утре под...

Свет2 дена

Анкетите покажаа изедначеност на Трамп и Харис во клучните држави за победа на изборите

Резултатите од истражувањето спроведено од Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви

Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта,...

Економија2 дена

(Видео) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи

„Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13...