Забава
Матица? Бијонсе чува околу 80.000 пчели на својот имот

Бијонсе откри дека на својот имот има големи пчеларници кои ги користи за да направи стотици тегли мед годишно.
„Имам два пчеларника. Веќе некое време ги имам кај мене дома“, рече 39-годишната пејачка.
„Имам приближно 80.000 пчели и правиме стотици тегли мед годишно. Почнав да се занимавам со ова затоа што моите ќерки, Блу и Руми, имаат страшни алергии, а медот има безброј лековити својства.“
Пчеларството не е единствен деловен потфат на ѕвездата, која има три деца со сопругот Џеј Зи, бидејќи таа исто така има целосна сопственост над својата музика, филмовите и својата линија за спортска облека „Ајви Парк“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Колегите се простуваат од Мишел Трахтенберг: „Почивај во мир убавице“

Мишел Трахтенберг ненадејно почина, а нејзината смрт одекна низ Холивуд. Бројни познати личности и оддадоа почит на Мишел откако полицијата во Њујорк ја потврди смртта на 39-годишната актерка на 26 февруари.
По веста за нејзината смрт, бројни колеги и обожаватели споделија спомени и проштални пораки на социјалните мрежи.
Актерката Мара Вилсон објави кратка, но трогателна порака на Инстаграм. „Срцето ми се кине за мојот пријател од детството“, напиша покрај фотографија од Мишел. „Твоето сеќавање ќе биде благослов, Мишел“, додаде таа.
Сочувство до колешката искажа и Ким Катрал, позната по улогата во серијата Сексот и градот. „Ова ми го скрши срцето. Толку талентирана, а отиде прерано“, напиша таа во коментар под објавата на Variety на Икс.
„Почивај во мир убавице. xo“, додаде таа.
Не долго потоа, Катрал објави уште една проштална објава на Инстаграм. Покрај фотографијата од двете од филмот Ice Princess, таа напиша: „Почивај во мир драга Мишел“.
„Таа ми беше пријателка, а сега почива во мир! Грижете се за своите луѓе“, напиша Кенан Томпсон.
Џејмс Марстерс, нејзиниот колега од Buffy the Vampire Slayer, сподели проштална порака со „Пипл“. „Денес ми е тешко во срцето. Изгубивме убава душа. Мишел беше неверојатно интелигентна, заразно смешна и многу талентирана личност. Таа замина прерано, оставајќи зад себе многумина кои ја познаваа и сакаа. Моите мисли се со нејзиното семејство, прекрасни луѓе кои сега ја доживуваат најтешката загуба. Се надевам дека сите ќе им дадат простор да се справат со оваа болка. Ќе ни недостасуваш Мишел“, рече тој.
Мелиса Џоан Харт се прости и со објавување на сцена од серијата Clarissa Explains It All, во која глумеа заедно.
Забава
Откриена причината за смртта на Мишел Трахтенберг

Актерката Мишел Трахтенберг, позната по улогата во серијата Gossip Girl, почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзиното починување, изјавија полициски извори за ABC News.
Мишел, која имала 39 години, била пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро, околу 8 часот по локално време. Телото го открила нејзината мајка во стан во близина на Колумбус Сиркл. Од полицијата за медиумите потврдија дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело. Ќе се изврши и обдукција.
Според информациите на ТМЗ, на актерката неодамна и била извршена трансплантација на црн дроб, која била неопходна по долготрајна борба со проблемите предизвикани од консумирање алкохол. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во ресторанот Sartiano’s минатиот четврток вечер.
„По пристигнувањето, полициските службеници пронашле 39-годишна жена во несвест и без знаци на живот. Итната медицинска помош констатирала смрт на местото на настанот. Смртта не се третира како сомнителна. Истрагата и понатаму е во тек“, се вели во официјалното соопштение на полицијата.
Забава
(Видео) Никол Шерцингер ужива на Хаваи, танцуваше на плажа во бикини

Никол Шерцингер (46) танцуваше на плажа во бикини и ја покажа својата завидна фигура во видеото кое во вторникот го објави на Инстаграм од одморот на Хаваи.
На почетокот на видеото 46-годишната пејачка блесна во кафено бикини кое го искомбинира со шал и златен накит. Во следниот кадар таа носеше сини бикини со горен дел на едно рамо.
Во последната комбинација, Никол ја покажа својата фигура во бикини со дезен, а нив ги комплетираше со искинати сини фармерки. Таа беше одлично расположена додека ги покажуваше своите танцови потези, следејќи го најновиот тренд на TikTok на хит песната APT.