Забава
Мачка – домашно милениче кое може да излечи болести кај човекот
Мачката е природен лек што ги намалува анксиозноста и стресот, ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и друго. Мачката е добра за човековото здравје. Повеќе научни факти докажуваат дека мачките се единствени животни.
Познато е дека чувањето мачка е добро за моралот и никој не го знае тоа подобро од оние што ја имаат дома. Звукот на нивното предење и мекото крзно смируваат, што придонесува да се чувствуваме добро. Тие исто така придонесуваат и за вашето добро здравје.

Чување мачка е добро за срцето – бидејќи мачката ги смирува нервите, го намалува стресот и анксиозноста. Со ова се намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Една научна студија укажува дека ако имате мачка како домашно милениче, за 30 проценти сте го намалиле ризикот од срцеви болести и мозочен удар.
Нивното предење помага при зацелување на коските, тетивите и мускулите. Можеби звучи неверојатно, но предењето со години се користи во терапевтски цели за ублажување болки во коски и мускули. Предењето може да созддае вибрација на фреквенција помеѓу 20 и 140 херци. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека фреквенцијата помеѓу 18 и 35 херци може да ја подобри подвижноста на зглобовите по повреда.
Сопствениците на мачки подобро спијат. Ако ви недостасува љубов, секогаш може да сметате на мачката. Студии извршени во Велика Британија укажуваат дека жените повеќе сакаат да спијат со мачка отколку со партнер. Всушност, луѓето кои имаат мачка знаат дека таа е емоцијално еквивалентна на романтичен партнер. Истражувањата извршени во клиниката Мејо потврдуваат дека луѓето подобро спијат кога покрај нив има мачка.

Овие миленичиња го намалуваат стресот и анксиозноста – мазењето мачка помага да се ослободите од негативна енергија и стрес. Терапевт од Чикаго вели „едноставниот факт дека дома некој чека е доволен за да се намали нивото на стрес на нормално и подносливо ниво.
Некои мачки ги штитат своите сопственици од алергија – деца кои претходно биле изложени на присуство на мачка имаат помала склоност кон алергии. Маршал Плаут, шеф на одделот за алергиски болести на Националниот институт за алергии, рекол: „Се чини дека поголем изложеност на нашите деца на животни ги штити од повеќе видови алергии и заразни болести“.
Гледањето видеа со мачки ја зголемува нашата енергија: една студија наведува дека луѓето кои гледаат видео во кое главен актер е мачка имаат повеќе енергија и оптимизам од оние кои не гледаат такво видео.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

