Забава
Мајкл Б. Џордан повеќе не е со девојката
Мајкл Б. Џордан, наводно, се разделил од Лори Харви.
Актерот од „Црниот пантер“ и 25-годишната убавица ја завршија својата романса по една и пол година иако не е јасно зошто решиле секој да си тргне по својот пат.
Во изјава за списанието „Пипл, анонимен извор близок до парот рече: „Мајкл и Лори се со скршено срце. Тие сè уште се сакаат“.
35-годишниот актер, наводно, бил подготвен да ѝ се посвети на Лори долгорочно пред да одлучат да се разделат.
„Мајкл многу созреа во текот на нивната врска и беше подготвен да се посвети на долг рок. Тој го спушти својот гард првпат отворајќи се емотивно во романтична врска“, додава инсајдерот.
„Одлично си поминуваа заедно и го извлекоа најдоброто еден од друг“.

Престижниот магазин „Пипл“ го прогласи Мајкл Б. Џордан за најсекси маж во светот за 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

