Забава
Меган Маркл објави фотографија со децата: „Секој ден е нова љубовна приказна“

Војвотката од Сасекс, која заедно со принцот Хари се повлече од кралските должности и реши да живее подалеку од медиумското внимание, сè почесто споделува моменти со децата за своите следбеници по отворањето на новиот профил на „Инстаграм“.
Маркл објави нова фотографија на која се гледаат таа и децата во градината. На фотографијата Меган во рацете ја држи тригодишната Лилибет, а Арчи, кој набргу ќе наполни шест години, ја држи ногата на мајка си.
View this post on Instagram
„Секој ден е нова љубовна приказна“, напиша Маркл покрај објавата.
Иако не им се гледаат лицата, на фотографијата јасно се открива дека бојата на косата ја наследиле од татко им.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џони Деп ги изненади фановите со трансформација за нова филмска улога

Џони Деп се врати на глумата во Холивуд во филмот Day Drinker, за кој драстично го промени својот изглед, што ги изненади неговите обожаватели. Овој проект го режира Марк Веб, познат по филмовите The Amazing Spider-Man и најновата играна верзија на Дизни на Снежана со Рејчел Зеглер и Гал Гадот. Во овој филм Деп глуми мистериозен гостин на луксузна јахта.
На првата фотографија од сетот се гледа како Деп држи чаша и гледа во камерата со мрачен израз. Голема промена во неговиот изглед го привлече вниманието – неговата долга коса и брада се речиси целосно сиви, што го прави да изгледа постар отколку што го паметат обожавателите.
Филмот Day Drinker го означува враќањето на Деп во Холивуд бидејќи тоа ќе биде неговиот прв филм од голема продукција по 2018 година. По судењето за клевета со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Деп се повлече од американските продукции. Тој глумеше во францускиот филм Jeanne du Barry, кој го отвори Канскиот филмски фестивал во 2023 година.
Забава
(Фото) На вистинска убавица не и треба шминка за да привлече внимание

Австралиската манекенка Шанина Шаик неодамна присуствуваше на традиционалниот фестивал „Revolve“ кој секоја година се одржува во рамките на познатиот музички настан „Coachella“.
Манекенката за таа пригода облече младешки аутфит од кој сигурно ќе воздивнете. Поточно, таа облече мини фустан во маслинесто зелена боја кој ја истакна нејзината завидна фигура. Забележлив беше и деталот околу вратот кој го замени ланчето.
Покрај тоа, Шанина додаде гломазни алки, како и чизми каубојки, кои на целиот стајлинг му дадоа лежерен шмек.
Што се однесува до шминката, познато е дека манекенката претпочита посмирени, нежни тонови, поточно, природен изглед, а овој пат се одлучи за минимална количина шминка.
Таа само ги истакна своите нереално убави очи.
Инаку, Шанина Шаик често ја поврзуваат со Русинката Ирина Шајк и поради нејзиното презиме и поради нејзината специфична убавина.
Работела за престижни брендови како Шанел, Вивиен Вествуд, Дизел, Стела Макартни, Том Форд… и ги красела насловните страници и едиторијалите на престижните модни списанија.
Забава
Овие четири знаци се најљубоморни: жестоко се борат со секој знак на сомнеж

Според ѕвездите, одредени хороскопски знаци се познати по тоа што тешко поднесуваат несигурност, чувство на закана и делење внимание. За нив љубомората често не е само реакција, туку длабока потреба за потврда на блискост и емоционална сигурност.
Иако ова може да им создаде внатрешна напнатост, тоа произлегува од желбата да го заштитат она што им е важно.
Шкорпија
Родените во овој знак интензивно и длабоко ги доживуваат емоциите, а нивната потреба за поврзување често е придружена со силен нагон за контрола. Иако однадвор делуваат смирено и недопирливо, внатре го доживуваат секој знак на сомнеж.
Нивната љубомора не мора да биде гласна – таа може да се одрази во повлекување, тивка резерва или длабока недоверба. Кога се чувствуваат загрозени, тешко им е да простат и ретко забораваат.
Рак
Припадниците на овој знак се многу чувствителни на промени во однесувањето на блиските луѓе. Кога чувствуваат дека емотивната динамика се менува, сомнежот лесно се вовлекува во нивните умови.
Нивната љубомора произлегува од потребата за сигурност и желбата да бидат важни во животот на другиот. Иако честопати нема отворено да покажат што ги мачи, ги следат сите мали сигнали и промени. Најтешко им е чувството дека се заменети или запоставени.
Лав
Луѓето родени во знакот Лав имаат силна потреба за внимание и лојалност. Кога тоа внимание ќе се пренасочи кон некој друг, тие лесно стануваат љубоморни – без разлика дали преку конкурентен став, повредено его или потреба за валидација.
Не сакаат да бидат во сенка и сакаат да знаат дека се единствени во очите на своите партнери. Иако тие често изгледаат самоуверени, зад ова понекогаш се крие чувствителноста да бидат игнорирани или да имаат невозвратена наклонетост.
Бик
Биковите се познати по својата непоколебливост и лојалност, но и по силното чувство за сопственост над работите и врските за кои се грижат. Кога чувствуваат закана за нивната стабилност или присуство на трето лице, нивната љубомора доаѓа од длабоката потреба за сигурност.
Тешко се справуваат со промените и несигурноста, а штом ќе ја изгубат довербата, им треба долго време да ја обноват. Нивната лојалност е силна, но и сомнежот кога е скршен.