Забава
Меган тврди монархијата одбила да го направи Арчи принц поради бојата на кожата

Меган, сопругата на принцот Хари, изјави дека пред раѓањето на нејзиниот син Арчи постоела загриженост дека неговата кожа ќе биде темна и дека токму поради тоа не му била дадена титула принц.
Меган, чија мајка е црнкиња, а таткото белец, откри дека била наивна пред да се омажи со член на кралското семејство во 2018 година.
„Тие не сакаа нашето дете да биде принц или принцеза, не знаејќи каков ќе биде полот. Ни кажаа и дека бебето нема да добие безбедност“, рече Меган во интервју за Опра Винфри емитувано на Си-би-ес доцна во неделата.
Во тие месеци кога бев бремена, отприлика во исто време, ни беше кажано: „нема да ви се даде безбедност, нема да ви биде дадена титула“ и исто така беа загрижени за тоа дали неговата кожа ќе биде темна кога ќе се роди“.
Очигледно дека животот во палатата не ѝ одговарал и имала самоубиствени мисли. Побарала од кралското семејство да и биде обезбедена психијатриска помош, но ја одбиле.
Таа одби да каже кој ѝ ги пренел ваквите грижи. На прашањето на Опра дали молчела или ја замолчиле, Меган одговори: „Второто“.
Интервјуто најверојатно ќе го продлабочи раздорот меѓу Меган и Хари од една страна и британската монархија од друга страна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Спортист падна на глава во емисија во живо на „Си-Ен-Ен“ во обид да направи салто наназад, видеото стана вирално

Бејзбол играчот Роберт Ентони Круз, член на популарниот тим Савана Бананас, доживеа болна и срамна несреќа во емисија во живо на „Си-Ен-Ен“. Неговиот обид да го изведе своето препознатливо салто наназад во емисијата во живо заврши со паѓање на глава, а видеото брзо стана вирално.
View this post on Instagram
Инцидентот се случи додека Круз даваше интервју. Кога го прашаа дали може да покаже еден од своите трикови, 26-годишниот спортист реши да направи салто. Но, наместо грациозно да слета, тој падна со лицето на подот од студиото.
Водителката Кејт Болдуан во шок извика: „О, Исусе“, додека Круз полека се крена на нозе со крвав образ и усна, обидувајќи се да се насмевне низ болката и велејќи: „Ова никогаш не се случува“.
Иако се обиде да ја намали сериозноста на ситуацијата, подоцна откри дека морал да побара медицинска помош. На Инстаграм објави дека добил „неколку конци“, но се пошегува и за сопствената сметка, додавајќи дека неговата гордост е „малку оштетена“.
Во објавата, тој им порача на своите следбеници: „Да, добро сум. Звукот од падот го прави видеото десет пати посмешно. Имате моја дозвола да се смеете.“
Забава
Актерот Мајкл Ворд обвинет за силување

Актерот Мајкл Ворд е обвинет за два случаи на силување и три сексуални напади, објави лондонската Метрополитен полиција.
Наводните инциденти наводно се случиле во јануари 2023 година.
Познат по своите улоги во серии и филмови како што се „Топ Бој“, „Мала секира“ и „Сина приказна“, Ворд го привлече вниманието на публиката и критичарите со својата младешка енергија и актерска автентичност, поради што беше крунисан со награда БАФТА во 2020 година.
Мајкл Ворд сега се соочува со сериозни обвиненија кои ќе го добијат својот судски епилог на 28 август, кога треба да се појави пред надлежниот суд во Лондон.
Детективскиот началник Скот Вејр од Метрополитен нагласи: „Нашите специјализирани службеници продолжуваат да ја поддржуваат жената што го направила извештајот. Знаеме дека истрагите од ваков вид можат да имаат значително влијание врз оние кои избираат да проговорат.“
Според него, истрагата е сè уште во тек, а полицијата апелира до јавноста да се воздржи од предвремени заклучоци.
Забава
Бајага се огласи првпат по откажаните концерти во Хрватска

Момчило Бајагиќ-Бајага се огласи за прв пат откако беа откажани неговите концерти во два хрватски града – Сисак и Солин.
На 1 август, пак, ќе одржи концерт во Пула, во Малиот римски театар.
„Ниту се обидов да разберам, ниту можам да разберам. Никогаш во животот не сум бил вклучен во политика и сум фокусиран само на прекрасно дружење со публиката во Пула“, рече музичарот во интервју за Нови лист.
„Пред неколку концерти ја освеживме листата на песни и сигурни сме дека публиката во Пула ќе биде многу задоволна и едвај чекаме“, додаде тој.
За потсетување, првиот концерт на Бајага во Сисак, кој требаше да се одржи на 4 јуни за да се прослави Денот на градот, беше откажан. Информацијата ја потврди менаџерот на групата Драгослав Гане Пецикоза за локалниот портал Sisak.info.
„Веќе имаме свирено во Сисак и сè помина без проблеми. Објаснувањето е дека новата влада ја најде својата каса празна и нема пари. Мислам, немаме друг избор. Тоа го кажаа. Имаме договор од јануари, но нема причина да тужиме или да се жалиме“, рече тој.
Потоа беше откажан и концертот на Бајага во Солин, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година.
„Ве известуваме дека концертот на бендот Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година, како дел од овогодинешниот Кава Фест, е откажан поради безбедносни и технички причини“, објави Кава Фест, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето.
Но, Далматинскиот портал дознава дека организаторите наводно со недели биле под притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност – без оглед на фактот дека истиот бенд и истиот музичар се редовни гости на хрватските сцени со години, од Пула до Дубровник. На крајот, притисокот си го направи своето и концертот беше откажан.