Забава
Мерил Стрип го собори сопствениот рекорд со 34. номинација за „Златен глобус“
Мерил Стрип го продолжи својот рекорд во номинации на „Златен глобус“ освојувајќи ја 34-тата номинација за портретот на Мери Луис Рајт во втората сезона на „Големи мали лаги“, што се емитува на „Ејч-би-о“.
Стрип е номинирана заедно со Хелена Бонам Картер (The Crown), Патриша Аркет (The Act ), Емили Вотсон (Chernobyl) и Тони Колет (Unbelievable) за најдобра актерка во телевизиска серија, лимитирана серија или филм.
Стрип претходно го собори сопствениот рекорд во 2018 година со 33. номинација за The Post.
Трикратната добитничка на „Оскар“ ја доби својата прва номинација за „Златен глобус“ во 1979 година за „Ловец на елени“ и продолжи да го освои својот прв трофеј „Златен глобус“ следната година за најдобра споредна улога во филмот „Крамер против Крамер“.

Таа доби уште два „Златни глобуса“ – за „Жената на францускиот полковник“ во 1982 година и „Изборот на Софија“ во 1983 година.
По 20-годишна пауза, таа заработи шест номинации едноподруго од 1995 до 2000 година за филмови, вклучувајќи ги One True Thing, The Bridges of Madison County, Marvin’s Room и The River Wild.
„Големи мали лаги“ е трета телевизиска номинација за „Златен глобус“ до денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Прекрасната манекенка ги изненади сите во Њујорк со длабоко деколте
Шведската манекенка Елса Хоск продолжува да доминира со својата единствена убавина. Откако блесна во Лос Анџелес, Елса приреди моден спектакл и во Њујорк.
Поранешниот ангел на „Викторија сикрет“ за оваа пригода избра провокативен фустан со светки и циркони, кој е врзан околу вратот, а најинтересно од сè е, секако, длабокото деколте, кое Елса овој пат го „фрли“ во преден план.

Не е невообичаено таа да се осмели да носи ваков смел модел на фустан. Ефективниот стајлинг го надополни со накит, нараквица, прстен и обетки, а тоа беше доволно за сите да се сетат на уште едно секси издание на убавата Скандинавка.

За разлика од претходниот настан каде што ја имаше косата пуштена, овој пат ја собра во пунџа и ги остави своите свиткани шишки на страна.

Не е ни чудо што Елса Хоск е една од најпознатите модели. Нема многу детали за нејзиниот приватен живот, убавата манекенка се труди сè да го држи подалеку од очите на јавноста, но се знае дека неодамна се свршила по десет години врска.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Црната пантерка цела во бело: светот на модата остана без зборови
Поранешната супермоделка Наоми Кембел, позната и како „Црната пантерка“, едно од најпознатите лица во светот на моделингот, сè уште воодушевува со својот изглед и се чини дека никогаш нема да престане, иако има 55 години.
Наоми изгледаше фантастично на гламурозната церемонија на доделувањето на модните награди CFDA 2025, одржана во Њујорк, како штотуку да слегла од модната писта.

Настанот собра големи имиња од светот на познатите личности, а Наоми имаше чест да му ја додели наградата „Меѓународен дизајнер на годината“ на Питер Мулиер.
Нејзиниот аутфит за овој престижен настан беше повеќе од интересен и беше потпишан од модниот бренд ALAÏA, кој често го носи Ријана, како и други познати ѕвезди.

Се појави во бело од глава до пети – вклучувајќи бели чевли, и носеше очила за сонце како моден детаљ.
Наоми уште еднаш покажа со овој впечатлив аутфит дека е икона на стилот, и оправдано беше една од најдобро облечените познати личности на настанот, а реакциите на социјалните мрежи беа исклучиво позитивни.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ријана се појави во јавноста за прв пат по породувањето
Пејачката Ријана неодамна го роди своето трето дете, овој пат девојче, а сега веќе се појави на доделувањето на наградите CFDA во Њујорк, каде што дојде да го поддржи својот партнер, Асап Роки, кој ја освои наградата Fashion Icon.

И во сите претходни години, Ријана беше дополнително неверојатна од настан до настан, и се чини дека дури сега сфативме колку ни недостигаа нејзините модни изданија.

Како вистинска икона на стилот, таа повторно доминираше на црвениот тепих, овој пат во уникатна облека.

Ријана избра бели плисирани панталони кои ги комбинираше со црн топ, додека преку сè носеше асиметричен капут и го зачини своето екстравагантно издание. Интересно е што панталоните беа вметнати во црни чевли, па пејачката повторно ја покажа целата своја оригиналност.

Со оглед на тоа што сè беше преголемо, Ријана целосно отстапи од традиционалната облека и испрати моќна порака за индивидуалност и женска сила.

„Модерна, шик, прекрасна“, „Таа штотуку се породи и вака изгледа“, „Ти си совршена“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин

