Забава
Мерил Стрип номинирана за Оскар по 20-ти пат
Мерил Стрип е номинирана во категоријата најдобра главна актерка за улогата во филмот „Флоренс Фостер Јенкинс“. Во филмот таа е богаташка од Њујорк која подоцна станува оперска пејачка иако не знае да пее.
Славната актерка досега беше номинирана 16 пати за најдобра главна женска улога и четири пати за споредна, а по бројот на номинации таа одамна постави рекорд, оставајќи ги зад себе Кетрин Хепберн и Џек Николсон, кои се номинирани 12 пати, како и Бет Дејвис и Лоренс Оливије.
Таа по повод 20-тата номинација на Твитер постави кратка видео снимка од еден од своите филмови на кој се гледа како игра од радост.
Мерил Стрип (67), многумина ја сметаат за најдобра актерка на генерацијата, исто така држи рекорд и со 30 номинации за Златен глобус, а на овогодинешната церемонија на доделување на ова признание таа доби награда за животно дело.
Нејзината повторна номинација за Оскар предизвика одушевување на социјланите мрежи, а многумина напишаа дека со ова го демантира тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека е „преценета“.
Стрип на доделувањето Златни глобуси го критикуваше Трамп, а потоа тој ја нарече „една од најпреценетите актерки во Холивуд“ и „слуги на Хилари Клинтон“.
Таа прв пат беше номинирана за Оскар во 1979 година, а досега има освоено три статуетки – за споредна женска улога во филмот „Крејмер против Крејмер“ (1980) и најдобра главна актерка во филмовите „Изборот на Софија“ (1983) и „Челична лејди“ (2012). крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Мадона измамува воздишки во секси облека
Пејачката Мадона долго време е тема на јавноста поради нејзиниот љубовен живот. Странските медиуми неодамна објавија дека поп-дивата треба да се омажи за својот 38 години помлад партнер, Акем Морис, а извори блиски до неа тврдат дека таа е вљубена во него до уши.
„Морис ја прави среќна, никој никогаш не се однесувал така со неа“, велат изворите.
Сега таа објави серија жешки фотографии на „Инстаграм“ покажувајќи дека годините за неа се само бројка и дека на 68 години изгледа како вистинска дива.
Носеше розов фустан од корсет, кој ги нагласува нејзината вита фигура и градите, а на својот изглед додаде и крзнено палто, исто така во розова боја.
View this post on Instagram
Изгледот го надополни со брановидна фризура и впечатлива шминка, а ова издание многу потсетува на нејзината ера Blond Ambition од 1990 година.
Судејќи според објавите на социјалните мрежи, поп-дивата ужива во љубовта со својот 38 години помлад партнер, а за него носи комбинации што привлекуваат погледи и измамуваат воздишки.
фото: Depositphotos
Забава
(Фото) Сè што ви треба за најмодерниот зимски изглед се овие чевли
Како што се приближуваат празниците, модните љубители во светот бараат совршена облека за божиќни вечери, вечерно излегување со пријатели или гламурозна новогодишна забава.
Додека фустаните со светки и екстравагантните парчиња секогаш имаат свој шарм, Французинките – апсолутните кралици на шикот без напор – нè потсетуваат дека вистинската софистицираност често лежи во деталите. Оваа година тој детаљ е чифт црвени чевли.
Црвената боја веднаш испраќа порака за самодоверба, празничен дух и женственост. За разлика од очигледните празнични изгледи, црвените чевли може да ја трансформираат дури и наједноставната облека давајќи ѝ моментен карактер и енергија. Французинките го знаат ова и затоа ги избираат одново и одново – од класични чевли до удобни балетанки и минималистички сандали.
Црвени чевли за секоја пригода
За време на празниците црвените чевли лесно се приспособуваат на секоја ситуација. За гламурозни вечери, чифт црвени чевли со зашилен врв или тенка потпетица веднаш додава софистициран и елегантен допир. За понеформални моменти – како што е излегување со пријатели или семејно собирање – црвените балетанки или „мери џејнс“ со ниски потпетици се идеални бидејќи обезбедуваат удобност, без да се жртвува стилот.
Дури и црвените сандали може да бидат хит, особено кога се комбинираат со монохроматски комбинации, што им овозможуваат на чевлите да блеснат.
Друга голема предност на црвените чевли е нивната разноврсност – тие не се само за празниците. Може да се носат преку целата година, со фармерки, здолништа или елегантни панталони. Значи, наместо да инвестирате во нов фустан што можеби ќе го носите само еднаш, црвените чевли нудат бесконечни можности за стилизирање.
фото: unsplash
Забава
(Видео) Тие ја почнаа својата љубовна приказна со афера, а 25 години подоцна се сакаат како првиот ден
Филмот „Аватар 3“ полека пристигнува во кината, а на премиерата режисерот Џејмс Камерон и неговата сопруга го привлекоа вниманието.
Прославениот режисер Џејмс Камерон се појави на премиерата на филмот со својата сопруга Сузи Амис, со која е во брак од 2000 година. Нивното заедничко доаѓање на премиерата многумина ги потсети на таа стара љубовна приказна со многу комплициран почеток.
Камерон ја запозна Сузи додека сè уште беше во брак со Линда Хамилтон. Шпекулациите за афера меѓу Сузи и Џејмс станаа почести, особено по снимањето на филмот „Титаник“.
Линда набргу поднесе барање за развод и доби 50 милиони долари за возврат. Тоа му беше четврти развод на Камерон, а потоа и негов петти брак со Сузи, со која подоцна доби три деца.
View this post on Instagram
Тие го посветија својот живот целосно на своето семејство, особено Сузи, која исто така престана да глуми. Сега живеат на Нов Зеланд, каде што имаат фарма и куќа.
Со заедничкото појавување на црвениот тепих тие им покажаа на сите дека, дури и по 25 години, љубовта не бледнее, без оглед на фактот дека сè почна со афера, која беше во центарот на сите настани во тоа време.
View this post on Instagram
Камерон еднаш зборуваше за тоа какви жени го привлекуваат, а неговата изјава се прераскажуваше со денови.
„Ми се допаѓаат силни, независни жени, но има една мана во тоа – на силните и независни жени не им треба никој. За среќа, јас сум во брак со силна и независна жена, која верува дека сè уште ѝ требам“, рече режисерот во тоа време.
фото: Depositphotos

