Забава
Месото што ќе го јадеме во 2040 година нема да потекнува од животни, тврди научeн извештај
Најголемиот дел од месото што луѓето ќе го јадат во 2040 година нема да потекнува од животни што се одгледуваат за колење и производство на месо.
Ова се наведува во научен извештај со кој се предвидува дека најмалку 60 проценти од месото ќе биде индустриски произведувано во големи резервоари, односно ќе биде заменето со понуда базирана на растителни производи што ќе имаат вкус и изглед на месо.
Извештајот го објави глобалната консултантска компанија AT Kearney и тоа врз основа на разултати добиени по пат на стручни интервјуа. Во него особено се нагласуваат тешките последици кои традиционалното производство на месо ги има врз животната средина, но исто така и грижата на луѓето за благосостојбата на животните.
„Месната индустрија денес многумина ја сметаат за непотребно зло. Придобивките од новите вегански замени за месо наспроти стандардното производство е само прашање на време кога ќе го преземат поголемиот дел од пазарот“, се наведува во извештајот.
Во последните години голем број студии укажуваат на негативните ефекти на месната индустрија врз животната средина – од штетните гасови до уништувањето на живеалиштата на животните, како и загадувањето на реките и океаните.
„Гардијан“ пишува дека компании како Beyond Meat, Impossible Foods и Just Foods користат состојки добиени од растенија за да направат речиси идентична замена за хамбургери, јајца и други производи. Во статијата на весникот се наведува и дека ваквата индустрија забрзано расте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

