Забава
Деведесетгодишна баба сама патува низ светот и објавува фотографии на „Инстаграм“
На 90 години патува сама низ светот и се забавува. Елена Михајловна е несомнено пример дека нема ништо невозможно во овој живот, ако некој навистина го сака тоа. Штом се пензионирала, многу размислувала за тоа што да прави со своето слободно време, па пред шест години решила да го прошета светот со нејзиниот ранец.
Досега ги посетила Германија, Турција, Полска, Израел и Чешка и се надева дека ќе продолжи со патувањата. Таа има фотографии од патувањата со камила и мотоцикл, бањи со морска вода, егзотична храна и една од последните авантури, која е најекстремната, кога Елена се осмели да се фрли со падобран.
Туристичкиот агент на Елена во Краснојарск преку публикација во руски медиум изјави дека по седум години работа во туризмот првпат гледа некој на оваа возраст да поседува толку „сила и здравје ” за да патува повеќе од 7.000 километри.
На 83 години почнала да патува низ светот и планирала со парите од пензијата да патува на две дестинации годишно. На своето патување низ Виетнам таа беше толку изненадена што рекла:
„Бев во Мјуи Не. Природата е толку убава, овошјето е толку вкусно и луѓето се пријателски расположени и многу дружељубиви. Иако во хотелот, каде што останав, ниту еден од вработените не зборуваше руски, јас некако успеав да сторам сé”.
Елена не се откажува и сака да патува многу повеќе. Сега планира да оди во Шпанија или Италија. Во тоа време ќе има 90 години и сака да докаже дека возраста е само состојба на умот.
Инфлуенсер на Instagram осуден на 14 години затвор поради изнуда
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Едвај ги чекам коментарите дека ова не е Кејт и е двојник“: дел од коментарите за најновата снимка на принцезата од Велс
Во последно време на социјалните мрежи кружат многубројни теории, а се однесуваат на здравствената состојба на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која пред три месеци се повлече од јавноста поради закрепнувањето по операцијата.
Јавноста беше прилично загрижена за нејзината состојба и оттаму многуте теории. Сепак, сè пропадна бидејќи Кејт била видена додека пазарелa. Сега се појави видео, кое покажува дека Кејт е сосема добро.
Во тренирка, без шминка и со пуштена коса, таа одеше покрај Вилијам носејќи чанта од продавницата. Безгрижно разговарале, а според говорот на телото, изгледале прилично опуштено и безгрижно.
View this post on Instagram
Секако, веднаш под видеото имаше коментари на луѓе што тврдат дека Кејт на видеото не оди покрај принцот Вилијам.
„Едвај ги чекам коментарите дека ова не е Кејт и е двојник, лош фотошоп и слично.
„Ова не е Кејт“, беше друг коментар.
„Ова е нејзиниот двојник!
„Таа навистина не личи на неа!
„Изгледа како старо видео!
Луѓето очигледно не може да се смират, ниту да се задоволат, па сигурно ќе има многу вакви коментари додека војвотката официјално не се појави во јавноста, што се очекува во текот на велигденската недела.
Забава
Кралското семејство има доверба од граѓаните и покрај теориите на заговор, покажува анкета
Повеќе од половина од луѓето во Велика Британија виделе теории на заговор на социјалните мрежи за отсуството на Кејт Мидлтон од јавниот живот, но тоа не ја поткопа довербата на јавноста во кралското семејство, покажуваат анкетите на YouGov.
Истражувањето покажува дека 51 процент од луѓето на интернет виделе дискусии за теории за нејзиното отсуство, 44 отсто велат дека не виделе, а 5 отсто од испитаниците тврдат дека тоа не е сигурно.
На социјалните мрежи Katespiracies (Заговори за Кејт) варираат тврдења дека таа закрепнува. Некои се пошегуваа дека била исфрлена од кралското семејство.
Други теоретичари на заговор, како што тврди „Дејли мејл“, ги користеле социјалните мрежи за да ја наклеветат принцезата, па дури и американската старлета Ким Кардашјан објавила фотографија со натпис „На пат да ја најдам Кејт“.
Кејт се појави во јавноста откако претходно јавно се извини за преработената фотографија, која беше објавена на Денот на мајката, што исто така предизвика бес и разни теории на заговор во медиумите и на интернет.
Според „Скај њуз“, кралското семејство сепак ја задржало довербата на жителите на Велика Британија.
Девет отсто од анкетираните велат дека помалку ѝ веруваат на принцезата од Велс бидејќи таа отсуствува од јавниот живот, но исто толку ѝ веруваат повеќе од порано.
Многу повеќе испитаници, 68 отсто, тврдат дека нивното мислење не е променето во последните месеци.
Во текот на викендот принцот и принцезата од Велс беа видени како купуваат во продавница на помалку од еден километар од нивната резиденција во близина на замокот Виндзор.
Забава
„Меган Маркл е нарцис кој го контролира принцот Хари“
Меган Маркл, војвотката од Сасекс, е нарцис кој контролира и доминира над слабиот принц Хари, според биографот на британското кралско семејство, Сали Бедел Смит.
Во својата нова книга „Џорџ VI и Елизабет: Бракот што ја спаси монархијата“, Бедел Смит ја спореди Меган со Американката Волис Смит, која го натера кралот Едвард VIII да абдицира во 1936 година бидејќи не можеше да се ожени со двапати разведената Смит, пишува „Тајмс“.
Едвард потоа беше наследен од Џорџ Шести, татко на кралицата Елизабета Втора, а кралското семејство никогаш не му прости за неговата абдикација, што, според Бедел Смит, тие го сметаа за предавство.
Авторот ги споредил ситуациите на кралевите Едвард и Џорџ со несогласувањата меѓу принцот Вилијам и принцот Хари и истакнал дека и во двата случаја „се појавила Американка што ја променила динамиката“. Меган наводно се судрила со Вилијам откога се омажила за Хари во 2018 година.
„Во некои аспекти, Меган и војвотката од Виндзор, Волис Смит, имаат слични квалитети: многу нарцисоидни, контролирачки и доминантни. И ако ги прочитате писмата на Дејвид (Едвард) до неговата претходна љубовница, можете да видите колку е слаб и колку му требаше доминантна жена, а Хари е донекаде ист“, тврди Бедел Смит.
„Тајмс“ пишува дека врската меѓу Вилијам и Хари е сериозно затегната откога тие наводно одбиле да се појават заедно на церемонијата на доделување награди во чест на принцезата Дијана минатата недела. Џорџ и Едвард, како Вилијам и Хари, беа блиски извесно време, но односите меѓу нив се заладија по абдикацијата и наводното поврзување на Едвард и Волис со нацистите, вели биографот.
„Поинаку е. Хари никогаш нема да биде крал. Но, мислам дека има слични чувства на предавство, кои водат до тоа Вилијам да му биде особено лут на својот брат и тоа со добра причина“, вели американската авторка.