Забава
Мик Џегер ѝ се враќа на глумата по речиси 20 години

Поминаа 20 години од последната глума на сер Мик Џагер, но како и да е, новиот филм The Burnt Orange Heresy („Темнопортокалова ерес“) докажува дека тој сè уште е во добра форма.
Премиерата на филмот – трилер за интриги во светот на уметноста – е закажана за петок оваа недела. Филмот, во режија на Италијанецот Џузепе Капотонди, претставува адаптација на истоимениот роман на американксиот писател Чарлс Вилфорд, а главните улоги ги играат Доналд Сатерленд и Елизабет Дебицки.
Во филмот Џегер глуми богат уметнички колекционер опседнат со делата на еден осамен уметник против кого кова завера со цел да му украде вредна слика.
Ѓаволестиот колекционер на уметнички дела на лукав начин ќе убеди новинар да го искористи реткото интервју со уметникот (кого го глуми Доналд Сатерленд) како можност да украде една од неговите слики.
Ова му е прв филм на лидерот на легендарниот бенд „Ролинг стоунс“ од 2001 година кога глумеше во The Man From Elysian Fields, а според него, можеби и последен.
Британската рок-ѕвезда досега глумела во десетина долгометражни филмови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ќе ви го разубават дури и најлошиот ден во животот: бирајте ги овие хороскопски знаци за пријатели

Во моменти кога сме преплавени од анксиозност, стрес или едноставно секојдневно лошо расположение, присуството на вистинските луѓе може да направи чуда.
Постојат луѓе кои се чини дека имаат природен дар за внесување радост во нашите животи, нивната насмевка, еден утешен збор или една глупава шега можат да ви го променат целиот ден.
Откриваме кои хороскопски знаци имаат вродена способност да ви го разубават денот, без многу напор. Нивната енергија, топлина и веселост се едноставно заразни.
Близнаци
Близнаците се познати по својот неодолив шарм. Нивните приказни, коментари и набљудувања често имаат таа доза на хумор и луцидност што може да ве насмее дури и во најмрачниот ден.
Она што ги прави толку посебни е нивната способност да ја почувствуваат атмосферата и да го прилагодат својот пристап. Ако ви треба сериозен разговор, тие се тука. Ако сакате да избегате од вашите проблеми со доза забава, уште подобро. Близнаците се друштвото кое не ви дозволува да се затворите во себе.
Вага
Вагата е знак кој инстинктивно се стреми кон хармонија, без разлика дали станува збор за естетика, врски или расположение во просторијата. Затоа имаат извонреден дар за чувство кога нешто ви тежи многу во душата. Нема да ве бомбардираат со прашања, но ќе создадат чувство на сигурност со своето присуство, нежен тон и смирувачки зборови.
Вагите знаат како да ги пронајдат вистинските зборови за утеха, но и да понудат паметни решенија. Нивната дружељубивост и чувството за малите нешта што го прават животот поубав ги прави луѓе кои можат да го насочат вашето внимание кон убавите нешта што можеби сте ги заборавиле во виорот на одговорностите.
Лав
Лавовите се природно топли, дарежливи и самоуверени, што ги прави совршени за охрабрување на другите. Тие ќе ве потсетат на вашата вредност и нема да штедат комплименти, а во исто време ќе се обидат да ве развеселат на најкреативни начини: со музика, танцување, планови за состаноци или дури и импровизирани мотивациски говори.
Никогаш не е здодевно со Лавовите. Нивната енергија и страст за живот често се заразни, а нивната верба во вас може да биде токму она што ви треба кога се сомневате во себе. Лавовите ќе ве натераат повторно да верувате во вашите способности, на начин што е толку посебен што никогаш нема да го заборавите.
Стрелец
Стрелците се вечни авантуристи и патници, полни со приказни, знаење и хумор. Кога се чувствувате безнадежно или заглавени во рутина, Стрелците ќе ве потсетат на пошироката слика. Нивниот поглед на светот е полн со оптимизам, а нивниот ентузијазам често ги пробива дури и најтемните облаци.
Она што ги издвојува Стрелците е нивната искреност; тие никогаш нема да се преправаат дека сè е во ред, туку ќе ве потсетат дека дури и низ неволјите секогаш поминуваме низ нив со цел. Нивниот оптимизам не е плиток, туку се базира на искуство.
Забава
(Видео) Убавата актерка Сидни Свини повторно заведува во најновата реклама

Сидни Свини е една од најатрактивните актерки, а благодарение на својот изглед, таа често е тема на разни портали, иако можеби не секогаш го сака тоа.
Познатата актерка со раскошни облини, Сидни Свини, одамна се најде во центарот на вниманието, најмногу поради провокативните сцени и објави со кои нема проблем, како што истакна самата.
Откако ја раскина свршувачката, Сидни предизвика вистинска експлозија на социјалните мрежи.
Имено, Сидни направи фото-кампања за брендот за чевли HEYDUDE, и таа целосно одговори на дадената тема на кампањата.
Фотографиите беа објавени и на нејзиниот профил и на официјалниот профил на брендот, а една од оние што се истакнуваат дефинитивно е Сидни која позира на плажа во тесно боди и носи каубојска шапка.
Актерката позираше и на коњ, облечена во бел топ и кратки шорцеви, па ниту таа објава не остана незабележана.
Забава
Маж од Сан Франциско мислел дека освоил 2.000 долари, а всушност биле два милиона

Човек од Сан Франциско доживеа целосен пресврт во животот. На 5 март, Риви Зејдан одлучил да купи лото ливче за да „убие време и малку да се забавува“. Немал поим дека оваа безопасна одлука ќе му донесе профит од дури два милиони долари.
Според Калифорниската лотарија, Зејдан го купил лозот за 20 долари во продавница во близина на Union Square. На многумина им се допадна тоа што продавницата се наоѓа веднаш спроти кафулето наречено „Good Luck Café“.
„Го прочитав бројот двапати и бев убеден дека освоив 2.000 долари“, рече тој. Но, кога повторно ја погледнал хартијата, нешто го вознемирило, имало премногу нули.
„Почнав да бројам – една по една. И тогаш бев навистина шокиран“, рече тој.
Призна дека до последен момент му било тешко да поверува дека тоа навистина му се случило.
Зејдан изјавил дека парите ќе ги искористи за да си ја исплати хипотеката и додал дека оваа неочекувана добивка му донела душевен мир.