Забава
Мили Боби Браун најплатена актерка на возраст под 20 години
Мили Боби Браун, најпозната по улогата Илевен во серијата Stranger Things, е најплатената млада актерки на годината, според новиот извештај на „Вараети“.
Браун го заслужи своето место како една од најрелевантните млади ѕвезди во Холивуд. Таа направи голем исчекор благодарение на улогата Илевен во хит-серијата на „Нетфликс“ и оттогаш ја прошири својата актерска кариера, истовремено градејќи силен личен бренд.
Браун, која беше избрана за оваа улога на 12 години, не само што се појави во филмови како „Годзила против Конг“ и „Енола Холмс“, туку истражуваше и други потфати – дизајнирање облека за „Конверс“ или како модел на „Келвин Клајн“.
Таа е подготвена да продолжи да го покажува својот талент како актерка со три претстојни проекти за „Нетфликс“, вклучувајќи го и продолжението на „Енола Холмс“. А нејзиниот хонорар ја прави најплатена млада ѕвезда под 20 години.
Стримерот, наводно, ќе ѝ плати на 18-годишната актерка 10 милиони долари за да ја повтори улогата на Енола Холмс, помладата сестра на детективот Шерлох Холмс.

Браун првпат ја презеде улогата во 2020 година. Иако ѝ беше платена значителна сума, се очекува нејзиниот хонорар за продолжението на „Енола Холмс“ да влезе во историјата.
Според „Вараети“, доколу навистина добие 10 милиони долари за „Енола Холмс 2“, тоа ќе биде најголема цифра исплатена на актерка или актер помлади од 20 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

