Забава
„Мирор“: Наводната љубовница на Путин се појави во ТВ-емисија
Поранешната руска гимнастичарка Алина Кабаева (37) се појави во јавност за првпат по речиси две и пол години откако почнаа да се шират шпекулации дека очекува близнаци со претседателот Владимир Путин (68).
Поранешната гимнастичарка беше член на Путиновата партија „Единствена Русија“ и шеф на Националната медиумска група, а наводно, врската со Путин ја почнала пред 12 години.
Кабаева гостуваше во програмата на руската национална телевизија, па ги нападна судиите на Олимписките игри во Токио, кои, според нејзино мислење, ја оштетиле колешката Дина Аверина. Аверина освои сребро во ритмичка гимнастика, а Кабаева тоа го нарече неправда и го нападна настапот на освојувачот на златниот медал, Израелката Линој Ашрам, пишува британски „Мирор“, кој објави и снимка од нејзиниот настап на телевизија.
„Настапот на Дина Аверина беше совршен. За разлика од нејзиниот ривал од Израел, кој направи голема грешка. Таа грешка требаше да ѝнамали еден поен, но тие одзедоа само 0,7 поени. Со вакви грешки не се освојуваат златни медали. Беа потребни шест минути за да ѝ доделат поени. Одложувањето значи дека судиите ги броеле бодовите и не сакале Аверина да ја победи израелската гимнастичарка“, тврди Кабаева.
Путин беше во брак со Људмила Путин, со која има две ќерки, Марија и Екатерина. Пред седум години, тие се разведоа по 30 години брак.
Кабаева е олимписка победничка во 2004 година во Атина, а во Сиднеј во 2000 година освои бронзен медал. Таа се повлече од гимнастика во 2005 година, а потоа помина осум години во рускиот парламент. Беше и член на партијата на Путин.
Иако нејзиниот портпарол рече дека нема коментар, медиумите во април 2019 година дознаа дека четвртиот ВИП-кат на Медицинскиот центар Кулаков во Москва тогаш бил затворен. Сторијата за тоа дека Кабаева се породила беше објавена во веб-изданието на весникот „Московски Комсомолец“, но кратко потоа целиот напис беше избришан. Сепак, некои независни новинари јавија дека Кабаева се породила со царски рез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

