Забава
Мис нa Англија ја симна круната и се врати на својата лекарска професија
Мис на Англија за 2019 година, Баша Мукерје (24), реши да се врати на својата лекарска работа поради состојбата со коронавирусот и смртта на повеќе од 3.000 луѓе за еден ден во Велика Британија.
Баша требаше да посети повеќе земји како амбасадорка на својата земја и да продолжи со хуманитарната работа до август годинава, кога ќе ја предаде круната на својата наследничка.
Кога започнала пандемијата на коронавирусот, Баша била во Индија каде што е родена, а нејзините родители се преселиле во Велика Британија кога имала девет години.
На мисицата ѝ се јавувале колегите од англиската болница во која работела и и зборувале за тоа колку е тешка ситуацијата во Велика Британија.
Поради тоа, Баша решила да им се јави на шефовите од нејзиното поранешно работно место и побарала да се врати на својата лекарска работа.
Мисицата посочува дека е погрешно да се носи круна во ова време, било да е тоа за добротворни цели, додека во исто време, луѓето од целиот свет умираат од коронавирусот и нејзините колеги се растргани од работа.
„Сакам да се вратам дома, сакам да се вратам на работа. Затоа се стекнав со диплома и кога подобро можам да го искористам тоа знаење отколку сега. Знам дека можам да помогнам“, објасни таа.
Баша се врати во Лондон минатата среда и мора да биде во изолација две недели пред да се врати на работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Северина објави видео од нејзината мајка Ана во Арена Загреб: „Уште сум твоето мало девојче“
Северина објави видео од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерта во Арена Загреб. Таа ја посвети песната „Далматинка“ на својата мајка, која пееше заедно со својата ќерка од трибините, заедно со еден пријател.
„[На мајка ми] јас бев твоето мало девојче… и сѐ уште сум“, напиша Северина покрај видеото.
„Толку сум среќна што синоќа го забележав овој момент на гордата мајка на Северина што не можам да ви опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во приватниот живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена која неколку моменти претходно ѝ ја посвети оваа песна. Трогателен момент“, напиша претходно Ника Паиќ, авторката на снимката.
фото: принтскрин
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.

