Забава
Мишел Јо: Откако го победив во борба, Џеки Чен повеќе не мисли дека жените треба да бидат во кујна наместо во акциони филмови
Џеки Чен можеби е голема акциона sвезда која остави свој белег и во азиската кинематографија и во Холивуд, но тој порано мислел дека на жените не им е место во акциони филмови.
Актерката и боречки уметник Мишел Јо е личноста која го натерала да го смени мислењето.
Во интервју за „Гардијан“, познатата актерка и експерт за боречки вештини открива дека Џеки сметал дека на жените местото им е во кујната и не треба да глумат во акциони филмови. Ваквиот став го имал сè додека „кунг фу божицата“ (термин кој „Гардијан“ ѝ го припишува на Мишел во нивното интервју) не го победила во борба.

Не бил само ставот на Џеки со кој Мишел морала да се соочи во раните 1980–ти кога тренирала акробации. Таа, исто така, се соочувала со омаловажувачки ставови од каскадерите во вежбалница во Хонгконг каде што редовно вежбала.
„Ми се потсмеваа со вкрстени раце: oва малo суштество сака да го направи сето ова? Но, јас ги следев како се движат. Бев во таа сала од 8:30 часот наутро до зајдисонце секој ден“, изјави 59-годишната ветеранка за британскиот весник.
Кога ја започна својата актерска кариера во акциони и филмови со боречки вештини, Мишел ги снимала повеќето опасни сцени и акробации без каскадери.
„Излезгувате и го правите она што треба да го направите“, вели таа.
Нејзината работа на филмот Yes, Madam од 1986 година беше посебно забалежителна по сцената кога лета во воздух и се пробива низ стакло.Во друга акробација, таа виси наопаку додека ги заглавува нозете на оградата од балконот, и во брзо вртење ги крши стаклените панели (со задниот дел од главата) и ги исфрла непријателите.
„Еден потег! ” рече таа за „Гардијан“, а потоа додаде: „Фала му на Бога што беше само еден.“
Уште еден трик што беше посочен. Сцена каде што таа изведува скок со мотор врз воз во движење во филмот Supercop или Police Story 3 oд 1992 година. Патем, во тој филм глумеше со Џеки.

Мишел, родена во Малезија, првично сакала да биде балерина и решила да студира на Кралската академија за танц во Лондон. За жал, таа се здобила со повреда на грбот на 16 години и нејзините надежи за балетска кариера се угасиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

