Контакт

Забава

Мишо Ковач позитивен на коронавирус

Објавено пред

Легендарниот пејач од Хрватска Мишо Ковач е позитивен на коронавирус, објавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Позитивни на вирусот се и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана.

Пред неколку недели Ковач бил хоспитализиран во болница во Сплит поради воспаление на белите дробови и висока температура. По завршеното лекување, тој бил пуштен дома.

Но, здравствената состојба нагло му се влошила. Пред неколку дена бил пренесен во болница, каде што добил кислородна поддршка. „Слободна Далмација“ од извори блиски до пејачот дознава дека Ковач во втоникот бил пуштен на домашна нега.

Моментално е со сопругата и ќерката во изнајмена куќа во Строжанац, недалеку од Сплит.

Забава

Организаторите на венчавката на Безос: Добивме јасни инструкции, не смееме никого да вознемируваме

Објавено пред

Во пресрет на раскошната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез, која ќе се одржи следната недела во Венеција, парот се најде на мета на критики од дел од италијанската јавност. Но, организаторите на настанот, компанијата Lanza & Baucina Limited, издадоа соопштение во кое тврдат дека Безос и Санчез инсистирале да ја почитуваат Венеција, нејзините жители и локалната заедница уште од самиот почеток на планирањето на свадбата.

dobivaj vesti na viber

Lanza & Baucina, основана од принцот Антонио Ликата ди Баучина и грофот Рикардо Ланза, е позната по организирањето на големи свадби на познати личности, вклучувајќи ги и оние на Џорџ и Амал Клуни и Селма Хајек и Франсоа-Анри Пино. Тие во изјава за медиумите наведуваат дека Безос и Санчез им дале јасни упатства дека венчавката не треба да се меша во секојдневниот живот во Венеција.

„Од самиот почеток, инструкциите на нашите клиенти, како и нашите сопствени принципи, беа крајно јасни: минимизирајте го секое нарушување на градот, покажете почит кон неговите жители и институции и вклучете го локалното население колку што е можно повеќе во организацијата на настаните“, се вели во соопштението на Lanza & Baucina.

Свадбата се одржува во текот на три дена, а на листата на гости се најпознатите светски имиња, меѓу кои Опра Винфри, Леонардо ди Каприо, Ким Кардашијан, Бил Гејтс, Барбра Стрејсенд и Иванка Трамп.

Од друга страна, венецијанските демонстранти се собраа под слоганот „Нема место за Безос“ поставија плакати низ градот со пораки како „Венеција: Игралиште за олигарсите“ и најавија блокади на канали и улици. Протестите се поврзани со долгогодишното незадоволство од прекумерниот туризам, капитализмот и товарот на градот од настани од висок профил.

И покрај тоа, венецијанскиот градоначалник Луиџи Бруњаро изјави дека соработува со организаторите и верува дека венчавката ќе има мултимилионски ефект врз локалната економија.

„Работиме заедно со организаторите за да се осигураме дека настанот е целосно во согласност со чувствителноста и уникатноста на Венеција“, рече Бруњаро.

„Секој што ја сака Венеција е секогаш добредојден“, додаде тој.

Организаторите нагласуваат дека влијанието на настанот се размислувало со месеци однапред, многу пред да се појават вестите за протестите.

„Пред да се појават вестите за протестите, работевме да се осигураме дека свадбата ќе има што помало негативно влијание или нарушување на животот на граѓаните на Венеција и нејзините посетители“, рече организаторот.

Тие исто така додаваат дека нивните клиенти од самиот почеток биле вклучени во поддршката на градот и неговата лагуна преку непрофитни иницијативи и сродни проекти.

Според Page Six, Безос и Санчез донирале средства на локалните венецијански организации во април како дел од нивното планирање на свадбата. Во чест на гостите се испраќаат и донации, како симболичен подарок.

Во соопштението испратено до локалните медиуми на 19 јуни, организаторите цврсто ги негираат гласините дека Безос и Санчез ја резервирале целата градска флота на воден транспорт.

„Гласините за „заземање на градот“ се целосно неточни и спротивни на нашите цели и реалност. Ниту, пак, се нарача прекумерно количество водени такси или гондоли – бројот на резервации е пропорционален на бројот на гости“, велат од Lanza & Baucin.

Овие тврдења ги потврдија и градските власти, посочувајќи дека парот не резервирал голем број гондоли или невообичаено голем број водени такси. И покрај несогласувањата во јавноста, организаторите и властите работат заедно за настанот да се одвива мирно и без нарушување на секојдневниот живот во градот.

Прикажи повеќе...

Забава

Џони Деп отворено зборуваше за врската со Амбер Херд и мотивот за тужбата: „Отиде предалеку“

Објавено пред

Aктерот Џони Деп дава ретки изјави за турбулентниот однос со Амбер Херд и судењето кое со месеци беше на насловните страници низ светот. Во интервју за „Д сандеј тајмс“, тој отворено зборуваше за причините поради кои одлучил да ја претстави својата страна од приказната.

dobivaj vesti na viber

„Видете, отиде предалеку. Знаев дека ќе морам делумно да се ‘разголам’. Сите велеа: ‘Ќе помине!’ Што точно ќе помине? Ако не се обидам да ја претставам вистината, ќе изгледа дека навистина сум ги направил делата за кои сум обвинет. И моите деца ќе мора да живеат со тоа. Нивните деца. Децата што ги запознав во болниците. Затоа не се чувствував нервозен ноќта пред судењето во Вирџинија. Ако не треба да го запаметите текстот, ако само ја кажувате вистината, фрлете ја коцката“, додаде тој.

Деп потоа рече: „Знаев дека ништо од тоа нема да биде лесно, но не ми беше грижа. Ќе се борам до крај“.

Актерот се осврна и на врската со Амбер Херд.

„Ако сте будала како мене, понекогаш гледате во нечии очи и ќе забележите некоја тага, одредена осаменост – и чувствувате дека можете да и помогнете на таа личност“, рече тој.

„Но, ниту едно добро дело не останува неказнето затоа што има луѓе кои кога ќе се обидете да ги сакате и да им помогнете, почнуваат да ви покажуваат точно каква е таа непријатност, таа вознемиреност што сте ја виделе во нивните очи. Таа почнува да се манифестира на други начини“, изјави Деп.

Џони Деп и Амбер Херд се запознаа во 2009 година на снимањето на The Rum Diary, а нивната врска почна кон крајот на 2011 или почетокот на 2012. Тие се верија во јануари 2014 година, а се венчаа во февруари 2015. Се разделија во 2016 година, но тогаш започна вистинската драма.

Откако Херд напиша колумна за Вашингтон пост во 2018 година во која таа се претстави како жртва на семејно насилство, Деп ја тужеше за клевета во 2019 година, иако тој не беше директно именуван во написот. Рече дека нејзините тврдења се „категорично и демонстративно лажни“.

Херд поднесе тужба за 100 милиони долари. Судењето се одржа во 2022 година и заврши со пресуда на поротата во корист на Деп – тие му доделија отштета од 10,35 милиони долари, додека Херд доби 2 милиони долари за една од нејзините противтужби.

Прикажи повеќе...

Забава

Кики Лесендриќ и легендарните „Пилоти“ доаѓаат на десеттиот Мото фест во Свети Николе

Објавено пред

Десеттата јубилејна моторијада во Свети Николе носи едно од најпрепознатливите екс-ју рок имиња- „Пилоти“ и Кики Лесендриќ.

dobivaj vesti na viber

Овогодишното издание ќе се одржи во Новиот Градски Парк следната сабота, на 28 јуни во 21.30 часот.

Мото фестот со секоја година се’ повеќе станува заштитен знак на овој град во источна Македонија. Станува збор за настан кој собира илјадници посетители на добра забава со познати музички бендови од балканските простори, незаборавно дружење за моторџиите и уживање во добро пиво. Влезот е бесплатен.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Скопјанец ја истепал 4-годишната ќерка кога се качила на креветот за да ги земе играчките, има набиеница на главата, се бара притвор

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување телесна повреда врз четиригодишната ќерка. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради...

Свет3 часа

Иран: Ние претрпевме штета, но нашето нуклеарно знаење не може да биде уништено

По американските напади во неделата, Иран смета дека неговото знаење во нуклеарната технологија не може да биде уништено. „Треба да...

Македонија5 часа

Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и...

Македонија7 часа

12 отсто од вработените на Клинички ќе паркираат на пет минути пеш за да им се олесни пристапот на пациентите, најави Алиу

Триста вработени од вкупно 2.500 на Клиничкиот центар Мајка Тереза од 1 јули ќе можат да ги паркираат своите возила...

Топ8 часа

Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе. Според информациите од...

Македонија12 часа

Инжинери на Македонија: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет12 часа

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија23 часа

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ1 ден

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија1 ден

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија1 ден

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија1 ден

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија1 ден

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...

Македонија1 ден

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час...

Свет1 ден

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна...

Македонија2 дена

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ2 дена

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија2 дена

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија2 дена

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...