Забава
Многумина не слушнале за овој човек иако се појавил во стотина филмови
Американските шоу-биз медиуми го опишуваат како актер кај кого Холивуд оди за мала дополнителна помош.
Го избраа Стивен Спилберг и Дејвид Финчер, а ги преживеа ходниците на „Гли“. Но, Џеси Хејмен, најбараниот статист во светот, никогаш не проговорил во ниту еден филм.
Неговите заслуги вклучуваат улоги во оскаровецот „Социјална мрежа“ и тинејџерскиот „Американска пита“. Се појави и во „Фати ме ако можеш“ во режија на Спилберг, како и во музичката ТВ-серија „Гли“.
Џеси Хејмен, името за кое веројатно никогаш не сте слушнале, но дефинитивно сте го виделе неговото лице, е најпознатиот статист во Холивуд, најмногу во класични комедии, а славата ја стекна во раните 2000-ти.
Тој е актер во заднина, еден од легиите изведувачи платени со минимална плата за да демнат во заднината на некои од најголемите филмови.
По повеќе од 100 ангажмани во филмови, Хејмен е прогласен за најдобриот статист на светот.
Во филмовите тој има разни заднински ликови заедно со познати актери, како Џејсон Бигс, Рајан Рејнолдс и Тоби Мегваер. Порано најчесто ги добиваше улогите на средношколец, а се појавуваше и во серии, како The Big Bang Theory, It’s Always Sunny in Philadelphia, S.W.A.T. и Criminal Minds.
Денес, иако има 44 години, сѐ уште работи како статист, но има и друга работа.
Кога не е статист, Хејмен е таксист, во што вели дека многу ужива и е добар извор на приход. Луѓето понекогаш дури и го препознаваат. „Понекогаш ме препознаваат на улица, во трговски центар или во кино. Кога возам такси, луѓето ме прашуваат: еј, дали си тој човек од тој и тој филм. Како и да е, не ми пречи што ме препознаваат“, рече тој во една пригода.
Хејмен се појавува и во „Спајдермен“, каде што глуми шокиран средношколец. Додека Питер Паркер го малтретираат на училиште, тој ја користи моќта на Спајдермен. Тука се појавува со големата симпатија на Питер, Мери Џејн (Кирстен Данст).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.
Забава
По 20 години, Аврил Лавињ проговори за теоријата на заговор дека ангажирала двојничка: „Тоа ми е многу глупаво“
Аврил Лавињ неодамна зборуваше за митот што ја следи со години, а се работи за тоа дека на врвот на кариерата решила да ангажира двојничка по име Мелиса.
Во средината на 2003 година се појавија шпекулации дека панкерката решила да ја ангажира Мелиса по албумот Let Go и од оваа гледна точка ѝ е смешно.
„Мислам, едноставно, смешно ми е. Од една страна, некои велат: „О, боже, изгледаш потполно исто. Не си остарела ни ден“, а потоа други луѓе велат дека постои теорија на заговор дека тоа не сум јас“, рече Аврил додавајќи дека тоа е глупост.
View this post on Instagram
Сепак, таа не сакаше да прави драма за ова, а на сѐ гледаше од попозитивна страна.
„Искрено, не е толку лошо. Можеше да биде и полошо, нели? Мислам дека добив добра реклама. Не го гледам како нешто негативно. Не е ништо страшно“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.
Оваа бизарна теорија се појавила на почетокот на овој век, а причината била наведена дека Аврил била исцрпена поради славата и популарноста. Некои отидоа и чекор подалеку и мислат дека пејачката починала меѓу албумите Let Go од 2002 година и Under My Skin од 2004 година, а потоа ја замениле со Мелиса.
Теоретичарите на заговор повторно ја почнаа оваа тема пред неколку години на „Твитер“ во тоа време (сега X) и сакаа да ја поддржат оваа тема со докази засновани на промената во нејзиниот изглед со текот на годините, како и тетоважата, која изгледаше како да пишува Мелиса.