Контакт

Бизарно

Модел добива смртни закани поради густите веѓи

Објавено пред

Моделот Софија Хаџипантелис (22) секојдневно добива смртни закани на „Инстаграм“ поради своите густи и споени веѓи. Моделот е од Кипар, а се преселила во Лондон со надеж дека ќе го оствари својот сон да стане ова што е сега.

dobivaj vesti na viber

„Ги средувам веѓите, природно ми се темни, но не толку, малку ги потемнувам“, објасни Софија, која не се надеваше на успех поради густите веѓи. На „Инстаграм“ ја следат повеќе од 300.000 луѓе на кои им се допаѓа нејзиниот изглед.

Нејзината мајка е вработена во модната индустрија и таа од малечка ја учеше дека негувањето на веѓите е многу важно, но Софија во одреден момент одлучи да престане да ги кубе веѓите. Дури ѝ даде име на едната од своите веѓи и ја нарече Вероника.

„Јас сум природна русокоса, а сосем случајно ги нијансирав веѓите во 2014 година и веднаш ми се допадна впечатливиот изглед“, рече Софија. Таа добива секакви пораки, од понуди за брак до смртни закани. Но, како што вели, од она што ѝ го зборуваат другите ништо не допира до неа.

„Никогаш не ја градев својата самодоверба врз основа на тоа како другите ме гледаат. Во училиште ме малтретираа поради облеката и родителите, кои беа имигранти и не зборувавме англиски“, рече Софија.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

(Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми

Автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа бил опкружен од околу 500 луѓе кога тој пристигнал на настан во покраината Канар,...

Европа1 час

Путин: Украинците се повлекуваат на целата фронтова линија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили во 2025 година зазеле речиси 5.000 квадратни километри територија во Украина и...

Европа1 час

Мелони: Пријавена сум во Меѓународниот кривичен суд за соучество во геноцид

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера изјави дека таа и двајца министри се пријавени во Меѓународниот кривичен суд за наводно соучество...

Свет1 час

Нетанјаху: Ќе продолжиме да ги постигнуваме сите воени цели, Газа повеќе нема да биде закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера вечер им вети на Израелците дека ќе ги постигне сите цели на војната против Хамас...

Европа2 часа

Путин: Се докажа дека бевме во право во февруари 2022 година

Желбата на луѓето од Донбас и Новорусија да ја поврзат својата иднина со Русија докажа дека одлуките донесени во февруари...

Македонија10 часа

Тошковски: Нема да поднесам оставка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот „Фејсбук“ профил реагира соопштението на СДСМ во кое се бара негова оставка....

Македонија14 часа

Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор...

Македонија15 часа

Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто. „Во однос на настанот...

Македонија15 часа

Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано...

Македонија16 часа

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство...

Топ19 часа

Татко ги допирал по телата неговите 16-годишни ќерки во Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело...

Македонија20 часа

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница

Од наредната година, првиот извод на бебето родителите ќе го добиваат во болница, најавија Владата и Министерството за дигитална трансформација....

Македонија21 час

Македонија од денес и официјално дел од СЕПА: полесни и побрзи плаќања во евра

Министерството за европски прашања информира дека од денес, 7 октомври 2025 година, Република Северна Македонија официјално започнува со примена на...

Топ21 час

Две Италијанки уапсени на Табановце, кај нив се пронајдени семки од канабис, ЛСД, кесичка со суви печурки

Вчера во 20:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода 33-годишните Џ.П....

Топ21 час

Уапсен маж од скопско Мирковци, фатен како краде нафта од училиште

Вчера во 21:25 часот полициски службеници од СВР Скопје поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 236 од Кривичниот...

Топ22 часа

Полициска потера на патот Скопје – Велес: испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Вчера во близина на населбата Нова Колонија полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР...

Европа1 ден

Орбан: Зеленски ја користи својата вообичаена тактика, но унгарскиот народ одлучи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за „користење на неговата вообичаена тактика на морална уцена“. „Се...

Европа1 ден

(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Грета е луда, треба да оди на лекар

Американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други пропалестински активисти...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Цинизам и хипокризија е да барате од некого да биде отпорен на трети влијанија, оставајќи го пред портите на Европската Унија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на годинешната средба на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, којашто се одржа во Драч,...