Забава
Модниот бунтовник од 60-тите: неколку работи по кои ќе го паметиме неповторливиот Пако Рабан
Пако Рабан, шпанскиот дизајнер кој ги постави темелите на модната авангарда, почина на 88-годишна возраст, а ќе остане запаметен по своите уникатни ексцентрични креации и култни парфеми, кои оставија длабока трага во светот на модата и убавината.
Рабан побегнал со мајка си во Франција кога избила граѓанската војна, а во средината на 50-тите, додека студирал архитектура во Париз, заработувал за живот изработувајќи накит за „Диор“, „Баленсијага“ и за „Живанши“ и скици за чевли за Шарл Журдан.
Пако Рабан, еnfant terrible на француската модна сцена, беше познат по визионерските креации што беа далеку понапред од своето време во 60-тите.
Човекот што го измисли модниот футуризам успеа да го промени светот на модата со воведување сосема нови и необични материјали во своите креации и со тоа ги постави темелите на модната авангарда.

Медиумите издвоија неколку работи со кои легендарниот шпански дизајнер ги помести границите на модата.
Експлозивно модно деби
На возраст од 30 години Рабан ги претстави своите први креации, а две години подоцна, во 1966 година, ја претстави својата прва колекција, провокативно наречена „12 неносливи фустани од модерни материјали“. Неговата прва модна ревија ги сруши тогашните модни конвенции со тоа што користеше музика и на модните писти донесе Афроамериканки како манекенки.

Креациите беа направени од хартија, пластика и метал споени со жица и лепак, а фустаните повеќе откриваа отколку што скриваа. Во едно интервју говореше за духот на таа ера, кој му послужи како инспирација за креациите: „Во Франција во 60-тите имаше движење за слобода на жените, исто како и во Америка… Тоа беше време кога жените станаа воини со цел да ја изразат желбата за еманципација. Оклопот беше речиси неопходен.“
Парфеми
Во 1979 година дизајнерот го лансира Métal, парфем за „млади жени што сакаат метални додатоци“, а во 1968 година шпанската групација PUIG ја купи лиценцата за парфемите Paco Rabanne и продолжи да лансира незаборавни мириси почнувајќи од Calandre, одважен мирис кој ги предизвика традициите на светот на парфемите.
Оттогаш производството не запре, а од година на година се лансираа нови производи вклучувајќи го и култниот 1 Million, кој влезе во историјата како најпознат и најпродаван машки парфем во светот.
Најубавите жени на светот во негови креации
Брижит Бардо носеше негова креација во спотот за песната „Контакт“, а во негови фустани се појавија Мина и Одри Хепберн. Но, ако постои ѕвезда што навистина влезе во историјата како култно лице на неговиот бренд, тоа е сигурно Џејн Фонда со футуристичките костими во филмот „Барбарела“ од 1968 година.

Во совршена хармонија со одважниот тон на филмот, Пако Рабан за Џејн Фонда создаде металик-креација, тесен комбинезон, боди со апликации од плексиглас, сребрена јакна во стил на астронаут. Изгледот беше инспириран од слетувањето на човекот на Месечината, а со него No suggestions сосема нов тренд во модата, познат како вселенска ера.
Култна чанта
Добро познат факт е дека Коко Шанел не беше обожавателка на Рабан до тој степен што со погрден тон го нарекуваше „металург“. Неговата култна чанта Le 1969 се роди како шеговит одговор на овој зајадлив прекар, но не застана тука.

Имено, во тоа време Шанел работела на чанта со рачка од синџир, а како одговор Рабан решил исто така да користи синџир-рачка. Но, наместо позлатени алки, тој се одлучил за синџир што се користи за влечење цистерна.
Дизајнерот, всушност, немаше желба да создава облека за носење. „Креацијата мора да шокира,“ велеше тој. Неговата генијална идеја постигна успех многу бргу. Брижит Бардо и Франсоаз Харди ја носеа култната чанта, а и денес, повеќе од 50 години подоцна, сè уште е еден од најбараните модни додатоци.
Y2K-мода на негов начин
Рабан се снајде многу добро во Y2K-ерата, што за неговиот бренд значеше интересна мешавина од светкави мини здолништа, бикини направени од синџири, ПВЦ-фустани.

Една од неговите најнезаборавни креации од оваа ера е блескавиот сребрен фустан, кој лежерно го носеше Каролина Куркова на врвот на својата слава.
Восочни кукли беа користени за презентирање на неговата колекција фустани од хартија во 1973 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

