Контакт

Забава

„Можете да ги имате сите пари на светот, но не можете да купите стил“: Георгина Родригез повторно критикувана

Објавено пред

Георгина Родригез, партнерка на фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, често привлекува внимание поради нејзиниот моден избор – за жал, повеќе поради грешки отколку софистицираност. И покрај тоа што поседува гардероба вредна милиони и го носи најскапиот накит, се чини дека луксузот не може да го сокрие нејзиниот недостаток на стил.

dobivaj vesti na viber

Неодамнешната објава на Инстаграм повторно предизвика лавина од коментари. На фотографиите од приватен авион, Георгина гордо позирала во лежерна тренерка, додека нејзините раце, врат и уши биле обложени со дијаманти и рубини. Таа носеше часовник Chopard ‘Heure Du Diamant’, вреден речиси 400.000 евра, а на истата рака носеше и Apple Watch од 700 долари. Оваа комбинација предизвика различни реакции – додека едни го пофалија нејзиното богатство, други се прашуваа каде е стилот во сето ова.

„Носите дијамантски часовник и Apple Watch за броење чекори? Георгина, ова е дефиницијата за лош вкус“, гласи еден коментар.

Познато е дека Георгина сега сака луксузни брендови и скапи парчиња, но многумина веруваат дека не знае како да ги искомбинира. Нејзината опседнатост со скап накит, како рубин комплетот што го носи со лежерни комбинации, зборува за нејзината желба да го покажува богатството по секоја цена. Сепак, експертите тврдат дека токму ваквиот избор го прави да изгледа невкусно.

„Можете да ги имате сите пари на светот, но не можете да купите стил“, заклучил еден корисник. Други додадоа дека Георгина, и покрај целото нејзино богатство, изгледа премногу кич: „Кристијано го носи тимот на грб, а ти го носиш целиот тој накит“.

Нејзините модни избори често изгледаат случајни и неусогласени. Појавувањето во скапа тренерка и комбинирањето со комплет накит од рубин можеби е начин на Георгина да ја покаже својата моќ, но за модната јавност тоа е уште еден неуспех.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Никол Кидман не крие дека е скршена по разводот: „Ќе го преболам тоа колку и да е болно“

Објавено пред

Познатата актерка Никол Кидман и музичарот Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак. Како што изјавија извори за странски медиуми, двојката живее одвоено веќе некое време, а се шпекулира и дека Урбан има нова девојка.

dobivaj vesti na viber

Никол неодамна се појави со своите ќерки на црвениот тепих и покажа нова фризура, „одмазднички“ шишки како што многумина ги нарекоа, а сега во едно интервју зборуваше за чувствата и мислите што доаѓаат со возраста.

„Најдобриот дел се искуствата што сте ги акумулирале. Помислете како сте биле таму порано и дека знаете како да се справите со тоа или можеби не, но јас доживеав нешто слично и знам дека ќе го пребродам“, изјави таа за Харперс Базар.

И покрај сè, нејзините деца ѝ даваат најголема сила и Никол секогаш го нагласува ова, без разлика колку се болни некои работи.

„Има нешто посебно во сознанието дека без разлика колку е болно, тешко или разорно нешто, постои начин да се надмине. Ќе мора да го почувствувате тоа и понекогаш ќе ви изгледа непремостливо. Се чувствувате скршено, но ако се движите нежно и бавно, ќе помине иако можеби ќе потрае некое време“, беше искрена актерката.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Сопругата на Клуни е вистинска убавица: не е ни чудо што ја изгуби главата по неа

Објавено пред

Кога станува збор за чист гламур, Амал Клуни е синоним за овој моден израз. Нејзините фустани зрачат со чиста елеганција, минималистички крој, а таа често флертува со специфични материјали.

dobivaj vesti na viber

Неодамна таа блесна на премиерата на филмот „Џеј Кели“ во Лондон, па дури ни нејзиниот сопруг – познатиот Џорџ Клуни – не беше имун на оваа сцена.

Имено, Амал прошета по црвениот тепих во розов фустан дизајниран од познатата модна дизајнерка Тамара Ралф. Фустанот е украсен со розови светки на горниот дел, додека долниот дел е исполнет со реси.

Фустанот е малку тесен, па затоа ја нагласува витката фигура на Амал. За да го комплетира овој стил кој зрачи со стар холивудски гламур, таа додаде пердувеста наметка во пудра розова боја.

Таа ја стилизираше косата на вообичаениот начин – се одлучи за меки бранови, а за шминка носеше нежни тонови кои ја нагласуваа нејзината природна убавина.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Поради Кејт Мидлтон, жените полудеа по една боја

Објавено пред

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се појави на добротворен настан и во таа пригода привлече внимание на себе со својот моден избор исто како што секогаш прави кога станува збор за нејзините комбинации.

dobivaj vesti na viber

Откога оваа есен ја добивме маслинесто-зелената како кралица на сезоната меѓу боите, принцезата одлучи да го следи тој тренд.

Беспрекорната Кејт прошета во маслинесто-зелена боја од глава до петици. Таа избра комбинација од Викторија Бекам и покажа дека суптилноста и елеганцијата дефинитивно ѝ припаѓаат само на неа. Струкираното сако и правите панталони во комбинација со маица во истата нијанса ја покажаа целата моќ на еднобојното издание.

Со оглед на пригодата, но и стилот на принцезата, овој пат таа не претеруваше со деталите, па носеше едноставно синџирче и прстен, а косата ја стилизира во меки бранови.

Иако не е прв пат Кејт да избере нешто од колекцијата на Викторија Бекам, секогаш сме воодушевени од начинот на кој го претставува.

Суптилно и внимателно се чини дека е нејзиното мото, а по сите овие години, би се рекло дека не треба да го менува.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија4 часа

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ4 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија8 часа

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија8 часа

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија10 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија10 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија11 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија12 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија13 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет13 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет13 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија15 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија15 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа15 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет16 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет17 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет17 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа17 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет17 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...