Забава
Можно помирување меѓу Хари и Вилијам, кој го направи првиот чекор?
Вилијам и Хари, наводно, се зближиле по смртта на нивната баба.
Кој од двајцата браќа му пришол на другиот?
Два дена по смртта на кралицата, Вилијам и Хари се појавија заедно за прв пат од 2020 година. Ненајавеното појавување пријатно изненади многу фанови на кралското семејство.
Двајцата браќа, заедно со Кејт и Меган, излегоа да ги погледнат цвеќињата надвор од замокот Виндзор и да се поврзаа со своите ожалостени фанови.

Според „Тајмс“, Вилијам бил тој што предложил со Хари да се појават заедно пред замокот. Принцот Вилијам му пријде на принцот Хари по смртта на кралицата. Весникот го цитира портпаролот на палатата: „Принцот од Велс сметаше дека тоа е важно покажување на единство во неверојатно тежок момент за семејството.“
Анонимен извор, исто така, изјави за „Дејли мејл“ дека Вилијам му испратил порака на својот помлад брат, предлагајќи одредено време за нивното појавување заедно. Хари се согласил со идејата на Вилијам.
„Тоа се случи многу брзо – навистина извонредно со оглед на тоа што не се видоа во Шкотска“, рече инсајдерот. Дали смртта на кралицата и времето што Хари и Вилијам го поминаа заедно во Англија ќе доведе до помирување на долг рок, останува да се види.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

