Забава
Мозокот на починатата плејбој-зајачица ќе ѝ се донира на науката
Плејбој-моделот и поранешна американска борачка, Ешли Масаро, трагично почина минатиот четврток во својата куќа во Њујорк на возраст од 39 години.
Нејзиниот мозок ќе им се донира на невронаучниците, кои ќе истражат дали Ешли страдала од хронична трауматска енцефалопатија (ЦТЕ), која може да се дијагностицира само по смртта. Масаро заедно со 60 други професионални борачи ја тужеше борачката организација WWE во 2016 година обвинувајќи ја за невролошки проблеми предизвикани во рингот од чести удари на главата и прикривање потенцијални опасности.
Тужбата беше одбиена од страна на судијата на Конектикат, а беше поднесена жалба за која треба да се одлучи до 8 јули.
Во својот дел од тужбата Масаро изјави дека претрпела многубројни повреди и неколку потреси на мозокот и рече дека WWE не ги подготвувала добро за борбата ниту, пак, обезбедувала соодветна грижа по повредите, пишува „Њујорк пост“.

Затоа, важно е да се испита нејзиниот мозок, вели адвокатот што ја претставуваше во тужбата, Константин Кирос, и додава дека на уште шест борачи што ги застапувал им бил дијагностициран ЦТЕ по смртта.
Кирос побара дозвола за донирање на мозокот од мајка ѝ и од сестра ѝ.
„Тие беа малку вознемирени, но тоа беше желба на Ешли“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

